Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга Кајгана,
Пред некој ден со татко ми гледаме вести и даваат известување дека конечно сме ја имале и првата жена оџачар во Македонија. И му викам на татко ми, чим оџачар станала, сигурно е со факултет. И женава почнува да збори и само под неа поминува лента со нејзиното име и презиме и пишува ,,Прва жена оџачар. Дипломиран архитект" :гик:
 
Многу е кул страницата Чаирска романтика на фб.Го прикажува убавиот маалски живот без предрасуди и националистички навреди.Еве ви линк сами да се уверити
https://www.facebook.com/Чаирска-романтика-434028203615212/

Навистина е убава тишината во Чаир кога албанциве сите се збираат да вечераат за празникот. Одиш по пат и ништо не се слуша, парковите празни, улиците уште попразни, продавниците затворени, детската џева ја нема... тие 30 минути додека вечераат се нешто неописливо,

^___^
 
Уште 20 дена. Ноќите се најтешки. Секоја минута избројана. Секоја минута. Ќе издржам. Но, се надевам ова нема да остави печат на мене.
 
Месец дена снимавме долгометражен филм и сето тоа време бев надвор од сите случувања затоа што 15 часа работно време е премногу за да направиш нешто друго, а особено кога филмот има доста ноќни сцени и снимаш по цели ноќи.
Ми се случија многу работи и од сите ќе се опоравам, но нема да ја заборавам последната ноќ на снимање кога снимавме сцена со вечера во двор од куќа и поставивме огромен рефлектор на патот за Канео, некаде 40 метри воздушна висина од куќата во која што снимавме затоа што така се прави лажна месечина на филм, се добива подобра светлина за снимање и таа светлина може да се контролира. Не знам како испадна, но требаше да им помогнам на колегите од сектор светло и да постојам до рефлекторот додека одат да приклучат друго светло подалеку. Седев подолго време, беше околу полноќ и бев исцрпен ама ме држеше чувството дека тоа е последна ноќ на снимање, онаа возбуда кога стигнуваш до целта (може нешто слично е и претрчан маратон). Наеднаш на патот поминува еден младич и слуша музика на телефонот, а дотогаш жива душа не помина (а кој би, на Канео во 12 навечер во безвезе студена ноќ). И ми беше досадно пошо го прескролав цел интернет, и кога младичот помина пред мене и ме погледна, му реков здраво, од култура или од навика, поим немам. И тој ми рече здраво, и продолжи да оди, и после се врати и ми вика - И ти шеташ вака сам како мене? Нешто тешко ти е?
Не бе му викам, на работа сум, еве местиме рефлектор, вака се прави лажна месечина во филм...

И младичот се озари во лицето, се насмеа, почна да ме прашува повеќе за филмот, и јас му објаснував и првпат се слушав себеси како објаснувам што значи тоа филм за мене и како го доживувам. Па тој седна до мене и ми рече дека му било многу тешко и дека излегол да се прошета сам, дека му е преку кур од се и ништо не го прави среќен.
Како бе така, му викам, а помлад од мене, само некако тажно ми рече - мислам дека можам да постигнам повеќе во животот, а не знам кој пат да го одберам. Не ми фали ништо, само сум несреќен онака.

Не знаев што да му речам. Во џебовите имав лижавчиња од кока кола пошо ги делевме на снимање како дилери, и споделив едно со него и гледав во езерото и вистинската месечина на небото и нашата месечина и ги споредував, и тој ме праша дали знам нешто за животот и што можам да го советувам.
- Не знам ништо, му реков и не сум сигурен дали го излажав, али што можам да му кажам на некој, ниту сум Ник Вујичич ниту сум Паоло Коелјо и не треба да е моја работа да кажам некому како треба да се живее.
И тој остана така и ми раскажа се за неговиот живот, за девојките што ги сакал, другарите, за родителите и студирањата во друг град и јас само го слушав и потоа тој стана и ми рече дека тоа што ме сретнал мене било најубавото нешто што му се случило тој ден, и да не ме сретнел којзнае што ќе направел таа ноќ.

Потоа ми кажа како се вика и каде живее во Охрид и ми рече дека можеби некогаш ќе се сретнеме повторно, ми се заблагодари за се и си замина. Јас останав да ја местам нашата лажна месечина и да се испитувам себеси што се сум поминал досега, како некој незрел, во тие минути на слободно време помеѓу стоп и акција, и младичот што ме натера да се присетувам, и сето тоа ми заврши кога ја исклучивме лажната месечина и остана само една и потоа едно утро се вовлеков во нејзиниот кревет и нејзината коса ми влегуваше во устата и беше некако природно топло и понекогаш ќе ми текне на младичот и се надевам дека е добар и дека нема да шета сам навечер барајќи се себеси.
 
Драга,

колку повеќе го запознавам еден човек, толку повеќе се разочарувам, до пред извесен период човеков во моите очи беше пример за одлично организиран и страшно добар во тоа што го работи, но откако го запознав подетално се разочарав и сфатив дека е во поголем хаос и од мене.

Инаку јас си го зголемив хаосот уште повеќе од претходно, да ти се пофалам дека со курсевите за Oracle и PostgreSQL сум при крај, апликацииве ќе си почекаат уште неколку месеци додека се најдат на Play Store, а згора на се почнав со подготовка за IELTS, во кратки црти тоа е тоа, отидов да читнам уште нешто и да легнувам, сабајле мора пак arbeiten.
 
Кајги...
Дај бе не се глупирај со реклами шо сами се пуштат..."Пак нарача од интернет...бла бла бла"
3 минути сум на насловна 17 пати сврте, па и звукот појачан плус.
 
Драга,
несреќа сум бе, на чело ми пишува несреќа. До некни си викав животот нема да е толку лесен ова она, те забораваат луѓето од еднаш, стануваш ништо, и се решаваш да се отвориш на таа особа која ја сакаш, ти рока корпа ко тројка од нигде никаде. Ќе тргне ли ова некад кај мене? или све вака? Е*бати пиперот, е*бати...
 
Добро, кои се тие сељачишта, необразовани, малоумни, партиски вработени, седат без работа итн ???????? СЕКОЈ АМА БАШ СЕКОЈ КОЈ ШО ЌЕ ПРАШАМ ХЕЈТА ПО ИСТИВЕ! Од Сирија факинг СИРИЈЦИ да не седат во Македонија па да зборувате за нив? Тие се луѓево во државава, не сме 100 милиони па да не се познаваме. Или од толку што сме допрени до дното не можиме да прифатиме дека не не бива? Некои работи не ми се јасни во луѓево, или пак јас не сум бистар.
 
Две работи:

1) Не можам да поверувам како изминативе 10 години го натераа народов да верува дека ние од Македонија со 200 евра плата кога сме иделе во Грција на одмор ќе сме им ја спаселе сезоната и сме ги ваделе од криза.
2) Ги слушам деновиве излагањата во парламент на новава власт и ми изгледаат на копија на тоа што до сега беше правено. Добитната комбинација најди кривец, кажувај ги неговите криминали, не го лупај во затвор зашто ти е добра прича за лажење народ. Исто како да ја имаш Кејт Моус пред тебе и цело време само да и збориш- "Леле како ќе те работам... ", а она неебана ќе остане. На крај кога ќе дојдат следни избори и овие ќе бараат пак да бидат гласани јер до тогаш не можеле во затвор да ставаат луѓе..


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom