Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

-----------
ај што не одат војска Д....денешниве да им е простено, и пушка што не фанале,па ниту стража виделе ниту узбуни и разни врагови,
а што мора бре да се сите ДЕПИЛИРААТ,што мода ќе е,што бутур.
 
К,
Си го сретнав случајно бившиот на улица како шета мало дете и ми проработе мајчинскиот инстинкт. :confused: А убаво ми викаа да не почнувам со пиење од рано сабајле.
Цел ден само убави вести слушам. И психички се припремам за уште една вечер со турбофолк. 2.5 down, 1.5 more to go. Не можеш да не го сакаш градов. Лажам, и те како можеш.
Уште три дена до плата. Ќе издржам.
Љубов ми е.
Чао.
 
Драга,

Јас не знам оти не ги насочуваат децата во животот дека вреди да се трудиш и вреди да учиш. Факултет е сериозна работа, не е зафрканција.
Се тепав два дена дома за да не се запише малиот на факултет со 50 страници теорија за колоквиум. Не е океј да не го тераш детето на повеќе, кога знаеш дека го бива за повеќе. Мене ми е јасно дека кај нас ни диплома веќе се цени, сите родители само ги праќаат децава на факултет, и тие што се способни за учење и тие што апсолутно не се, зашто и онака ако не заврши за 4 ќе заврши за 7 години и они ќе подигаат кредити за да го издржуваат за тоа време, но не е во ред да се заковаш негде зашто е полесно и зашто без проблем ќе завршиш.
Гласот ми се фати објаснувајќи. А посакувам да не требаше јас да бидам таа што ќе објаснува и што ќе замара и ќе се труди да стане нешто од тоа дете. Посакувам да не беа толку плашливи и да не охрабруваа многу повеќе. Дека можеш и дека те бива. А не дека треба да си се држиш до познатото. Ни јас не работам со работа што ја научив на факулет, напротив, сосема спротивна струка од мојата. Можеби не требаше да учам нови работи, туку да чекам работа да ми падне од небо.
Бруцоши, учете работи надвор од оние книги со кои ве тупат на повеќето од факултетите. Бидете љубопитни и трудољубиви. И покажете им среден прст на оние кои ви викаат дека образованието е џабе.
 
Драга моја шо имам една несаглам братучедка кај касни на преглед па и не чита на врата кај влегува и така наместо да снима бубрези она влегува со брзина на светлината кај психијатар :unsure:
ок она прва ја по неа мислам знае кај иде ајјдее си се наместивме си седнавме ја па уште викам придружба сум :facepalm:
докторкава си седнува и и вика на братучедка ми ти се плаче ли :pos: братучедка ми ја глеа со некоја сумња и и вика не бе зашто да ми се плаче мене бубрези ме болат :D
ја грев не знам шо се дешава во кој ќош да глеам (n)
Врвот коа докторкава вика чекај чукче да земам а братучедка ми срипува и вика абе какво чукче жено мене бубрези ме болат да ме снимаш дојдов :pos:
сеа ми се смее и тоа многу ама таму бев готова да се џитнам од прозор од глупиот муабет шо се убедуваа се до моментот коа и текна докторкава да го види упатот :boksix:

ех и јас кај уште нема да заглавам него многу грдо кафе си напраив за првпат во мојов досегашен живот и сеа мора да си го пијам :toe:
 
Порано сме ги имале Кочо Рацин и браќата Миладиновци, а сега ги имаме Драган Таневски и Дарко Лешоски. Тоа е тој напредок во нашата идиотска држава.
 
Значи кога си го враќам филмот назад од еден крај и гледам со кого ќе се зимам од друг крај, си викам, не 11, 20 години ако требаше ќе го чекав. Затоа што едно е да бидеш со некого набрзо откако ќе почнеш да го засакуваш, но сосема друго е да бидеш со некого што го сакаш баш тогаш кога ќе ги прележите сите “детски болести“ и ќе бидете најпогодени еден за друг. Да не зборам и дека доволно се познаваме за да си ги знаеме сите маани и доблести, па со тоа и се сведуваат на минимум незгодни ситуации од недоволно меѓусебно познавање.
 
Последно уредено:
Dear,

Мики Ли на патот кон Штип, а патот згрешен нели. Секакви патешествија овој живот носи! Примај се’ што ти дава небото, според една стара арапска - никогаш не се потсмевај и не се лути на небеските дарови. Дали дожд или паднати ѕвезди или човек паднат од Марс, прифати, примај и уважувај. Периодов ми светна дека толку многу имам потрошено од себе за да ги разберам другите, а тоа ја себеси никако да си се разберам. Кога нешто не може да го биде - не го бива. И нема тука што да си ја чукаме главата во ѕид. Подобро отспиј три часа во темница, одошто да одиш против празното.

Вчера си помислив, што чекам бре? Се чекам себе. Го чекам леглото кај што ќе се испилам. Квачење и мачење и значење. А него го љубам, иако хрчи, се лигави на перница, кога го правеше сосот од домати ја испрска цела кујна и постојано се жали дека е уморен. Тој е мојата врска со овој живот овде. Моја инспирација и мекост. И добар човек. На крајот на денот, тој е добар човек.

Ја слушам Кристин, ништо не ја разбирам, ама ме води на подобри места.
Исто како и љубовта.

М.
 
Аххх Кајги,Кајги... Ич не ми се оди на работа со тие клошари и лицемери.

Од човека очекуваш секој момент да ти зарие нож у грб и тоа од човека кој што си го вработил и кој што ти било кејф да му помогнеш за на крај да ти се куропеца и да јаде гурабии за тој што му дал леб.

Клошар останува клошар!
 
Еве уште неам научено како е подобро. Да си се исплачиш како 5 годишно дете, па да ти е троа подобро и поубаво да размислуваш, или пак да си потискаш длабоко се што ти смета, а пропратно да бидиш кретен према секој што заслужил или не.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom