Колку кошта нероден син во црна грутка, потегнат ороз,
вперен истрел во мојот татко во ров бутнат, ако посакувам туѓа смрт,
прв нека ме покрие црната земја, огнени јазици нека ме голтнат,
одовдека нека ме снема!
А мојата мајка прашува за кого бијат камбаните,
како да кажам дека бијат за мене и другарите,
бијат за братот, за солзите на син ми кои се ронат,
лесно за црното парче земја, за кое се борат!
А кога виорот на војната ќе не земе?
Стани синко, разбуди се, стани, не оставај не дете!
Мајчините крици исти, делат гробиштата и ковчегот,
попот и оџата со иста молитва на погребот!
Смртта е лесна за умрениот, тешка за живите велат,
сакам да создавам, а не да бидам нечив џелат!
А јас ќе делам дел од себе, пеам, учам и плукам, а ти Здраве...
“Пукај бе братучед, пукај...”
Рефрен: [Паки] x2
Не прашувај како дојде до ова денес,
зошто домот е војна, па кој е следен?
Ниеден човек не е остров сам за себе!
За кого бијат? Бијат за мене и тебе!
Даре ДТ:
На само момент пред истрел,
мојот син од наеднаш нигде, како да твојот ист е...
Но побитен чив е? Крв на чиви раце? Чиви солзи лица хранат?
Дните после чинот тажиме сите!
И тој беше нечив татко, пред да пукне ратот,
а жена ми доеше ќерка, сега исти се по плачот!
Секоја војна е пораз, не барај херој што повлекол ороз,
дај една кутра душа што зад ороз нема повод!
Делиме иста беда, нашите црева делат иста глад,
а нашите уши иста врева, нашите срца – иста вера!
Дека не сме исти, лажат! Се за моќ, превласт и пара!
Се убиваме за игра шах, умираме во лага!
И после се, како ли ќе објаснат на дете,
кое венец спушта на ковчег дрвен, ти после се!
Не сум овде да мразам, јас умрен сум од срања,
не ме учи ти да пукам, ти научи ме да сакам...”