Незнам зошто , али имам страшна фобија од сообраќајки. Кога ќе видам слика на здробена кола се препотувам и ме фаќа некој вид на депресија. Никојпат нема да разберам кај бре луѓе толку брзате? И со 90-100 ќе стигнете , зошто мора да се вози по 140-150 на нашите никакви патишта за бедни 15-20 минути побрзо до дестинацијата? Ставајте си слики од фамилијата у кола , па можда ќе ви текнува у каква состојба ќе се домашните ако нешто ви се деси. Туку џабе е и ти ако пазиш , кога некоја будала може да те збрише.
Јас сум најголем подржувач на сообраќајните казни во државата , дури мислам дека треба и да се зголемат. Нема ништо полошо по македонецот кога ќе го удриш по џебот , али поарно нека полнат буџет од нас , отколку да се полнат дупки на гробишта и да се завиваат во црно фамилии. За превенција и предупредувачки реклами воопшто да не зборувам , дно дна сме на тоа поле. Стај бе тоа билбордите со испокршени коли и крвави тела на секои 5 километри по патовите , нека ги удара така директ у очи кога ќе им се присака да нагазат на гаста. Ваква слична превенција во Полска ги намали сообраќајките за неверојатни 40 % за разлика од годината претходно , само не ми текнува кој период беше али имаше по многу медиуми објавено.
@Nino Manchester друже еве ти еден совет од мене ... Никојпат кога возиш на автопат или регионален пат нема веза , не избегнувај ситно животинче. Куче , маче , верверица било шо , само пробај да намалиш брзина па и да го удриш директно е 10 пати подобро , отколку да сецнеш со воланот при голема брзина и да изгубиш контрола па може и страшно трагично да завршиш.
Еве како изгледа тоа кога удараш директно во животно , освен штетата на предниот дел успеа да го исконтролира возилото и да закочи. Пази од 8ма секунда , брзо се дешава не е фатено убаво во кадар.