Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Само уште 16(со букви:шеснаесет) постови/твитови и Никола Тодоров ќе поднесе оставка.
Но тоа не е се! Ако во следните два часа, пишуваме на хаштаг #ДолуВлада, Никола Груевски на ТВ Сонце прв ќе ја обелодени својата оставка.

Кога државата е руинирана, институциите не функционираат и народот не верува во нив, се случуваат вакви, а и полоши работи.
Не заземам страна, мислам дека не можам ниту да осудам некого во оваа ситуација.
Освен фашистичката власт.
 
Идам денес на факс, предавања воа оноа, стандарТ, коа у сред час се убацуваат 2ца тотално ирелевантни ликови за мојот живот да сечат/јадат буреци.
Сеа се плашам да отидам у WC и таму од шоља да не ми искочат.
 
Со секоја нова секунда по едно ново дете се раѓа во светот, еден сперматозоид завршува во јајце клетката, еден тип дрка на порничи на нет, една типка му покажува цицка на дрклето, една пензионер умира од старост, еден пушач умира од рак на бели дробови, еден фудбалер заработува повеќе пари отколку нас во целиот наш живот, еден шупак пробува да ти продаде некоја религиозна приказна, еден тинејџер прави селфи, еден Американец гризнува сендвич од Мекдоналдс (среќно копиле), еден гејмер пишува сука пиздец, еден маж си го упропастува животот во кладилница, една жена си наоѓа утеха кај побогат швалер, едно дете останува да живее во дисфункционално семејство, на еден тип му е прекурчено од животот и врти нов лист, еден шпон чисти веце некаде низ светот, еден сирењак се спрема да биде послужен на ужинка на основците, еден политичар прави план како полесно да го ограби народот, еден музичар прави песна со која ќе ги напали тинејџерите, еден тинејџер се кара на нет зошто секоја музика освен онаа која ја слуша не чини, еден Грк пишува дека Македонија е грчка, а најважно од се со секоја нова секунда мајката на сите природни науки умира во Македонија.
 
Кајги, чуден живот, кајги... Јас добив критика многу книги сум читала, сум мислела дека љубовта е бајка....
Па еве, ги поминав првите 50 страници од Капиталот на Маркс..
Кајги, на какви луѓе сум им посветувала време, внимание, љубов и зборови?
Човекот на кому му ја подарив омилената книги од Кафка, станал огромен инсект. Инсект кој самиот се глода... Утре најверојатно ќе биде пијан, можеби ќе го лупне телефонот од земја, но ќе остане на своето јас морам на себе да мислам, и само на себе!!
Вчера си направив многууу убава пита со јаболки :rolleyes: само што сама си ја изедов......
 
Поминаа полагањата, во саботата за крај пиев ракија и од денеска во теретана прв пат после месец ипол. Со други зборови, паѓам на колоквиум, ама не и на маса.
 
Драга, моментот кога знаеш некој со надимак „куче“ 10 години,
не му го знаеш вистинското име,
не си го видел неколку години,
се шеташ у парк, го глеаш со жена и дете у количка,
и треба да го поздравиш со „кај си бе куче“.
Ах тие надимаци...
 
Дк,
ти пишувам по не знам колку време.
Тешко е да надеваш за подобро утре.
Знаеш како викаат ..надежта последна умира.

Се читаме.
Чао.
 
Што комшии имам... ах бре ќерата. А што златни деца имаат (повозрасни каде каде од мене), мирни, полни со разбирање на мравка не газат. Тоа старите им отишол паметот, тие се за тепање, алапачи невидени

:jajce:
 
Последно уредено:
да не работи некој Кајганџија бизнис со принтање или изработување лепенки или знае некој што работи? Фората е што сакам да си пишам нешто на ремчето од наочарите за пливање а овие што работат со преса не можат да го направат тоа. Пишам тука дека е најпосетена темава :D
ќе има частење за тој што ќе најде решение, пратете ПП :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom