Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

денес било годишнина од Октомвриската револуција (во ноември) во која ,,работливиот народ и селанството" ја преземаа власта. Револуцијата беше толку добра и успешна што мораа да градат берлински ѕидови за народот да не избега од нивната утопија. :D
 
Кајг
Ме дупеше интернетот некој два дена... Се јавувам во T-home:
-Дечко се е во ред од кај нас.
Проверувам, уште заебава... таман да ѕвонам да фатам да се пцујам, ми текнува дека реновиравме горе и татко ми го врзал некако... се качувам на таван што да видам, врзано на „жими мајка“ жиците сите залепени, изолација никаде. Ај средив, сега вака веќе се живее.

Успат уште живеам со неандерталци, не знам како да ги победам ама дефинитивно не треба да им се придружам.

И то, фала пријатно :D

ќе кажев и дека ми е именден ама кој ќе собира олку гости xD
 
Бев вчера на водно.Требаше завчера али испадна што испадна.И така затеравме ја и еден колега на местото каде што само небото ти е граница.Во нас една мрсна риба и литроипол сок од скопски јачмен.на првото стигање на портата од рајот ја исполнив цела плуќа со друг воздух и го загледав скопје.Уште еднаш сфатив дека е пренатрупано и дека градов е на апарати.На десната страна штрчат кули највеќе на цел свет ти бодат во око.Додека сипувам сок се присеќавам на погледот на Скопје кога бев 1.39цм.На таа висина низ улиците во населба се возевме со санки,а последниве неколку години не се сеќавам на нешто бело да паднало во градов особено снег.Се си е организирано,а ти гледаш ко низ магла како и 98% од жителите.Јебига ипак сме втор најзагаден град во Европа, а годиниве што доаѓаат очекувам да не прогласат и за најненаселена држава по м2.Сок од јачмен и добра пастрмка е добитна комбинација во секое време, те тера да се насмееш од 6ка до 6ка и да заборавиш на сето она што општеството у глобала секој ден те потсеќа.Избегавав да пишувам содржајни постови и да ја арчам тастатурата со навидум побогат речник, али теле се учи вол може само инат да тера.Убав ден
 
Викај Ура добро е има јадење, почнаа убави јадење да ми прават, не оноа желуднико ми се исуши се едно исто, сеа руска салата, пире ау мау. Абе ее мерак... фанаме го снцето денеска, уште некоја книгичка да имаше да пролистаме баш убаво ќе беше. :D
 
K,
Уз муабет со едно другарче се отвори темата колку луѓе од форумов познавам и пошто ми е прилично досадно на работа, решив да направам пребројување по хронолошки редослед. И така, саат време пишувам и тек сум до 2014 година.
Банирајте ме плиииз.

Кисс4е.
 
Драа

Ај еден чај од нане
Пипни го да стане : D

Супер е на ноо радно место, опуштена и кул атмосфера.Колеге ме викаф Диво Насеље бе :ROFLMAO:
 
Кајги хелоу,

Друже ти текнува ли на песничево со кое пораснавме ?

Кој си носи чадорче , не наврнува аааааа, си поминува ааааа, не настинува :свиркам:


Е Кајги момата денес изгледа преубаво и преслатко :)
 
Ми идет да замесам тесто за пица....

tumblr_nglhn962Ka1tgrhfno1_400.gif
 
Драга, многу тапа денов..

Ладно, тмурно, и згора на се ми се расипа телевизорот..:@ Си реков дај бар да симнам нешто да гледам што ќе ме насмее, бев у расположение да гледам некои кретени како се глупираат, се мислев дали да симнам Dumb and Dumber, Three Stooges или Jackass, и на крај се решив да ги гледам натпреварите на Челзи сезонава. Паметен избор да ти кажам право.
 
Драга,

Знаеш каков ми е животов периодов?

Борба со шејтани и ангели. Уморна сум.

И би му ја пуштила песнава. И џабе. Се’ е џабе за него, нажалост. Ќе најдам друг и ќе направам деца и ќе отворам школа за рециклирано готвење.

М.
 
Драгиња,

Прекрасни комшии ми се погодија во "новиот" дом. :)
Имам еден комшија што свири на акустична гитара и еве сега додека пишувам, го слушам како изедува едно соло. :roker: Буквално сите дома уживаме во неговата музика. Неретко се погодува додека се спремам сабајлечки за на работа, да ме разбуди со гитарчето (сва среќа што свири одлично), а и покрај тоа што честопати една иста трака ја изведува, секојпат ми е убава додека ја слушам.

Во случаите кога не свири, пушта одлична музика. И згора на се, на wifi-то е пишан како Animeman. (Бар мислам дека е он тој). :cautious:

Абе убавини! :love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom