Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ај чик погоди,
убаво време и си велиш ај да го поминам влезов со поликолор(по старски,да го окречам)
и се фатив од сабајле за таа работа... комај сум при крај, мала пауза кафе и да те прашам
што мислиш колку лица што поминаа по скалите и ходниците ми кажаа нешто било што,
или дали и овие погоре во странава ако поминеа во тоа време на ова место ќе кажеа нешто.
 
Замисли да дипломирал урологија...


801d63f76442bb214562da53c6f40959.jpg
 
Седам со саати, не прам ништо, не ни размислувам, спокој, мир. Топло ми е околу очите, капаците си се нишаат горе, долу како да се поставени на вага која ги мери реалноста и фантазијата како се преливаат од секунда во секунда, една во друга. Во позадина оди Чарлс Мингус и му дава целосно, нова димензија на празнината во глата. Трррррр, дам,дам,дам. Уствари, можно е и да имам размислувано. А шо сонвав вчера, е то е веќе друга димензија, од другата страна на четирите ѕида од лудницата.
 
Дневна доза „квалитетно“ подкакнување,

Во петокот напиша срцепарателен статус како луѓето не се тоа што биле во минатото, бездушни и нечовечни, како е спремна цел живот да им верува на животните итн итн...
Денес, 11.11. ја шерува статијата со бездомникот за кој се бараше работа во која е наведено дека работа за господинот е најдена како и привремено сместување, надополнет од нејзин срцепарателен статус како срцето и се стопило од добрината на луѓето.

100маики.
 
Во Џамбо почнале да продаваат работи за Нова Година. Прва половина на Ноември сме.

Добро, шо кур, да почнам ја да вапцам јајца уште од сега ако не ? Онака подобро да се спремиш унапред отколку да чекаш се у 5 до 12 а? :tapp:
 
Изглеа јас сум ептен далеку вид, си купив алифца за нова година и пати4иња.

^_^
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Трета недела навлегува пуу па се сменија три годишни времиња внатре во мене, на почетокот заебано беше, ама сега гледам дека вреди, се уште очекувам чудо а можи и да се случи.
Мали воџа вика бајраците се направени ама немале пари за да ги земат, подоцна на А. му спомнав рече по пола да сме им даделе не се големи пари, ама веќе заминавме. Инаку страшни шаблончиња се света геометрија сите од мене цртани, некои од нив па едно добри пет шест се оригинал никаде ги нема, не прашав дали ќе бидат по оригиналната моја замисла 2 на 2 метри, сигурно се, ако имаше некоја измена ќе ми кажеше. Инаку мислиме Новаци да одиме, никогаш не сум ни бил, викаат 30 километри од тука не е далеку, само ни треба стабилен возач со стабилна кола :icon_lol:.
Некој ќе пуши трева а некој ќе трча на базен, мирисаше цел терен фудбалски круговите кога ги трчав наоколу по темница мислам каде бе навечер ништо не се гледа нема осветлување црна темница, ама после првиот круг се навикнаа очиве. И така лаптопот не е во ред а овај го користам и пишувам споро на него затоа што е спор, јас ќе пишам два збора тој една буква на екранот и после наеднаш ќе се појават и така...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom