Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга, многу подобро одат работите кога си онака лабав и исполнет, бем ти...Ој нафати се да учиш 432231456432 набројуванки, ама коа си исполнет, лабаво е :D
 
Мојот пмс не е само збир на налудничаво однесување и физички потешкотии, на пример вчера сонував обесени мали мачиња. Стоев до нив и се трудев да ги спасам. Спасив две, ги оживеав некако. Второто само што го спасив, ми избега некаде. Или падна од високо, или избега на улица кај што минат коли.

Се разбудив со грутка во грлото, главоболка и подочњаци до колена. Сакав да седнам и да плачам, ама наместо тоа решив да учам италијански. Се воодушевив од самата себеси колку знам да бидам креативна кога сум потиштена. Следен пат ќе се качам на багер.

@Hurin, да не ме мислиш, пишав и за овој пмс.
 
Оу драга денес кој срам попив, убичу се.
Денов почна шарлатански ептен, се успав 3 сата, не доручкував, не пиев кафе и пропуштив еден автобус, и плус не бев на физикална. Кога отидов на факултет на она студентски врие луѓе што чекаат цел саат пред мене, и ја ко најпаметен поучен од претходни искуства си фатив ред за ПиТ а не книжевност. Кога дојдов на ред испаднав најглуп чоек на свет оти не знаев дека ако си од книжевност морало да запишеш на тој шалтер, жими се не знаев а мислев дека можам на ПиТ затоа што претходно се таму си бркав работа, како сега неможеше не знам. Жената на шалтеров се подналути, ми свика, ме посрами и се со ред плус и убаво ми објасни дека неможело, ми се иде да пропаднам у земја од срам, плус многу мразам што излезе така и прередив 12093019232 луѓе заради моја неинформарниност.
But lesson learned, point taken. God Bless.
FeelsBadMan.
:(

П.С Заборавив дека и понесов чадор на 25 степени и сонце, и јакна за зима. Дефинитивно одлукиве отсабајле и посебно кога сум на штрек не ми се најдобри..
 
The force of mother
Цел саат си го барам новчаникот и мајка ми за две минути го најде.
Одам да одморам сега пошто испаничив ко некој ненормален.
 
Најголемите пијачи и ебачи на Кајгана форумот во друштво на Валтер Џиги Мацари и Дара Цицкамара. :kafence:
12080965_10153669832070763_995612086_n.jpg
 
Драга,

На пензионериве им ги покачиле пензииве за 612 денари денес и еве читам сеа дека пензионерите од Битола, Куманово, Штип и од други градови биле презадоволни од покачувањето.
Дајте брзо нека се увезуваат големи количини на Бугати Вејрон и под хитно да се достават до овие градови што ги има у статиите на Курир, зошто пензионерите нема шо да праат со неверојатниве 612 денари...
 
Абе што му е на опозицијава, ццццц, не му иди умот.
Ќе правеле правична распределба на даноците. Значи ќе го враќаат скалестиот данок :pos:

Џабе ќе се трошиме со избори во април, ич нека не се одржуваат.
 
Таман ќе решиш да слабееш, ќе купат дома чоколадни работи на база на цреша. У ахилова петица ме гаѓаат. Ајде бе, од пролетта поозбилно со килата, и така летото е далеку.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom