Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајги, работам во една организација каде директорката е моментално трудна со 4то дете. На најрандом случки таа откачува и почнува да се дере по персоналот. 10 минути потоа им се извинува на одредени ликови дека така реагирала порадни хормоните.

Пичка ли ти материна, ме заболе мене од што ти е! Ако јас немам клецано неколку месеци, дали тоа ми дава за право да се курчам на кој стигнам само заради тоа што хормоните ќе ми бидат пореметени? Глупа е споредбата ама преку куроФ веќе. Плус тоа запнала дека до денот додека се породи ќе седи на работа бидејќи “некој морал да врши контрола“?! Па добро, тие менаџери што ги имаш поставено, за кој к*р се таму?

И Кајги, ова не е само порадни бременоста, исто се понаша женава кога е во ПМС. Побогу едно време и водев евиденција за менструацијата за да не влезам во конфликт со неа во тој период.

И озбилно бе, што правиме со жениве што се на раководни позиции а на кои ПМС-от им прави толку проблеми? Што е со персоналот што мора да ги трпи? Што е со општото мислење дека мора да ги трпиш бидејќи “не разбираш ти колкава промена се случува во телото на жената во тој период“?

И види Кајги, сеуште сметам дека жените се обесправени, но толеранцијата на вакви случки оди спротивно со нивната борба за рамноправност.
 
Кајги. Одам да се пријавам во бирото за вработување, минам покрај автобуска и слушам еден од обезбедувањето вика 'да бев во Скопје ќе видеше што ќе му направев, не му бегаше ќотек' нешто така, успан бев не запамптив све убаво. Влевам во бирото за вработување, чекам ред, во собата од спротива гледам еден си пишува спортска, ало, спортска на работа... и така на враќање си купив еден леб од жито вардар, пола го изедов сега со паштета и стегнав пола кило вода.
 
Кајги, другарче

Ја гледам понудава

РОМАНТИЧНО БЕГСТВО ВО АУРОРА РЕСОРТ & СПА
  • 2 ноќевања во џуниор свит на полу пансион за две лица
  • 1 шампањ/вино со РОМАНТИЧНА вечера
  • бесплатно користење на СПА содржини 1 час дневно за двајца
  • 1 масажа по избор 30 минути

:angel:

Само да одобрат гадовите и идам Кајги , наоѓам кандидат за друштво и одам да се релаксирам ко човек . Баш тоа ми треба :rolleyes:
 
Кеј,
опасна мрза ме фати. 2 саати се убедував да станам да си направам кафе и еве го на ниско столче до тросед, наместена цефката само да ја подвртувам главата милиметар и да си се напијам лежејќи. :D
А вечер сум на работа :facepalm: осеќам и денес е денот кога ништо нема да ми оди од рака па ќе го преработувам истото 10 пати. :jajce:
 
Последно уредено од модератор:
Драга, само шо прочитав го убиле оној Хрватот во Египет.. па ќе ти копирам само една строфа во која е се кажано.
"Dodelice ti veru i bices te vere
i ginuces ako treba za tu veru bezveze
objasnice ti da to bog hoce od tebe
oni sto ga gledaju kroz prizmu svoje cudi bedne"
 
Досада, те тепа досада?! Секојдневие до секојдневие, копија до копија, цигара до цигара, семафор до семафор, облак до облак, ритам до ритам, здив по здив..
 
Кеј,
е многу се нервирам кога немам интернет. Т.е кога комшијата нема интернет. Т.е кога јас немам од интернетот на комшијата. :D И да ти кажам право избегнувам да го сретнам на улица, се мислам дека знае оти крадам, па ќе ми рече нешто... А јас така фина, поштена, не ми личи нели знаеш.... :D
 
ДиКеј,
Пост за подкакнување.

Минута молк за оние што споделуваат песна на фејЗ во вид на линк од јутјуб.
 
Знам шо следува ама како и за други работи така и за ова нема бегање.
 
Идам да трчам на Кеј, се зезам само пробав финта да направам. Немам сила, некое чудно чувство одвнатре, не знам што е, ме мачи долго време.
 
Кајге, си го пуштив цедето од матура, да го поглеам демек. Ама кога видов што брука сум (била), го исклучив. Фала, чао, пријатно.
Ако моите ме прашаат каде е, ќе речам сум го изгубила негде. Окппоз.

Иначе си го најдов факСултетот. Мама мија, шо ме чека... Живи били, па видели. :D

Иначе ти кажав дека пред некое време малку ко да залутав низ Илинден? Е, па...

Чао. :D
 
Алал да ми е у сред лето успеав да го разболам грлово:cuc:.Најлошо е што знам од што ми е,идеш на баскет,се праеш утоп,таму рокаш ладна вода,идеш дома вадиш киселата од дубоко,натегнуаш пола литар,вечерта утепуаш некое ладно пивце,па чудо е како уште можам да зборувам.Али јбг,нема подобро од ладна вода после спортување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom