Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ќерката многу плачела по мајмунот, па мајка и решила да го украде.

http://press24.mk/kjerka-mi-plaches...-majkata-raskazha-za-krazhbata-na-majmunot-vo

Еве како повторно спинуваат македонските медиуми!!!
Срамна е оваа употреба на граѓани од Кавадарци, со цел прикривање на вистинскиот идентитет на крадците. Пресс25 ексклузивно дознава дека мајката, ќерката и пријателот се всушност британски државјани. Ќерката е воедно и селебрити личност, па заради тоа од Иво било побарано да не се открие нејзиниот идентитет.

Ексклузивно дознаваме дека се работи за популарната Sophie Turner, или попозната како Санса Старк. На сите нас ни е добро познато дека во зоолошката градина во Скопје се наоѓа еден од нејзините (вториот сум јас) најголеми фанови, прилепчанецот (!!!) @Red John. Популарната актерка не се заљубила во мајмунот нормално, но ја проценила неговата вредност затоа што увидела дека е уникатен. Имено, додека му давала банани тој истиот ги фрлал и врескал „помфрит, помфрит“. Веднаш на својот телефон Софија Тарнер изглуглала за тоа и дознала дека во светот има само 73 мајмуни кои преферираат помфрит пред банани и дека истите можат скапо да се препродадат на трговци од Југозападна Африка и Папуа Нова Гвинеја. Типичен пример на таков мајмун е тој на Росс од познатата серија ПРИЈАТЕЛИ.

Со оглед на тоа што Софија се фрли од Винтерфел во последната сезона, пари сега и се многу потребни па ја молела мајка и заедно со пријателот да го украдат горенаведениот мајмун, за понатаму да го продадат за добра сума пари.

Но нивниот план не успеал заради банална причина. Последната порција помфрит била намачкана со недиетален маргарнин од кој мајмунот почнал да кашла и ќива. Тогаш биле слушнати од чуварите и фатени, но како што погоре пишавме, нивниот идентитет бил веднаш сокриен од јавноста!

ФОТО + ВИДЕО нема.

/end
 
Последно уредено:
Драга...

... и ја бев копиле ко мал. Кога ќе ме однесеа у продавница плачев за играчка. Една да ми купеа, јас ќе плачев зашто две не ми земале. Две да ми купеле, ќе сум плачел зашто не три. И еве ме израснав во нормално човечко биче. Што слуша турбо-фолк.
 
Пријавата за упис на факултет е еквивалентна на пријава за влагање во подземната станица на наса која воедно ја проучува нуклеарната физика како поим
 
Драга некој луѓе гинат за репрезентативен дрес, го носат тој дрес со најголема гордост,играт за чест а не за пари, ниту еднаш не плачеле и кукале како Пандев или Лазаров иако немат ни 5 % од нивните услови и како капак на се одат на Фајнал 4 во Европска лига со автобус кој им се расипува во Ниш.Овие дечки можат книга да напишат за нивните патешествиа за да ја презентираат нашата земја во најдобро светло.
 
Последно уредено:
Драга Кајгана,
Пред некој ден го гледав оној квизот Кој е кој и Што е што? на Канал 5 и во текот на квизот имаше реклами. По рекламите водителот вика ,,Ало кој се јавува?" и на тоа се јавува еден стар и му вика ,,Еднаш човек да се јави на телевизија и пола саат реклами даваат''.

Иначе и јас вртев божем да си ја пробам среќата, ама ниту еднаш не ми кренаа, се беше зафатено. Само кај овие е чудно што не пишува цена на повик, ни ништо. Се сеќавам порано еднаш така вртев на еден квиз по сто пати и мислев дека се наплаќа само ако ти кренат. Кога стигна сметката за телефон се уверив каков бил начинот на плаќање. Сега се надевам дека наплаќаат само ако ти кренат и бидеш дел од натпреварувањето/ квизот.

:)
 
Таа па ина многуфина, секој трет пост и е споредба на бившиот со животно. Иста финта ја отепа, битно лајковите не сопираат.
Па гледам се испотресоа, некој ја замолил да објави како пред вратата на женска му оставил цвеќе и најдлабоко и се извинува. Колку романтично. Опнал некоја друга мерачки, ама битно романтичен гест, оваа е глупа ако не му прости.
Колку глуп народ има за манипулација во државава.
 
Сунѓер ќе видиш следен месец дали наплаќаат само ако кренат, незнам како уште се палите и ветувате на ова.

Ако толку ви се игра у квизови пријавете се во круг на знаење. Одчичен квиз, а не се палите на глупи квизови со јавувања кои чинат околу 100че, па и 6-7 пати што ќе е зафатено. Наградите не вредат толку колку ќе се потроши за јавувања.

Иначе си помина летово, ебаго, па школо иде.

Поздрав кајги.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom