Кајге, значи кога си баксуз, баксуз си до крај!

Требаше да одам на друга страна на градот, каде што никогаш не сум била претходно. Затоа требаше да го прашам шоферот на која станица да се симнам. Го прашав шоферот, ми вика ќе се сменам јас, обрати се кај другиот. Доаѓа другиот, го прашувам, ми вика: Јас врска немам, ова ми е првпат, ни јас не знам на каде ќе одам точно. Прашај некој друг.
И така си останав на милост и на немилост на мојата интуиција.

Ми кажаа што има само од десна страна, и едно 40тина минути само десно гледав, не мрдав глава. Врат ми се укочи.

И за на враќање, многу нормално, автобусот го нема! Снаџи се, па живи, со овие нашиве ЈСП.
Ах, и да беше само тоа што ми се случи денес... Ама ај, ќути си шумечо, попаметна си коа ќутиш.
