Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Верувам дека Герхард Бергер, Хајнц-Харалд Френцен и Жан Алези само ради имињата од раѓање им следувала возачка и клучеви од автомобил...
 
Драга
Среќна нова

Темата стана каша - чорба.

,,А внучето на дворот играше си со кучето"
 
Кајг,
види ти интересен закон во образованието, како ќе го спроведат кој знае, дали ќе ги елиминираат добрите за сметка на полошите со непотизам, ќе видиме!

607795065_122374698722079319_4798794855385676658_n.jpg
 
Хеј џес,

Ми текна денес на тебе.
Чепкаш ли пијаното или само право управуваш?
Свирни една од Нора Џоунс празнично!

Се надевам си добро и пиеш доволно вода.
Среќна нова, стара, следна, дамнешна...

Та.
 
ДК,

Се сеќавам пред неколку години, ова време, кога сеуште беше активно правилото "во првите 5 минути од Новата година да го смениш корисничкото име", и новото да го напишеш во соодветната тема.

Тогашен Вори, сега Флеш, претходната година изрази желба да го промени корисничкото име, но заборави да пише. Таа година, Вори не заборави, но пиша во 00:06 часот, минута покасно. Останатото е историја.

Прво почна да се објаснува, да го убедува, да му досадува на Ацико. Овој не, такви биле правилата, ако отстапел за еден, ќе морал да отстапи за сите, требало да пази и нова шанса да си чека догодина! Се налути! После одреден период еве го, пак, со постовите за корисничкото име, бараше правдина. Гарант и приватно секој ден го гњавел. Ништо чудно и на врата да му пошол.

Гледам дека рампата по тоа прашање е дигната, да се послужиме!

Имено, друго дојдов да ти пишам, едно рециклирано и надополнето мислење кое сакам и тука да го споделам. Периодов ми се навраќаат и спомени од детството, кога бевме коледари. Најраното сеќавање од моето коледарење, веројатно и прво, е со мојот покоен дедо. Живееше во зграда, ќе ме прошеташе низ оние неколку станови со чии станари живееше добро, а потоа ќе ме однесеше во продавница да “коледарам“ (му даваше пари на продавачот да ми ја (до)наполни торбата т.е. ги купуваше работите), и потоа ме враќаше во станот. Кратка авантура, полна торба и топол спомен. Тој ден, се сеќавам, немаше снег.

Подоцна, одевме со братучедите. Денот започнуваше од мугри, планот за акција однапред беше договорен. Имаше години кога имаше снег, имаше години кога имаше дожд, но имаше и години кога имаше сонце. Одевме од куќа на куќа, вешто држејќи се до договорениот план, попатно ќе сретневме група на деца која ќе нѐ подучеше каде повеќе даваат, друга група која ќе ни кажеше каде не отвораат, трета група која ќе ни покажеше колку собрале. На крајот се натпреварувавме кој што добил и кој најмногу добил.

Сега сум на другата страна од вратата. Лани видов групи на дечиња, дечиња кои одат со своите родители и срамежливо пеат, па и по некое само детенце. И оваа страна на паричката си има свои убавини, но за тие убавини во некоја наредна прилика. За жал, тука каде сум привремено нема многу дечиња. Селото е старо, селото умира. Овој живот, дефинитивно, си има и свои предности, но активниот живот, на работоспособното население е тежок затоа што нема работа. И да, сакам тука да ме донесат на мојата шеесетка.

И не ги разбирам луѓето кои не отвораат врата на циганчиња, и тие се деца, нека уживаат во детството. Истото не мора да се прави само поради христијанската догматика, за што пишува Петар во Новиот завет, туку поради принципите на човечност и хуманост кои треба да се врежани во нашиот морален кодекс. Нема да станаме посиромашни поради тоа чоколадо, смоки, сокче, грст бонбони или некоја ситна монета.​

До следно читање!
 
Драга,

уште еден човек и уште едно место отидоа во вечноста.
Лесна ти земја Панкер и фала ти за се.
Да допиеме ние што останавме на земјава па ќе ти се приклучиме горе на шанк. И секако без фенси кошулчиња.

Во Балет прв пат во животот лапав лезбејка.
FB_IMG_1767618041973.jpg

П.с. И да ...ако не искочил/а у Балет не е мал/а за тебе. Него не е воопшто за тебе.
 
Последно уредено од модератор:
Интересно е како некои луѓе исчезнуваат кога најмногу ти требаат, а се појавуваат кога опасноста ќе помине.
Кога бев најранлива, некои луѓе не беа тука. Ни со присуство, ни со поддршка, ни со грижа. Денес, кога сè е поминато, се појавуваат како ништо да не било.
Кога бев оперирана, ги немаше. Сега, одеднаш, имаат време.
Животот ме научи дека кој не стоел до мене кога можев да умрам, нема потреба да стои до мене кога сум добро. Луѓето што не беа тука кога навистина требаше, не мора да бидат ни сега.
Уште се осеќале навредени зошто сум била сменета, ладна, спрема нив ( па ја крива ) ... :DСтрашно
 
Драга Кајгана,
Денес летам од Панама Сити до Сан Хуан (преку Њуарк). Убаво ќе беше да останев на Викинг Марс до втори-втори, ама во бродската индустрија плановите ретко остануваат, некогаш на добро, некогаш на лошо. Овој пат одам на Викинг Сии до 18ти февруари. Не сум нешто возбуден.

Брату @Sussaro бидејќи ноќниот живот во Скопје ко што го знаеме заминува на вечните ловишта препорачувам да одиме до Најроби.
 
Коледе!
Традиција што за жал полека изумира, нема некако желба веќе кај луѓето за вакви работи.
Ние останатите ќе ја одржуваме додека можеме!
За многу години!

IMG_20260106_015935.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom