Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Нека почива во мир

Зборовите се излишни


патем

11110184_10204143608851291_399880298359510029_n.jpg
 
Последно уредено:
Драга...

... во екот на новава собраќајка, мислам дека е време да напишам зашто веќе немам никаква верба за ништо во државава и што беше одлучната точка за и јас да пресечам.

Се сеќаваат членовите веројатно на случката, баш истата се случи пред една година без некој ден. Заклучена е старата тема, па ќе оставам принт-скрин од постот за да се потсетите.

Screenshot_5.png

Еве споредете ги датумите со ова денес и случката со моите пријатели. За среќа никој од нив немаше трајни последици, иако поминаа низ многу тежок период, другар ми уште има шипка во ногата, а девојка му едвај преживеа. Судењето се случи пред некој месец, кога слушнав што биднало од тоа со денови не можев да се смирам, не сум бил толку напнат мислам никогаш, огромна омраза чувствував.

Имено, биле на судење, и ко што претпоставувавме, тој што ги згазил си бил тежок врскаџија, нема потреба да го опишувам повеќе, само повеќе ќе се изнервирам, разбирате од кој фиромјански „сталеж“ е. Почнало судењето, го прашале дали се чувствува виновен, тој одговарал дека не се чувствува виновен. И судијата му рекол „ама ако кажеш дека се чувствуваш, помала казна ќе добиеш“. WTF?! Пред луѓето, другариве мои не се свесни што слушаат. И овој нормално, си признал. Збореле нешто за деталите, судијата му викал „ти се каеш нели, знаеш дека си згрешил, жал ти е...“ и слично, овој викал „да, да...“. Значи буквално ставање зборови во уста, работење по принцип „ова кажи го за да ти намалам казна“. Моиве не ни ги викнал да сведочат, јавната обвинителка која ги застапувала си ќутела цело време, мутава некоја, направиле пауза за да се донесе пресуда. Пресудата... 50.000 денари. Толку. Обвинетиот да плати 50.000 денари за возење туѓа кола, без возачка, после 11, шибајќи над 100 на саат по дождливо време на Партизанска, удирајќи во тројца и ставајќи една од тие личности во животна опасност. 50.000 денари. Образложувањето? - Бидејќи првпат му бил ваков прекршок. ПРВПАТ МУ БИЛ! Значи следниот пат кога ќе испогази луѓе, МОЖЕБИ ќе добие два дена затвор. Ова е правда? Вака те заштитува државата во која живееш? Ти пљука во фаца, ни крив ни должен ќе пострадаш, доживотни трауми, потрошени пари за лекување за ова? Па да му ебам мајката јас што сум студент можам да соберам 50.000 денари, камоли некој што можел да вози толку скапа кола. Ај ако не јас ќе почнам да газам све живо и диво по улица, па ќе си платам за гревовите. 50.000 денари за загрозување на три животи? Пребарував јас уште пред да биде процесот, во нормални држави за ваков прекршок пресудата треба да е 3 до 5 години затвор бе. Затвор, воспитна мерка, да знаеш више никад да не ти текне пред волан да седнеш! Да, во нормална држава. Кај нас гревовите си се плаќаат, како во ебан среден век, кога ќе направиш масакар на 3000 души, идеш во црква, прашуваш колку треба за господ да ти ги прости гревовите, си го плаќаш тоа и слободен си. Само што кај нас е бетер од среден век, кај нас државата си ги лапнува тие пари, дури и бенефит има човече, дур ти го плеска у фаца и покрај сета твоја нервоза и омраза. Ова е правда? Ова е држава? Каква љубов може да бара некој од мене по ова, каков патриотизам, каква желба за да останам и да градам подобра иднина? Како може некој да пробува да ме прелаже така?

И така се десило, веднаш ги платил парите и си отишол со другарчињата на кафе. Казната му беше помала од што моиве пријатели дадоа пари на лекување. Али не можам да го кривам, таков е системот, таква е државата. Можам да го мразам типот, не само што можам, ГО мразам, ама тој е само симптом, последица од нешто друго, нешто многу поголемо.

Така што ќе ви го кажам на сите вас следново. Во оваа никаква, грда, бедна, запоставена од сопствените луѓе, фиромјанска, вештачка и одвратна држава, вашиот живот вреди нешто помалку од 266 евра, значи негде околу 16.000 денари. Толку вредите сите вие како мене и моите другари што сте раја, немате врски во министерство или во влада, обични граѓани сте. Тоа е вашата вредност во ФИРОМ, 16.000 денари. Бегајте. Бегајте сите, не се заебавајте и не се мислете, бегајте колку што можете побрзо, нема оправување за овој циркус, ќе си врви истиот додека не се распадне. Колку и да ви е океј денес, да немате проблем со никој, ќе се погоди случајно ни криви ни должни да настрадате и засекогаш тоа ќе ве смени. Ако воопшто преживеете. Немаме вредност тука, просечна месечна плата ни е вредноста на животот, заменлива, небитна. Јас се одлучив од моментот кога слушнав за расплетот на настаниве. Не очекував, знаев дека е покварена државата, ама не ми се веруваше. И тоа беше конечната одлука. При прва прилика, заминувам. Дотогаш ќе се борам со сета сила за таква прилика, бидејќи државава не е нешто што се сака, не е на твоја страна како што те учат учебниците во трето одделение по природа и општество. Државата не ти е пријател. Државава ти е НЕПРИЈАТЕЛ. Не ме заслужува ни мене, ни моите другари, ни секој кој си го цени животот повеќе од 16.000 денари.
 
Последно уредено:
Вака дечки, 20+ мислења преместив во ова тема, бидејќи почнавте да дискутирате на темата која беше веќе започната таму. Така што мислењата не ви се избришани, само преместени во соодветната тема.

Инаку ќе ја искористам приликата да соопштам уште нешто, затоа што токму во темава забележав дека голем број луѓе не ја забележале новата промена и распоред, па така тука ќе образложам, веројатно сите ќе видат, барем оние кои прашуваа...

Подфорумот Свет доживеа одредени измени. Сега се вика Вести и случувања.
Вести и случувања е поделен на три подфоруми:
1. Македонија
2. Регион
3. Свет

Сите теми во Општи муабети кои беа поврзани со случувања во Македонија, Смилковско, Војна на патиштата, насилствата, темите за армија, полиција, јсп, евн и слични дневно-општествени теми се преместени во подфорумот Македонија. Се разбира, ова не значи дека е дозволена политика, туку само му дадовме простор на Општи муабети да диши малку, бидејќи беше преоптоварен со вакви теми кои повеќе припаѓаат на еден ваков подфорум.

Правилата и распоредот, како и тоа каква е структурата и целта на подфорумите прочитајте ги тука.

Се надевам дека сите што ги пропуштиле претходните известувања и беа збунети каде отидоа темите кои ги бараат ќе го видат постов тука, ако ништо друго повеќето отвораат Драга Кајгана па ќе се информираат и ќе знаат каде да ги бараат темите кои им се потребни. :)

Иако и со користење на опцијата “Барај“ може да се најдат темите. Тука се, само во друг подфорум.
 
Кеј,

Пред четири дена , во вторникот кога станав имав еден гулаб на прозор као ме глеаше не знам дали ти кажав.Епа сеа пак станувам идам до вц се враќам вртам проглед преку прозорот од моја лева страна и ПАК СЕДИ ГУЛАБОВ. Се посрав од страв и тоа само ме глеа а и страв ми е да го избркам.Ова више не е добро жими се вакви шокови не заслужувам у животов да ме ѕверат гулаби посабајлечки...


ЕДИТ: Еве и слика, леееееее без зум го сликав не мрда еј не го пипам
11137002_1435464623418570_1194493058_n.jpg
 
Опколени сме од бедни изговори за луѓе, у маски на драматурзи, новинари, шарпланинци итн. Ужас.
Hands down за Величковски, треба силен фокус и смиреност да ислушаш вакви исфилтрирани фаци
 
Абе ајде шо гебам, не ме засега не ме допира...

Овај фамилијава моја повеќе зборови од мене во минута зборува :icon_lol::

 
Драга Кајгана,
Колку е лошо она......, блиску сме, а сепак далеку.....:unsure:
 
Драга, дојдов тука да пишам како синоќа кога Владо на концерт ја испеа Земјо Македонска се наежив цела и ми пробуди убави чувства што сум дома.. но после го прочитав постот на Рики и веста за девојчето синоќа што загинало и ми дојде како reality slap.
 
Драга,
Поминував сабајлето на местото вчера кај што го удрија девојчето. Што да кажам, морници ме полазаа. Самата помисла дека на 15 метри од кај што стојам згаснал еден млад живот ме сече. Чекам на семафорите, црвено е, нема коли, ама никој не поминува. Сите чекаат и така немо се вртат налево, кон локната крв што уште стои како потсетник. И тогаш претрчува еден дечко на црвено. Десет секунди после него претелува автомобил со 100 на саат. Добро бе, што уште треба да се деси за да се свестиме? Немаме некаква колективна свест, не знам, не е сообраќајна култура веќе во прашање, ние тотално го имаме изгубено компасот. Не знам што да речам,од сега очите не 4,8....
 
Драга , како тргнало во Македонија ќе почнат нас нормалните да не затворат во Бардовци.Ако ништо друго бар ќе ги запознаам пола форумџии од Кајгана кои што размислуваме со своја глава.
 
Драга, денеска е еден од оние денови кога дознаваш дека си ретардиран. Така, дознав дека потрошувачката на колите се чита пример 6 на 100, а не 6 насто (6%). :D Одам да го средам јажето...
 
Културата ни е проблемот, драга.
Од кога 60(65) стана преспоро за во град за некоја исфрустрирана будалетинка со Туарег да ми свири од позади?
Уште побитно, зашто на семафори ме гледа ко да сум му го избричил кучето и ми се дере преку прозор.
Си отворив, најкултурно, го понудив ако сака да застанеме да се разбереме како мажи.
Ми викаше мајка ми „секакви будали има сине не се глупирај“ додека растев, ама еве, би си зел и тоа на душа.
Неисе, фраерот со цвикери во кола, позади затемнетите стакла на Туарегот само ме опцу и си замина.
„Немам време да се замарам со педерчиња како тебе“.
Извини друже, ја имам време, ама ја не сум тој шо се нервираше и се замараше.
На крај краева, гледам, паркирал кај мене во населба, две улици подоле сеа, неколку часа подоцна.
Се надевам тука негде живее, зошто ликот му го памтам.
Баш сакам да застанеме како луѓе, и да го прашам какви се сексуални фрустрации пробува да излечи.

Ама ми скинале RTL овие од Близу, треба изглеа да менувам пакет пак. Се заглеав серии на RTL2 , добри ствари има. Цела среќа Fox уште што имам ,ама не е тоа што беше, сега има некој ептен глупи ствари.
А комшииве ми гледаат порно. Многу се слуша. Ептен.
Не се ни толку тенки ѕидовите колку шо они се гласни. 4 попладне е, нив колку што им се дупи мене толку ми се дреме.

Идам да си скувам нешто.
Уствари, се мислам да ставам говедско на тивко да ми се вари, со пола коцка супа, кромид и коријандер и да си поспијам подолг период..
Многу се замарам за човек кој готви сам за себе, ама мерак.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom