Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга Кајгана,
Зошто постојат такви глупи копилиња, кои до вчера едвај пеш оделе, сега земале возачка и мислат дека можат да возат 160 на саат, да газат се пред себе и да не одговараат за тоа?!?!
Шо му е криво девојчето што поминало на пешачки, или нејзините родители кои го израснале, и успеале да најдат средства да ја пратат на студии.... кој ќе им објасни сега на нив дека тоа било несреќен случај?

Драга кајгана, зошто во Македонија нема СМРТНА казна за такви говеда кои ги има во се поголем број?!?Верувам дека некој ќе ја задоволи правдата.

Искрено, да се случи тоа на некој близок од моето семејство, би го убил сторителот, ако треба и цел живот во затвор ќе лежам, барем ќе знам дека многу други млади животи ќе бидат спасени.
 
Драга,
тргнувам да трчам вечерва и оп под железничка каде што беа некогаш циганите девојки облечени како проститутки, камери...очигледно се снима филмче или некоја реклама, али можеле да отидат уште 500метри кај МТВ барем без пари ќе најдеа актерки :D
Инаку вечерва воздухов во Скопје посебен шмек ми има, дури и алиштата ми го попримија..чадови ли се чадови..
 
Драга, денес сите фатива Сарај-Водно-Матка, а јас во подрум цел ден,на работа.
Знаеш се ближи големиот празник Великден, па потоа ете ти го Први Мај (без маршалот)
и ќе треба некаде да се излезе на скара да се заврти нешто, да се испече(и ладно пивце обавезно)
па баш затоа јас си отидов во подрум, да си направам една скара по мерка. И подобро што така решив оти и бабава беше денес слободна па ако останев дома, ќе беше вака,
ај да го помрднеме каучов, ај трги го фрижидерот,оди истреси ги овие, качи се избришиги лустерите, симниги тегливе доле, донеси компир и кромид, штиклата ми се скршила и др.
Picture 2075.jpg а да ќе заборавев,еве ја и мојата скара таа доле де челичната...
ама и тебе Драга не те заборавив,и на тебе еве мислам,оти друга по-Драга и немам...Picture 2076.jpg еве и за тебе направив една скара и ти да си свртиш нешто тука.
 
Драга,
Не можам да ги разберам оние што на фејсбук профилот на штотуку почината особа оставаат пораки од типот „Почивај во мир.“, „Лесна ти земја“... Цел ден само тоа ми излегува на хоум пејџ.
Разбирам тага, болка, збунетост... И мене ме боли прерано згаснатиот живот. Ама не ја гледам поентата да и напишам на Фејсбук профилот дека прерано заминала, дека го мразам ѓубрето што и ја ускрати можноста да живее и дека се надевам дека ќе скапува во затвор со години. But that's just me. :(
 
Кога би бил јас власт (хехе) , на порталиве што објавуваат вести со наслови како : Хорор ! Возел деца во багаж ! ( кога ќе кликнеш ќе видиш дека не било во мк) , Страшна сообраќајка со 10тина жртви ( кликаш , сообраќајка во Зимбабве) и сл . Абе абдали , за кликот посран ли ви е ? Знаете колку мајки загрижени има по дома кои на вакви вести им застанува здивот ?

За секој ваков наслов ( а и тие од типот " погледнете го новото момче на другарка и на ќерка и на Цеца ", "нема да поверувате што добил пица доставувачот место бакшиш" ) казна 500 евра , па нека се чеша.
 
Драга

Се враќаат денес газдиве од Париз и ми носат микробранова.. :pos:
И спомнав еднаш на газдарицава дека мн е тапа шо секоаш коа треба да стоплам јадење пуштам релна, ама ни на крај памет не ми текна дека би купила пошо мрази микробранови. Газдава рече дека никоаш немале. :pos:
Саплаааај ми напраија, отварам врата и оп огромна кутија :LOL: И пуканки за у микро за да се тестира се тоа...
Као божем поклон за Велигден. И чоколадни зајачиња со 50 франци внатре.
:aplauz:

А ја денес на шопинг беХ... 41 чоколадо ијам купено и доста се..I think.
Драга спремај се, иде период коа ќе ти кенкам дека не можам да се спакувам.
Чуус
 
Драга...
Драга, дел од секојдневието, не најдрага, трета, четврта можеби. Има личности со кои пораснав...


Станува уште потешко... Вирусов додатно отежнува работа. Можеби така било подобро, ако не беше тој можеби ќе ја направев грешката, вака имам простор да се повлечам. Доста ми е од скриени личности, од личности кои ми глумат Мајка Тереза... Најверојатно не знаат дека темелната анализа, перфекцијата и совршенството со кое сакам да се одвиваат сите работи околу мене ги запазувам максимално.

Делувај незаинтересирано, внимавај на се околу тебе, и прочитувајќи го секој потег на анализираната личност заклучуваш колку е лесна за читање... Глумењето карактер не ме натера да мислам дека го има.


Знам дека често грешам, дека морам да поправам многу работи, ама тоа сум јас, за жал(можеби).
И сега кога имам најголема почит, сега кога се трудам да го направам најголемиот чекор во животот, со кој што сите оние кои ги ценам,почитувам и оние кои го прават истото спрема мене, нема да застанам, најмалце нема да застанам, уште помалце да погледнам назад, зошто никогаш не го правам тоа.
Звучи арогантно и безобразно, ама мислам дека би било најдобро така... Макар и да грешам, самиот ќе си ѓи сносам последиците. Никој не е поголем од самиот јас за мене. Звучам како нарцис и можеби егоистички...


ЗДРАВЈЕ!!!! ЌЕ БИДЕ МНОГУ ПОДОБРО!
 
Драга,

Ова е една од оние саботи во кој што сум доволно трезен да не сум во дискотека да се гужвам со непознати, а недоволно трезен за да седам дома.

Само, никогаш нема луѓе кои се само за до надвор после дванаесет. Сите се сардинат по клубови.
 
Чувството кога во сабота навечер пишуваш текстови за алманах затоа што во клубовите пуштаат срање музика, а знаеш дека текстот за тебе ќе биде најлош заради тоа што нема кој да го напише како што треба. Не дека се фалам, ама стварно добри текстови сум напишал. Ги пишувам со голема доза на хумор и споменувам интересни случки, а не како некои што прават, само убави работи, демек сите во класот биле безгрешни и најдобри.
 
Кеј, камо да беше прееска со мене. Ме уби чувството додека ја гледав другарка ми како на 18тиот нејзин роденден умират од плачење поради некој си куртон кој и се јавил и лом ја напраил на телефон, а јас не можев ништо да сторам. Камо и дечко и да беше тука...камо да го знам кој е тој шо и се јави...вака...ништо :(
 
Порано знаев дека Форест е пијан откако ќе прочитам некој негов пост во ДК, каде(меѓу другото) го распарал срцето и го истурил она што е во него. Денес знам дека Форест бил пијан откако ќе отворам сандаче и ќе видам негов монолог, над 70 пораки, после секој
збор - ентер!

Форест, враќај се на Кајгана!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom