Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Picture 1047.jpg Picture 942.jpg Picture 150.jpg слобода во Скопје
 

Attachments

  • Picture 943.jpg
    Picture 943.jpg
    176,6 KB · Прегледи: 24
  • Picture 150.jpg
    Picture 150.jpg
    118,4 KB · Прегледи: 24
Добро ќе тргне ли некогаш нешто на арно...веќе ми се смачува....поминуваш период кај што неможеш ниту да се заљубиш ниту па некој да ти се допадне и сеа вака коа ти се дешава БУМ у глава и стомак од некој што го гледаш секоја сабота по 2 саати и знаеш дека НЕМАШ НИКАКВИ ШАНСИ ама ти со мерак идеш и сама себе се убедуваш не бе тебе не ти се свиѓа тоа е само опсесија и све то....и сеа прво да се разберам со себе Кајги со моево срце и мозок,некако се буткаат цело време,гледам резонирам ама нешто не сфаќам не знам дали да се помирам со тоа дека ќе си останам сингл барем уште година две и да не се мачам веќе на некој да му се допаднам и онака вака не ми е нешто лошо или пак да станам кучка пошто гледам на нив некако многу успешно им оди љубовниот живот....
дај нека ми се тргнат овие облаци од глава и живот аман да видам бел ден и ја овој Купидонов со стреливе ме изнашиба ама џабе само да ме боли бре.Срам да му е
 
Последно уредено:
Муабети петок 13,не излегувајте надвор ако баш не морате;),ок важи.Не одете на места каде што се одвиваат градежни работи,може нешто да ви падне на глава,дека нели друг ден ова не може да се деси.Пазаете при запознавање на нови личности,овој ден не е најпогоден за тоа:cool:.Море идиот едни еве ви една од мене,ко ќе мочате фаќајте го со десна,и обратно ако сте левак,може да се измочате од толку глупости.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Интернетот напна со Скопскиот фестивал на лошо-ново-компонирана македонска музика, со уште полоши текстови па ми текна на некои од поранешните хитови, а веќе евергрини и колку во нив имаше и значења кои треба да ги откриеш малку потешко, ко поентата на руските писатели во нивните класици.

Чист таков пример, Маријана и Росана:

"Признавам не можам без тебе, не можам без тебе.
Подобро убиј ме, убиј ме, но не оставај ме.“


Ма немој! На прв поглед ќе помислиме дека она е очајна за него и не може без него, па му кажува некоја ромеојулијанска порака, подобро да ја убие, отколку да ја остави. А всушност, тоа е само одбранбен механизам за да се осигура дека после неа, би немал друга. Па му вика да ја убие, овој после да си одлежи 25 години за убиство со умисла и да скапе у затвор ради неа. Абе што биле мајчини овие. :neetaka:

Или, да ја земеме за пример убавата староновопопуларна песна, за очите на Лена.

„Твојте очи, Лено мори, воденски черешни се.
Дај ми ги на мене, јас да ги изедам, мерак да ми помини.

Твојто усте, Лено мори, костурско кутивче е,
дај ми го на мене, јас да го отворам, мерак да ми помини.“


Па ова да и го кажеш/испееш/посветиш на некоја феминистка, ќе те убие! Зошто? Оти ќе мисли дека сакаш да ја навредиш оти и се обраќаш со - мори! :sakasuste:

А реално, трендот на малку заглупавени текстови, го почна никој друг него Верица Пандиловска, со нејзиниот најголем хит:

„Убав и мил, паметен и фин, тој е кучкин син!“

Па што по ѓаволите Верче? Како може да е убав, мил, паметен и фин а да е кучкин син??? После имале грешна претстава, па како да немаат по вакви песни... :toe:

Има уште многу вакви примери, ама ми се спие. :гик:

Само уште ова, скрозо офтопик од погорнава тема, за крај:


Види го какво е бе, па уште и постерот позади, лелеее! :ljubove: :love::cuc:
 
Последно уредено:
Маци,

Знаеш до 24ти април какви се глупости ќе се изнаслушаме ?
Прво почнаа патетиките на сдсм уште пред овој Спасовски да ја превземе функцијата, со статијата на Бриф „уште не дојден, министерот издејствува подобра храна за вработените во мвр“. И после насловов нели ти очекуваш да имаат шведска маса полицајциве, ама не, на слика даваат дека имаат 3 јајца, јогурт и урда мислам. Патетика...
Денес продужуеме со исто темпо, само сеа од страна на вмро. Со одлуката што ја донел Спасовски за враќање на овластувањата што претходно биле делегирани на пониско ниво демек цел безбедносен систем ќе се срушел...
Одземал овластувања, е не не одземал овластувања, туку тие што претходно биле доделени на пониско ниво ги вратил кај него. Значи не збориме за оригинерната надлежност туку за делегирана мајку му.
Ама еве и да речеме дека у право се вмро, еве да речеме дека стварно безбедносниот систем ни е блокиран, што услуга ни праат на нас граѓаните со тоа што ја објавуваат телеграмата и даваат некакво си „објаснување“ ?
И уште повеќе што ни помагаат на нас, со идејата која ја даваат во статиите преку реченицата „Тоа значи дека директорот на Бирото за јавна безбедност во моментов не може да издаде наредба за акција дури и доколку дојде до киднапирање на дете или доколку дојде до некоја посериозна терористичка закана доколку тоа лично Оливер Спасовски не го дозволи.“
Па уште и не било законски ова што го напраил Спасовски. Чекај бе, тие овластувања за кои се збори оригинерно му припаѓаат на министерот, а тој претходно ги делегирал на пониско ниво. Сеа само се прави еден обратен процес и од пониско ниво овластувањата на министерот пак си се враќаат кај него. Не знаеме точно за кои овластувања станува збор и не знаеме дали стварно е правилно или не тоа што е направено, ама сигурно не е незаконски.

Драми мацо, драми...
 
Ова е само наше Скопје, тука ни е се... :icon_mrgr:
Јас, Скопје и братот близнак :icon_mrgr:

bratbliznak.png

Татко ми ми оставил 150 денари, макарони, две банкноти по 5 евра и 560 форинти во монети (милион монети чија вкупна вредност е 2 евра :pos::pos::pos:).
Ми пишал купи си кроасани со парите и саламче за Томче, макароните изеди ги за ручек, а со 10-те евра части се во Мекдоналдс во Унгарија :icon_mrgr:
Три бода од Барселона, Ѓер, Охрид и Чаир само тоа се бара викендов, во чест на ослободувањето на градот од кој доаѓа најдоброто спортско друштво на планетата :kuracc:
 
пасивна сум нешо али најинтересни теми имаш во канта
 
Драјганче,

Порано луѓето велеа: Смеј се, смеењето ти го продолжува животот.
Денес луѓето викаат: Не се смеј толку, многу смеење не е на арно.

Ебаве песимистите. Шубе ми е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom