Драга,
денес си шеткам по улица и едно бабиште затрчано ми тупна флаер во рака „Дечко повели нешто многу интересно, да си прочиташ тука и додатно на интернет, многу работи ќе ти се разјаснат во животот и ќе го пронајдеш својот пат“, гледам флаерот JW.ORG, ебени јеховини сведоци или како и да се декларираат упм нека се носат. Не знам со што им го перат умот, но најверојатно добар метод имаат, бидејќи или треба методот да е добар или народот малоумен да верува во такви срања.
Во оваа религија која ми ја сервираат на тацна од раѓање не верувам, а не да ми продава прикаски некоја будала, па уште и ќе сум си го пронајдел патот преку нив, абе мамето мамино за ваквите.