Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драг виртуелен дневнику,

3+2 години сум на форумов - некад поинтензивно, некад поретко - ама ваква тензија и напната атмосфера како последниов месец досега не сум осетила тука. (n)
Едно време темава (т.е. конкретно оваа тема не, ама нејзините претходнички) зрачеше, едноставно мерак ми беше да отворам и да читам, да лајкувам, да се смеам, па и да се подзамислам малку. Ама за жал полека ги снемува тие долги и исцрпни постови во кои можеш да препознаеш испреплетени нишки од искреност, рационалност, интелигенција, емоции. Полека ги снемува и луѓето кои ги пишуваа. Во последно време се' се сведува на сарказам, доскочици и обиди за прибирање на лајкови. Љубител сум и јас на сарказам. Ама некако, не ми е тоа поентата на темава.

А многу кул луѓе држи Кајгана, не викам не. Само напнати се некако у последно време. :unsure:

Љубов,
ЏинЏер


П.С: Имам добиено казнен поен ради шерифување на темава... веројатно постов ми е малку лицемерен. Поздрав @Нuкола :pipi:
 
Последно уредено од модератор:
Срби ми замерија дека зборувам црногорски. Форест ќе биде горд на мене!

Него знаеш што ме курчи? Стварно ме бива за шверцање, но сепак ракијата ми е во ограничени количини. Си ја чувам цела година, ја пазам како очите, се опивам од две чашки... И ми доаѓа некој Шведо и ја пие како да е вода, без мерак, без мезе, без муабетот што иде со неа... Сакаш да го натераш да ја поврати и да ја лиже од земјата, да не се фрла!
 
Драга...

... big day for me. Денес го извршив моето прво научно откритие, сосема случајно ми прелета, ги искомбинирав претходните знаења од блиски и далечни теми со истото и го укапирав, сосема неочекувано и непланирано. Нормално, не може баш да се нарече откритие пошто првин треба да прерасне во научен труд, ама верувам дека можам да го истерам на добар пат кон тоа. Банално е, не е којзнае што, но знаеш, сепак е „a piece of the puzzle called history“ кое никој досега не го составил, а јас изгледа успеав, дури и еден професор беше импресиониран и ми препорача да го прочепкам ова подетално пошто it looks promising. Многу интересно чувство е, како се вклопија работите, како да ти ги фрлале делчињата и баш ти да си бил тој што ги составил. Се осеќам како потресено малце, али на добар начин :D Супер чувство е што знам од каде ќе ми почне професионалниот живот :)
 
Драга,
Шетам така низ фејсот денес, кога наеднаш ми излегува колумна, која буквално "убила бога у мени" :D Па клик и читни нешто повеќе...

Пола метар високи бетонски столбови по целото крајбрежје, во случај да песокот добие нозе ти'ам :pos: Боже симни се и собери си ги вересиите ...
 
Драга,
Једна мала брбљивица ти си, кудиш коња ког јахала ниси.
 
ЕКСКЛУЗИВНО: Фотографија од камерите во ГТЦ од вчерашниот брутален напад врз АМДИ БАЈРАМ


pepsi-killed-coca-cola.jpg
 
Некој го гледав Иван на Собраниски а јас пак летајќи по јутубов го најдов ова


и незнам дали да се смеам или да земам да плачам..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom