Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга Кајгана,
Она грозно чувство кога си замислуваш како ги остваруваш твоите желби и од еднаш ти текнува колку има небитни ствари во реалноста кои мораш да ги завршиш за да опстоиш.

:sick:
 
Ауф прв пат вечниот претседател во бомба.

Ова станува се поинтересно.
 
Моментот кога глувчето мице падна во котелот...
EqQOTR9.gif


First horror story...
 
Кеј ти текнуват на времето на фб коа постиравме слики од млади бунтовници и ангели и тагиравме рандом братучеди + симпатијата? :) најдов факен слика од 2008 јас мануел она миа + 20 others и следи коментар нејзин " hehe ty za tag :P <3"

кизнајт колку се иам радвено на ова срцево тоаш :D

времиња :love:
 
Многу малку работи ме нервираат повеќе од луѓе кога се јавуваат во емисии и се дерат. :busi: :jajce:
Не е битно кој каков став држи и за што се јавува, ме нервира дерењето. :vrtioci: Као демек ако се дереш, аргументот одеднаш ти добива на тежина. Е па како да ви кажам, ама не. :blablab:
 
Добро, што по ѓаволите е со жени што гледаат хорор филм и послем се плашат да идат у вц? Сфаќам, импресии од филмот блабла...
Ама, време е да ја откријам големата вистина која се чува со векови.
Нема никој да те нападне ако идеш до вц! Филмот не е секогаш одраз на вистинскиот свет, а доказ за тоа е Ранду кој сите видовме дека дише иако навидум беше претставен како мртов!
 
ви текнува на постот, од регистар што ми пишале дека одлуката ја донеле на 13.03? епа денес цел ден изгубив само за да ми кажат дека грешен мејл ми пратиле (no shit Sherlock) и се е во ред [emoji173] Маќедоња[emoji173]
 
Резултатите што наредната недела ќе ми пристигнат буквално ќе ми ја исцртат иднината за која се надевам нема да има брз крај.
А шумот во ушите е сеприсутен.

So says Saladin...
 
Инсомнија. Навикнав да легнувам во три. И да спијам до 12. Немам никакви обврски.
BTW Првпат во мојот живот ме разбуди девојка. Бидејќи е нормално во демократска држава да се заборави на телефонирање. Покрај вибер, месенџер, твитер, кајгана, смс и останато. Ми се јави бившата колешка од работа да ми каже дека порачаното преку неа од алиекспрес ќе ми го даде во април. Утрово заминала за Словенија.
Мех. Не ми недостасува работата. Ми недостасуваат позитивните фаци како неа од работа. Насмеани, ведри.


Никада нисам волео,ни клинце, ни маторце.

Неки Ежен Јонеско
 
Прилеп бил никаков град...немало ништо...немало шо да прајш после 1 навечер. Како не бе. Се шо ти треба е кола и 4ца идиоти. Турај нафта, земај коњак шибај Битола. Ама чекај бе, Кавадарци е поубо. Ај сврти на пола пат до Битола, врајчај се назад, турај пак нафта, земи уште еден коњак. ПИЧИ КАВАДАРЦИ....

Кај ФЕНИ онде че ти текни, абе а овај е пато за Кавадарци, онака со страв во гласот, очај, пошто толку е никакво местоно цело време си мислиш че изрипа некое чудовиште од DOOM 2ката. 1...1и20..најкасно 1ипол ете си Кавадарци, и сеа шо ? Чекај че прашаме некој. Врти 10 минути дур го најдиш центаро:facepalm: ( Кавадарци иначе ти е 2 педи град ). „ Извини чупе, кај ви е нојчнио клуб “ ....- че се вратиш назад кај кружнион...а шо па кај кружнио ?! Семафори немате ?! :pos: Бегај побрзо, ја заеба.....После усвари те текнува дека Неготино немаше семафор, ама како и да е. :icon_mrgr:

Одиш во нојчнио шо некој креативен го крстил Еспресо ( Експрес се вика, ама ЕСПРЕСО Е ПОУБО )...влегуваш внатре...ТВАЈЛАЈТ ЗОУН !!! Мислиш си се вратил во 2000та. 100 квадрати место, 2 шанка, бенд во живо со пејачка ( шо не пеј само игра ) и пеач шо рика, а усвари рок пробува да пеј. 10 маси а меџу нив простор за оро да играш, и врв на се. СЕ ПУШИ !!!:vozbud: Ај да пијаме..шо че пијаме ?! 3 скопски ( мрш да вибам педерите :mad:) и коњак. Ти го носи коњако, не дупли...четиридупли на кубен брат. Ни дозер ни ништо. Го глеам вака ?! Шо пари ова ?! 7 банки :shok2: Носи одма уште два..

Пијаш шо пијаш, се вртиш околу тебе, моме ...за куро здравје нема :place: Сето пендарци...Ама овие не беа заглавени во 2000та... Овие, сите пицнати, дотерани, искубани, бради на фризер оформени.....и после че се жали „нема жени бе брат“ ...ПА НЕМА БЕ СЕЉАК...ПАРИТЕ ЗА ПИЈАЧКАТА ШО ТРЕБА ДА ЈА ЧЕСТИШ ГИ ДАДЕ ЗА ДА СЕ ДЕПИЛИРАШ !!!!

Нишо, пијаш пијачките и таму негде кај 2...2и20...2ипол најкасно шибаш за дома. Пошо нели до 12 беше на работа, а утре од 9 си пак. По пат си прајш муабетчина од секоја можна тема, ама најважно религија, пошо кое пијанство поминало без да прајш муабет за религија ?! Еве искрено да си прајме муабет...


Се на се кајгано..ми фалеше ова :D Утре че цркнам, сабајле од 9 на работа...вечерта негде 600-700 гости во 100 квадрати место...време за спијање нема......ама бар се насмејв и убо си поминав (y)

Да се живи и здрави ненормалните... ДРУГИДЕН ПАК ...ајт чао:love:
 
Ни каа имаме кружен тек у Кавадарци, друизте градеви немаа појма шо е тоа, од лани ги му текна па секаде почнаа да стават, а @Mojso бил ногу пијан па не видел дека сеа иаме дури два. :cool: а исто не видел дека каа флеваш у градот има знак на кој шо пише ЦЕНТАР, ама тоа е коа локаш коњак дур се возиш по непознати места :P
 
Драга те читав пред некој ден онака сабајлечки. Само немој сега и ти да ме јебеш.. Немој и ти политички определена.. Немој те молам. Ова ти го кажувам од што те сакам, и тешко ќе ми падне ако морам да те оставам. А не сакам. Те молам немој.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom