Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драаа ....


Не ми стави ја мајонез у бургерот .... Според Таче,тоа е хибридната војна во Европа со своите последици . Ти плаќаш 160,они нема мајонез .... Сеа пази,ти крадат инфо од ФЗО,ти бараат 50 милиона евра .... Таче,тоа е хибридната војна во Европа ....

Важно немам мајонез. Фак јууууу
 
Шатц,

договорив излегување во Клуб што отвара во 23:45 со друштво од луѓе кои ми се многу мили. Се прибрав дома во 17 и 30, јадев, им пишав каде ќе се чекаме и во колку саатот. Се облеков од долу по пижами, од горе по плетен дуксер дебел ко снежна покривка во кантонот Воле, и сега трпеливо чекам.. не чекам, се надевам - некој да откажи. Прво дома ми е топло, второ не ми е до потни мишки, трето не ми е до место во кое буквално има премногу бели дробови по метар квадратен, а премалку кислород. Четврто ми се гледаат филмој со Сандра Булок. Петто, стареам. Ќе продолжам да го проверувам скринот со надеж дека нешто се сменило. Кошула ќе пеглам во 23:15.
Автоматски споено мислење:

најн! ми вратија време и место ко шо типкав, надвор е толку ладно шо со еден поглед низ прозор ми се чини дека ја читам Гарванот на Едгар.


Еднаш среде полноќ една, покрај стари книги седнат,
дури водев в соба бледна со тајната ука спор,
дури дремлив тонев в скука, зачув некој тропнеж тука,
зачув некој како чука на портата однадвор.
„Некој гостин” – реков, - чука однадвор!”
Тоа сал и ниту збор.

Ах, си спомнам, многу јасно: в декемвриска вечер касна,
жарта в пепелта што згасна го засени мојот взор.
Жедно утрото го пекав; од книгите штуро чекав
спас од болот што ме штрека, бол по еден редок збор,
збор Ленора, свидна мома, тој ангелски убав створ,
Таа вечна неизгор.

А завесата од свила, в пурпур сета што се слила,
грозен шун во себе скрила. На ужас се чиниш створ!
Па срцето дури бие, јас го молам да се свие:
„Некој гост е пти се крие пред портата однадвор –
доцен гост е што се крие пред портата однадвор” –
Тоа сал и ниту збор!

Веднаш срдито се вденав, мигум својот глас го кренав:
„Човек ли сте или жена, простете е мојот збор;
врз клепкиве дремка стежна, а пак вие в ноќва мрежна
тропнавте со усет нежна на вратата однадвор” –
тоа реков, порти ширум отворив и пратив взор –
Надвор мрак и ниту збор!

Длабоко во мракот страшен долго стоев втренчен, вџашен,
сонувајќи сон незнаен ни на еден смртен створ;
Спокој секаде се свлече, мирнотија в ноќта тече,
збор единствен што се рече беше тажен, шепнат збор,
збор, Ленора, што низ ехо се врати одговор.
Тоа сал и ниту збор.

В собата штом дојдов назад, сетив: морници ме лазат,
зачув некој како чука пак со удар тап и спор.
Па си реков: „дај, ќе идам до прозорецот, да видам,
треба сигурен да бидам таен ли е некој створ!-
Да се смирам сал за малку од тропнежот однадвор”-
Вон сал ветер развигор.

Панѕурите штом ги турнав, прекумене нешто јурна,
низ прозорецот се втурна Гарван горд до темен взор.
Ни да климне глава само, ни да запре в таа штама,
но со лик на лорд ил’ дама к’о што дојде однадвор,
врз бистата на Палада, над вратата, овој створ
претна, седна и ни збор!

И со таа птица света, што пред малку тука сета
одважна и строга сета, почнав чуден разговор:
„Бувка немаш да се реси, сепак плашлива ти не си,
грозно, страшно сениште си, Брегот ноќен ти е двор –
речи, какво име носиш в Плутоновиот ти хор?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Станав плен на почудица, кога таа грда птица
ја чув како зборна в мракот сосем јасен одговор!
Никој смртен жив створ вака, среде глува ноќна мрака,
не чул птица да му грака и да му праќа огнен взор –
птица или друга лишка да му праќа огнен взор
со збор еден: „Nevermore!”

Гарванот, штом седна таму, еден збор тој гракна само
в душа божем тој збор може сам да начне разговор.
Друго појќе нид а каже, ни да пафне пердув влажен,
дур не сронив мрмор тажен: „Осамен сум долго створ.
И ти како мојта Надеж исчезнат ќе бидеш створ!”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Изненаден, мигнум трепнав, од одветот негов сепнат,
„Сомневање нема”, шепнав, „Се` е тоа празен збор”.
Од несреќен стопан сметен, кого пропаст го сплете
и го следи уште, ете, до песните преумор,
тажачките песни, припев на Надежта непрегор
од вечното: „Nevermore!”

Но Гарванот грак што срони, макар тажен, в смев ме гони,
па на столот седнав сонлив со втренчен во него взор;
Врз кадифе глава веднам, но ми тежи мисла една,
мисла тажна, мисла бледна: кој е овој зловест створ?
Овој кобен страшен хишник каков ли е судботвор
со своето: „Nevermore!”

В плен на такви мисли седев, птицата со глед ја следев,
без да речам ниту еден, дури ниту еден збор;
В плен на такви мисли вивнат, понабргу потем стивнав
и врз кадифе да здивнам, се отпуштив нем и спор,
врз кадифето кај Она нема веќе к’о жив створ
Пак да седне, „Nevermore!”

Одненадеж, ми се чини, мирис воздухот да прими
божем крилни серафими кадат тамјан беспрекор;
„Страдалнику”, реков тогај, „Ова дар ти е од бога;
по ангели тој ти прати мир и непент којто мати.
Испи го и тогај мора да ja заборавиш Ленора!”
грак се слушна: „Nevermore!”

„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
Сеедно е кој те пратил! Сотона ли, друг ли створ!
Полн со очај, смел ил’ злобен, дојден ваму в крајов кобен,
в дом кај што цари ужас гробен, дај ми искрен одговор:
речи, дали Гилеада има цер за тој што страда?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
Те колнам во тој што в светот владее над секој створ„
Речи и` на мој’ва душа, која јадови ја гушат,
дали повторно ќе ја гушка Ленора со љубен вор?
Дали пак во далек Еден ќе прегрне свиден створ?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Нека биде тој збор сега збор разделбен, а не шега,
птицо или враже, бегај в Плутоновиот ти двор!
Не оставај пердув траги, спомени од твојте лаги,
остави ме в мисли драги, престани со твојот збор!
Од срцево извади го клунот свој, тој клун на нор!
Грак се слушна: „Nevermore!”

А Гарванот ни да претне, ниту пак замиг да летне
од бистата на Палада, туку како кобник створ
над вратата бдее, молчи, со поспани демон-очи,
И врз подот сенка дрочи, без да гракне ниту збор;
и врз таа сенка – темна, душава, знам, веќе нема,
да се крене. „Nevermore!”
 
Последно уредено:
ДК
Одвреме навреме читам....дрн дрн бил убиен еден од водачите на ИД.
...мислам...ова више секој месец тепаат по некој водач. Ајде да кажат командат, поручник итн итн. Не . еден од водачите. Па добро. Нели го квркнаа капо ди тути капи. Нели го квркнаа цел горен ешелон под него. Тогаш како уште имаат ...водачи. Толку ли бил заменлив тој или намерно се глупираат за некоја виша, профитерска цел, или сварно ебано се неспособни. Ајде да беше за виша профитерска цел, ќе направеа спектакл по сите медиуми како што беше со Осама. Или со овој првиов шеф ал багдади. Ама пошто не е така и само спорадично спомињаат дека елеминирале шеф, ме тера да мислам дека се фсушност неспособни и дека го орвелизираат убивањето на некој локален мала ѕверка командант како некој значен воен подвиг.
 
Плата до 15ти. Глобата од 1500 до 3000 евра за работодавачот ако не исплати. Здравство веќе 2 ден се над тој рок.
Кој ќе го казнат?
Никој а?
А викаш казна оти не ти била двојазична касата? Дупи го македончето хехе, малце му е, може да трпи, научено е.
 
Кајг,
пред да се излезе на јавен настап, посебно кога се работи за некоја млада, убава пеачка, мора да внимава што ќе облече, како ќе го искомбинира тоа, не е само плукни залепи!

20230218_145330.jpg20230218_145431.jpg20230218_145502.jpg20230218_145616.jpg

...ниту ја слушнав како испеа, само останав со уста отворена гледајќи ја во смешните кратки панталони од комплет со сако и уште посмешни обувки со број 45 барем визуелно така се гледа, мноооогу невкусно и грдо изгледа!
 
Последно уредено:
Рандом мемори момент...

Много беше гужва по сфи кафане, нигде празно место, седнасмо у едну крш биртију, келнерка ала бело робје, дотерана како матурантка, фаца како на дијазепами,ни здраво ни изволте...
Една шопска една грчка, бокалче жута, бокал вода...
Донасање две сезонски :vozbud:
Еееј девојче...
Ооооу да бееее, вие нарачафте узо!!!
:ROFLMAO:
 
^ фацава испиена со брчките апла му е погодена. Пред секоја коперација, кладилница, коцкарница, некоја институција каде што се чека ред вакви на тони се среќаваат.
 
Драа...

Ги чекам овие паметните кои вложиле многу труд во нивниот "водач" умот (т.е. наоружани со земната мудрост) да се испукаат и после да застанат во ред позади мене затоа што е кажано дека -Оној кој мисли дека знае се,стои позади оној кој не знае ништо..
Ја сум од оние вториве зато и постовите ми се во едвај две-три реченици јебига...:coffee:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom