Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Трошиш време да им кажеш нешто позитивно и утешително кога им треба. А, кога на тебе ти треба такво нешто од нив, ти враќаат со игнор или негатива. Па, уште кога ќе видиш дека на друг за поситен проблем (што дури не е ни проблем, ама ај) одма му даваат утеха или решение, пиши им минус.
Вакви не вредат.
 
Драга,

ко растев во Македонија имаше една девојка во дружината, и секогаш кога тема на разговор беше што ќе бидеме кога ќе порасниме, таа низ подбив велеше дека сакала да биде Памела. Се сеќавам дека е лесно да бидеш понесен од идејата за шега на туѓа сметка, да ја прифатиш како општ факт, go with the flow haha! во група. бедно, но се сеќавам и дека друг дел од мене велеше, колку плитко. Од каде знаеш низ што поминала таа за да се подбиваш со неа - оу вау никој не сака да биде Памела.
Ок, можеби ни Памела не сакала да биде Памела.

Не гледам филмови, немам време. Но вчера викендашки го проспав цел ден и ноќта буден. Читав дека новиот филм за Памела Андерсон - снимен од нејзиниот син, е интересен документарец. Ќе му дадам шанса.
Филмот почна со цитат од нејзина страна, дека речиси секој има тешко детство- себе не се гледа како жртва. Татко алкохоличар, физички ја малтретирал мајка и, живееле на остров крши Ванкувер (Канаѓани се), далеку од цивилизација. Пријателка на мајка и, ги чувала со брат и, ја злоставувала Памела како дете. Најчесто кога деца биваат злоставувани реагираат на два начини според науката Психологија - едниот е сексуална фригидност за цел живот понатака, другиот е хиперсексуалност (евидентен и кај Мерилин). И ова не е опција, уште помалку избор. Хормонална реакција на афект доживеан на рана возраст. За дадаликата, како дете Андерсон мислела, ако го допри брат и, спремна е да ја убие. Другиот ден после тоа, дадилкава умрела во сообрајќајка. Памела сметала дека таа е одговорна за тоа, настан кој го стимулирала со мислите.
Филмот продолжи натаму. Солиден живот, влијание и моќ добива во Калифорнија. Врската со Асанж. Разговори со Фонда. Владимир Путин прзел активности за зачувување на фоки кои живееле на потегот меѓу Русија и Алјаска, поради писмо кое му го пишала таа. Филмот заврши со друг цитат кој со други зборови потврди дека не е жртва. Не сум гледал Bay Watch, поголемиот дел од годините незнаев ни која е. Но ми текна на шегите, после и на мојот став.

До тие кои се подбиваја, во некој друг живот ќе го доживеат тоа од Памела, тогаш ќе научат дали било шега.
 
Последно уредено:
ДК
светот веќе претера со здравоживотни продукти.. Мака, чиа, ѓумбир, куркума.... Значи го претераа! И дедо ми само на чиа од Вега беше цел живот.. Како не .. Јадеше бурек или симит, не пешачеше, не трчаше покрај Кеј, играше карти во маало пред зграда (кога имаше зеленило по Скопјево) и пиеше пиво. Живееше 94 години. Престанете да не труете со здрав живот и здрави намирници!
 
Ставрогин и Костиќ >>>>> тие Зоки моки, Бодирахма и компанија досадни ликови што ги упропастуваат сите теми правејќи си муабет како на чет.

А за тоа највеќе се криви Артемиса и Рон Бургунди што им праат муабет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom