Колку ми се јадни и смешни....оние ликови кои мислат и глумат пред останатите дека ЗНААТ СЕ од одредена професија.
Зборувам за оние професии....каде што има едно дебело стебло и многу гранки.....тоест специјалности.
Ќе се земам прво себе за пример.....ИТ
И покрај навистина долг период од мојот живот посветен на образование.....димпломски, постдипломски студии и понатаму....па потоа сертификации итн
Јас сум стручен и со долгогодишно работно искуство во еден програмски јазик.
Во тој што секојдневно го работам. Таму да, стручен сум.....но таму.
Дали сум најдобар во државата, во светот?......секако дека не!
Од добриот, секогаш има и подобар. Би било илузорно прво да го помислам тоа....а камо ли јавно да се трудам да го докажам.
Алгоритамски, логика....да во глава ми е....но прво синтаксата не ја познавам доволно добро....за да речам дека сум стручен и во други јазици. Иако ако треба....се учи.
Не сум доволно стручен во другите области во ИТ сферата, секако имам основно познавање но далеку од стручен.....како пример, одржување на компјутери, мрежи, датабази, останати програмски јазици....администрација на сервери.....сервис, хардвер....итн
За тие области....си има одлични стручни лица. Јас знам само некоја основа. Но не и доволна....за да речам, не бе седи....јас ќе го решам и тоа. ЈОК! Затоа се вели....секој да си остане во својата специјалност.
Ќе направам споредба на ИТ и Медицина......и во двете професии има практично специјализација во одредена област.....па идеме нагоре во доусовршување на областа во која што си специјализирал. Не мешаме баби и жаби.
Тоа доаѓа исто како да речеме во медицината......ЈАС ЗНАМ СЕ! ЈОК!
Еве пример....мој многу близок роднина.....врвен хирург, познат во целата држава.....оперира тоа и тоа. Таму е експерт.
Но кога пример ме боли грло....и ќе му кажам зирни ме и дали треба да пијам некој антибиотик.....ми вели. Јас после операција давам Амоксиклав.....и се смее. Не зошто го мрзи или не сака.....зошто е искрен пред себе си и другите.
Жена му е специјалист ОРЛ.....па она ќе ме прегледа....и ќе определи што понатаму. Она да....стручна е, секако во својата специјалност.
Имаше се сеќавам....во Шпанските сапуници......еден лекар за се. Истиот и оперира, и дијагностицира....врвен специјалист за се......абе се знае! Ама во Шпанска сапуница.....не во реалниот живот.
Па колку мозок треба да има човек....за прво пред самиот себе да помисли, па дури и да се убеди дека е експерт во сите подкатегории од тоа што го учел.....па дури и да се труди другите да ги убедува во истото. Смешно е, трагикомично, очајно, јадно......ги жалам тие луѓе.