Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Десет години во овој преубав град и на овој мал остров богат со историја и култура. Еден од моите омилени настани:

Ќе ми фали до бол!
 
Пола плата на пиење ја дава, како не му е срам/Шо бе ти сок пиеш, као жените

Неписмен народ бе, земете некоја книга прочитајте/Ај па ти батали тоа учењето, шо корист ќе имаш

Да ви ебам тоа сатанистите, шо ве учеле од дома/Абе остај го по Божјиот пат е тој, ептен забегал у верата

Доста бе националиста, у 19 век ли живеете/Абе се гнасам да јадам од таму, оној црниот ли ќе ме служи

Види ги децава бе од дома не испаѓаат/Гледај бе толкави магариња седнале по паркови, имате ли куќи

Лопови бе, малку ли украдоа и не им е доста, кај ќе им оди душата/Ебате будалата, абе земај шо можеш, на татко ти ли е.

Абе како така ме прашува бе, као овци заедно да сме чувале, свој леб јаде, туѓо гајле бере/Брат ти шо праиш сеа, нели работиш нешто, нели се жениш
 
Повозрасен пар, 50 и кусур години во брак. Се земале после само два месеци врска. Едноставно знаеле дека се еден за друг... Двајцата стравствени љубители на пишаниот збор, со огромна колекција на книги во домот. Човекот поради болест скоро го изгубил видот. Секоја вечер, пред спиење, жена му седи до него и му чита, било смирувачко искуство и за двајцата, а и требало „да се грижиш за партнерот и да го правиш среќен“.
A note to my inner bitch in pms.
 
Македонците вечерва имаат голема подршка од мене!!! Само напред, да славиме во победи и да ги бодриме понатаму да го освојат и финалето.
 
со спремањево за ултрамаратон ем пола плата ми иде на храна ем се направив 30 кила сосе кревет. Перпетум мобиле.
 
ДК,

Се спремам сабота за излегување и татко ми ми дофрлува фаќај ајде женска, што чекаш. Му викам, што бе тато, ти се брза негде?

Не бе, ми враќа, ме виде една роднина денес па ме прашува од кај е девојката на син ти, и реков немаш девојка.

Која е таа роднина, тато? А бе, роднина ни е, ама не ја знаеш.

Му викам, па ти што не си ја слажал дека од странство имам женска... ццц.

Стварно не ја сфаќам логикава на луѓево да се интересираат за приватни работи и тоа луѓе што нит ги знаеш, нит те знаат. На улица да те видат, нема да те познаат здраво да ти речат, ама важно сакаат да знаат од кај имаш девојка, колку плата земаш и слични ствари...

Што би рекол Тоше: "што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи?!"
 
Кога ќе дадат плата во прав момент.

9ad286806874fab50ed8573a0161eefb.jpg


Sent from my SM-A505F using Tapatalk
 
Драга Кеј,

Имам фикс идеа да запишам друг факултет. Настрана. Што значи дека ќе останам без речиси скршена пара и ќе треба да живеам стегнато. Што не ми се прави, со оглед на тоа што сакам да живеам, а не да преживувам.
Друго, дали ќе издржам да терам 2 технички факултети во исто време?
Работа? Социјален живот? Време за себе? Психичка стабилност?

Или да се фокусирам на моменталниов и да растурам во неговата сфера, бидејќи има милион опции во ова доба на тенологии?

Реалноста е, никогаш не му дадов шанса.
А ме бива. За се', де факто и за ништо.

Така можеби ќе имам време да ги научам јазиците што сакам да ги научам, да пробам да научам да свирам на инструмент, да се развивам како личност и да патувам. Да испробам многу нови нешта.
И да имам пари.

Ако некој има мислење по мојов казус и сака да сподели, може слободно да (ми) пише.
Фала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom