Драга,
Денеска ќе сликаат цвеќињата и чоколадите, ланчињата и алките од Пандора или друго срање, као види колку ме поштува појаката половина, срцка е он, душа, гледајте и завидувајте.
Од утре пак истата прича.
Таа ќе ги гледа тоа децата немирни и ќе црека ко ненормална по нив зашто појаката половина му е страв да не го гледаат ко плашило, т.е кутриот не знае и полошо, нејќе да воспитува деца. Во недела она ќе прави генералка, зашто некој мора да му ги стави во машина чорапите и гаќите, тој дали знае што му е чисто и каде му е чистото збутано, во која фиока. Некој мора и јадење да направи, некој мора и да пушти правосмукалка, али во тие моменти појаката половина гледа Премиер лига и не смее да се замара. Нормално, после ќе се жали со колешките како немала време за себе, да исчупа нараат веѓи и да се налакира. Појаката половина се вади на тоа дека и он уствари прави нешто асално во животот, еднаш годишно цепа дрва, или ако треба фотелјата да се премести од една во друга соба. А да, и варосување еднаш на пет години. Амин, и тоа е многу.
Цел живот ги слушам жените како се изморени.
Сами сте си виновни.
Среќен 8ми март.