Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
2019, март. Сеуште постојат ретардоси кои излегуваат во кафич за да се тепаат. Претпоставувам била стандардната причина "шо ми се пулиш бе", тепаниот кај пијан чор, кај тепан па и се извинуваше на крајот, загреота... А претходно друг мангуп од истата група на девојче му викна обезбедување за да си ја земи чашата од нивната маса каде гледаш изнакупиле неколку шишина пијалоци :(

Кој да му каже колку дното му е пробушено, па канцер се фаќа само да ги гледаш како се однесуваат :(
 
Мкц вечер

japanese_subway.gif
 
Готово,Евровизија у Израел ќе биде најлегендарна и најдебилна ..... Абе Исланѓани :tapp::tapp::tapp:

 
Пуштам на Нетфликс и гледам нов документарец за рамна земја 'Behind The Curve' и така малку изневиран што им даваат толку голема платформа да шират глупости си викам ајде ваљда ќе има некоја дискусија каде што некој професор/научник ќе ги шамара тоа 'реднеците'.

За кој сака да го гледа и да изгуби 1ч и 35 минути, а за тие што не сакаат да гледаат доволно е да отидете последните неколку минути кога 'рамнашите' ќе прават експеримент и ќе се побијат во сопствениот документарец.

Пуштам и цел документарец ги следи рамниве и тоа билдање на нервоза 1 саат и 34 минути, и онака ти доаѓа да видиш некој рамнаш у живо и се по список да му наредиш и да му објасниш колку е глуп.

Но режисеров од време на време пушта некои изјави од научници и професори кои цело време повикуваат да не се вреѓаат тие луѓе пошто колку повеќе ги исмеваш тие се затвараат и се отуѓуваат, па дава пример каде што се разведуваат од жените зашто не мислат исто, децата се откажуваат од родители, родени браќа не сакаат очи да си видат. Дадоа еден јадник кој се одкажал од цела фамилија и сите другари и сега единствен контакт му се други 'рамнаши'.

Како група стануваат изолирани и токсични и цело време се повикува на дебата со факти и без вреѓање кога се прави муабет со такви лица.... Но кој би имал такви нерви?

Документарецот на крај заврши со експеримент направен од самите 'рамнаши' каде се побија и излезе дека земјата е рамна. Фацата на рамнашот беше безценета, подзинат и разочаран со насолзени очи. Течат кредитите се појавува нова сцена која вика после 2 дена излегле со тврдење дека во експериментот сметала тревата, имало одблесок и разни други глупости и пак продолжуваат по свое да тврдат :pos:.

Според мене фалеше уште една сцена каде што истите професори кои повикуваа на смиреност и без вреѓање да им упаднат на сред конференција и да ги направат партал.
 
Кајги,се појави еден странец кој повеќе ми помага од оние кои ми се крв.
Добар,пријатен,симпатичен и згоден,а најмногу,вистински човек.
Срцево ми трепери поради него. :ljubove:
 
Ќе ги деактивираш сите можни социјални мрежи и ќе се почувствуваш полесно, големо ослободување од негативни луѓе и ќе се покаеш зошто не си го направил истото порано.
Убав почеток на неделата.
 
Ако сакате да си приуштите забава и да видите до кај е IQто на нашиов народ, заследете некоја македонска малопродажна фирма - мебел, компјутери, работи за дома итн. Освен стандардните CENA CENA CENA постови иако нели од баблот со цена не ја гледаш косилката за трева, чекајте ги коментарите на Македонецот ден откако ќе измине акцијата и производот пак е назад по редовната цена. Сите му се криви што не ја видел акцијата на време, од фирмата, преку Цукерберг што мати таму бизниси со такви преваранти (скраја да е да истече рокот на промотивниот производ) до политичарите што ни ја намалиле платежната моќ :icon_lol: :icon_lol:
 
MIKROMUSIC Koniec zimy (Mikromusic z Dolnej Półki - Official Acoustic Live Video)

Снимено е на покривот на универзитетската зграда во Вроцлав. Минатиот месец. Кој сака да чуе добар и популарен бенд нека ги чуе. И така има панорамски преглед на Вроцлав, барем универзитетската околина. Денес на колегата му се јави еден професор од тука кој зборува одлично македонски и треба да се сретнеме наскоро, да, ги има и такви будали слависти, што се посветиле на македонскиот јазик.
 
Кајг,
види ја оваа ароганција и цинизам, а богами и неплашење од надприродна сила, па макар таа сила се викала - Господ, денес во јавната расправа во Собранието! клик!

16418487119_ca84d80f66_b.jpg


...денешен „бисер“ кажан од правник, воедно на позиција директор на Хелсиншки комитет на РМ, Уранија Пировска (Bachelor of Laws Executive Director) во врска со расправијата за новиот закон за абортус:


видео 0 : 54 ,,... патем јас се надевам дека нема да ги навредам...и ако ги навредам па сеааа и ако ги навредам можат да ме тужат ...и онака секогаш Господ секогаш и бил најголем непријател на жената! “ :facepalm:
 
Се спремам да си легнам и кога наеднаш слушам некој прво тап звук за потоа да прерасне во гласно БЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗ...некое копиле во зградава земал да БУШИ со БОРМАШНИНА во 23:58 минути. Алоооо бе имате ли осет малку, имате ли мозок во тоа тиквата смрдена?
Па на запад не смееш вода во тоалет да пуштиш после 22 часот бе ви ебам тоа копиљињата заостанати од господ утепани :mad::tapp::tapp:

Еве го додека пишувам со чекан почна да лупа сега :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom