Long time, no see.

Кајгич, ќе ти опишам една случка, од пред некој ден, па ти ќе сфатиш како ми се одвивале сиве овие месеци што ти се немам ,,исповедано".
Наводно, правев макарони потпечени со сирење, ништо посебно. Само малку така расеана (ко и обично), сум ја заборавила ринглата уклучена на најјако (си работела едно половина час на празно, поцрвенета плотната веќе), а јас несакајќи, врз неа сум оставила пешкирче. И наместо ко секој разумен и нормален човек, да се свртам крши и да го ставам веќе пола запаленото пешкирче под чешма... јас го зимам во рака, поима неам што да правам со него, го носам во терпезаријата, притоа ми паѓа делче од пешкирот што веќе е запалено врз тепихот, со жарчиња, со све. Ме фаќа паника, со пешкирчето што веќе гори (

) пробувам да ги изгасам жарчињата. Сфаќам дека носам папучи и некако ги угаснав. Е сеа, со целото разгорено пешкирче одам во дневна, држејќи го со два прста, да не се запалам и јас, и на крај го носам на тераса и тука ми светнува - Шо мајка барам ја на тераса?????!!! Среќа мајка ми ме виде, ја чекав да наполни шише со вода и така го гасевме, пошто ризик беше да се враќам со оган внатре. Дур сите комшии и поминувачи се чудеа што правиме. Дома од задименост прст пред око не се гледаше, пола саат се ветрееше.

Во моја одбрана, теписите се секако купени од пари што сум ги собирала ко мала за родендени, така што практично и да не сум крива за бељата.
После тоа гледавме Брза кујна на тв со моите, им викам - Види ги бе, имаат уште една минута фора, а се влечкаат, ја така главата нема да знам каде ми е. Мајка ми ми вика, ти студиото ќе го запалеше.

Ок, не е смешно.

Ама што знам, ваљда поубаво се осеќам кога на секоја моја глупост, има некој што со насмевка ми враќа - Тебе да те нема, ќе треба да те измислат.

Имам уште еден куп патешествија, ама кој да ги памти веќе. Довиннџења.
