Фрос имаше нешто на фб постирано околу пајак и кревање коли па ме потсети да пишам вчера што видов. Идам по Рузвелтова, значи од Илинденска нели вртам лево, искачам на Рузвелтова и одма после поминувањето на првиот семафор доаѓаат од десно неколку кафичи. Тука имаше два пајаци застанато ама по еден во лента, а на улицата има вкупно 4 ленти, две за едниот правец две за другиот правец.

И фино лепо цел сообраќај блокиран, полицијата + луѓето што ги возеа пајаците оправаа криви дрини со возачите на паркираните коли на среде улица, нервози, свирења итн итн.
Јас сум прв за правилно спроведување на законите, нека ги казнат сите што се погрешно паркирани, ама да го ебам не мора при извршувањето на една работа да усерете уште 500 други и да предизвикате 300 нервози кај останатите. Барем да беа паркирани пајаците во најдесната лента и да имаше една проодна лента за останатите возачи, сепак Рузвелтова не е некое сокаче, прометна улица е.
А и овие дебиливе што паркираат не ги сфаќам, отишол на кафе у Галери и паркирал на улицата. Зашо? Да ја гледал колата да не му ја изгребе некој. WOWOWOWOWWOWOW божем Бентли возиш па ќе ти ја гребе некој колата све ти ебам.