Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Никој кој има барем малку добрина во себе не може да се радува на ова тоа е само на зборови да видаат снимки и слики најголемиот дел од овие кои плукаат ќе им заигра срцето од тага.Самата помисла дека има изгорени деца те растажува.Ама нема потреба да се правиме Терези зошто Грците имаат пролеано толку наша крв и сеуште кога би можеле би не убивале.И ова со донирањето за нене е жива глупост.Кои ни донираше нас за поплавите па сега ние да помагаме.Еве добро Јапонија ни има многу помогната со донации ама сигурно нема да ни бомбардираат ако не донираме.Убаво напишал некој погоре владата нема пари за своите граѓани да ги обештети а дава на други.
Нека почиваат во мир настраданите и Бог нека им помогне.
Ама не треба да се заборават и ѕверствата кои ги имаат направено.

"Крвта на Бугарите течеше како од чешма... зошто ги болеше душата и лудост опфатена од одмаздителите" дел од поемата на Павлос Гипарис за масакрот во Загоричани. Живи горени и колени над 100 тина души во двата масакри, 1903 и 1905 г. Во 1945 г. живи горени со напалм по Беломорските планини - невини жени, дечиња, стари и млади.
 
Ние Македонците во принцип сме многу фин народ.
Освен кога Хрватска губи во фудбал од Франција. Тогаш сме расисти.
Или кога има катастрофа во Грција. Тогаш сме кретени.
 
Дај кажете и нешто убаво.

Си давам совет на себеси:
Кога станувам изреволтиран, да се проверам:

* дали ми е исправен грбот

Редовно откривам дека во 95% случаи сум незадоволен ако не и бесен во време кога сум си дозволил да се згрбавам.

Кога видам колку луѓе наоколу се згрбавени, ... можеш да замислиш колку „култура“ на правилно држење на тело би елиминирала напнатости и конфликти, и преку тоа во крајна линија би намалила бројност на смртни случаи.

* како се чувствувам низ телото, дали имам некоја тегоба

Анегдотско искуство ми укажува дека постои висока корелација меѓу телесни тегоби и емоционална негативност. Се случи ли да некој напрасно станал лесно изиритиран, избувлив и „невозможен“, честопати или е болен, или подоцна, понекогаш предоцна се открива бил болен.

И уште едно нешто се подсетувам да се проверам кога сум незадоволен: како стојам со моите задачи, сум направил ли све што треба.
Откривам дека изреволтираност е добар индикатор дека сум направил пропуст во мои должности, моја работа.
 
Некој да ми ја прати сликата каде што е нацртано како Турци му ја силуваат фамилијата на еден поп додека овој седи врзан и гледа, и слични такви слики од времето на турското ропство? Фала.
 
К.

Нема нешто у последно време шо ме курчи повише од паркирано рандом Мерцедес S500,БМВ Х6 или Ауди А7 паркирано на место за инвалиди у Сити Мол. Онака,ме вади од такт буквално..секоја чест на "мангупите",ние другите будали сме што не ги оставаме колите на тие места.
 
Последно уредено:
Кајг,
му велам оти машко седење е со раширени нозе и дека не смее да седи нога над нога повеќе од 20 минути не ми верва ме прашва заш, е не му кажвам :nesumjas:

335e19b05658df5b8bb3fa54b75e7cb7.jpg
main-qimg-cd1116ffaadb723f9451dcadbecd8dc3-c
 
Овие чоколадите „Најлешпе жеље“ доаѓаат како „кец на десетка“ за оние кои не сакаат да трошат многу на подароци. Ем не мора да даваат повеќе пари за Милка или Тоблероне, ем ќе речат „Еве чоколадо за сите желби да ти се исполнат“.

П.С. Ова ми е 777-ми пост на Кајгана. Ептен убаво ми изгледа оваа бројка, барем подобра од 666. ;)
 

Скопје 1977

Јас го памтам од 80-ти, не беше многу поразлично од ова.
Скопје без доградби, надградби, тенеќиња, без гаќи по балконите, без најлонски тераси на кафаните, без пиперки и патлиџани пред продавниците, без ѓубре во тревата, без ѓубре по тротоарите, со чисти коли, пристојно облечени луѓе, зеленило....многу обеќаваше.
Денешниов ден ги слушам причите на моите (што останаа живи), кој каде и како го преживеал земјотресот, кој спасил дупе пошо бил на одмор...кој ја немал таа среќа...
 
Во градов има 5-6 билборди дека во Охрид ке одржат концерт "порно" дивата и транвеститот од звезде гранда, а нигде нема дека доаѓаат Димитри Вегас, Лајк Мајк, Џекс Џонс и Армин ван Бурен. Да се плукнам у менталитетот сељачки
 
Драга Кеј

Возачиве, со чест на исклучоци, уште ненаучија кој има предност на кружен тек.
Неделава, што идам до работа и дома, и обратно, веќе имаше две на кружен тек.
Септември коа сите ќе се вратат од одмори валда ќе има уште, лани така беше, на секој ќош сообраќајка.
Море сите да ги вратат на одново полагање тестови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom