Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се свиѓа шо никој не го есапи форсирањето на онаа новокомпонирана песничка за коледе.
 
Кај нас само комшијата Жаре со ќерката и синот на коледе.

Станавме толку сиромашен народ што ваљда родителите у МКД им викаат на децава „немој да одите на коледе, трошок им е на луѓево“.
 
C1fPsxMXcAAZuh1.jpg



Издржете лавови наши македонски! Срце на терен! Да ги поддржиме хероите!
 
Последно уредено:
I have a dream да го напраам форумов ко фејсбук па сите да редат слики од бадниковата трпеза и да ја шират радосната вест кај кого се паднало паричето !
 
Значи толку сум разочарана шо не можам да опишам. Прв пат во моите 24 години нема да бидам дома за Бадник, што ми е омилен празник. И зошто? Зашто не знаеме со еден снег да се справиме од 10-20цм, држава че градиме. Арно си рекол Цацко това треба да се убие или ај ќе бидам поблага ``истреби`` ќе речам. Па организирај се бе мајка му стара две недели го најавуваат ова, па кризни штабови се свикуваат ова она, за шо се припремале, за на лето? Еее бре Македонијо....
 
Kako najcitana i najposetuvana tema, bi pobaral mala pomos ovde od vas...

Sakam da zemam kucence, Labrador. Bi sakal da bide od dobro leglo, dokolku nekoj poznava ili ima, bi bil blagodaren dokolku me iskontaktira vo poraka.

Vi blagodaram.
 
@Peja989
Не е до сиромаштијата туку до нанталитетот и родителите. Порано во радиус од 100м имаше по 10 деца, а сега се по 2-3 деца. Две од тие три деца мамичка нема да им даде да излезат оти е ладно и ќе настинат, а можно е да ги киднапира некој чичко, знаеш во наше време немаше студ и лоши чичковци. И сега да сака некое дете да оди на коледе не може оти ќе треба сам да оди да пее.

Бонус, маливе имаат друго размислување од нас поради тоа што се поразгалени. ,, Да бе ќе станувам сабајле за да мрзнам за 100ден, тато ќе ми ги даде,,. Ние порано одвај чекавме да дојде овој ден за да собереме пари за да ги поебеме во играчница.

Иначе кај мене вистински коледар не дошол веќе 5год. Идеа едно време ромиве, ама сега и нив ги снема и 2год никој не ни дошол.
 
@Blade Torch ако толку ти се нажали за let it snow од Синатра оди со возот повози се, вчера на рипит беше цел пат.

Инаку заебана работа е со снегот на балканот, посебно вака кога изненадува и паѓа на зима.
Не можам да го најдам видеото од минатата година со едно чиче што оди по камиончето од Македонија пат и со лопата расфрла песок, али еве од побратимите наши од Босна имаат слична полуавтоматска процедура како таа во Македонија.
 
Драга,

Честито 2017 и нови справувања, стравувања, сонувања.

Бадник, кај моите дома. Истите нешта, во луп. Макало, тегнета пита со зелка, риба по старски со морков и рузмарин, гравче... Паричката кај татко. Ако. Преброди тешка година, белким ќе му донесе радост оваа. Снегот, лапавицата, немањето држава е нашето секојдневие. Вчера пред Коледе, кај него спремив колачиња, ситни парички. Во 4:47 (точно ова време, погледнав на мобилен), два три баритона со ромска верзија на Коледе се истопорија на врата. Деца немаше.

Жалостии. Другите врати со ливче - НЕ ЅВОНИ, СПИЕМЕ; ИМА БЕБЕ, ВЕ МОЛИМЕ НЕ ТРОПАЈТЕ.

Останаа костените и чоколадите.
Тој е болен. Секој ден смутиња со ѓумбир, портокали и живот. Среќното семејство во Македонија е од три члена. Јас, тој и Нутрибулетот. И плановите за наредната година. Стан, перници. Средба со моите, сарми. До каде сте со живот заедно, ќе заиграме ли оро. Небаре, ако се решиш за брак, ќе доживеат 133 години и ќе се спаси светот.

Се изначитав за и против огнови, за и против картички на автобуските линии, за и против животот. Уморна сум. И здебелена. И слушам Френк Синатра со божиќни песни. И јадам Милка со лешици на биро, како кога пишував семинарски за Чистото и опасното во културата, на свои кревки 20.

Девет години потоа, имам многу повеќе на ум, многу повеќе изоден друм. Сакам само здравје и саглам памет, оти како проаѓа време, гледам дека пролупуваат мошне голем број и од луѓето што ги сметав или ми се чинеа нормални. Дали е до сиромаштијата и во џебот и во духот или е просто малограѓанската формулација што ги обвива како топло ќебе од кое не сакаат да излезат, не знам. Ама знам дека ние се гушиме во гадотија. Поприлично долго време, а еве дојде и мојата возраст да го тоа јас уочам, што би се рекло.
Изгледавме сто филмови за празниците, а Before the flood ми остави онака, беден вкус oтпосле. Покрај тешката прикаска, нешто беше нечесно, нешто беше лажно во целиот тој кастинг, усиленост во интервјуата... Или можда превише реалност се изнагледав.
Важно е дека Love Actually е прекрасен филм кој вреди да се гледа одново и одново.

Утре, по сета трпеза и се’ што ви останува за јадење, ако имате вишок, не го фрлајте. Донесете го во 12:30 на Мајка Тереза, се собираат бездомници, а со екипава на #ретвитниоброк ќе им однесеме готвени оброци, по нешто слатко, овошје. Срамота е да се фрла, да се биде циција и да се биде скот во време како ова невреме. Затоа - донирајте, споделете.

А во вторник, нов циклус Астални Проекции. Ве очекуваме, баш со радост на родители. Стануваме се’ посвесни дека само уметноста е спасот, иако и таму има тон ѓаоли што перат парички. Не Бадникови, секако.

М.
 
Еднаш ќе се собереме цело семејство филм да гледаме и ќе се прснат од ебење на филмот...Едно незгодно коа ќе почне таа сцената сите ќутиме и гледаме еден во друг ти ебам животот:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom