Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга Кајги,

Ги откопчав и трите копчиња на овие фармерките со висок струк за да почнам да пишувам послободно. Се прејадов пита и постсвадбена депресија денес. И ми текна за кој ја отворив категоријава и немам шо да кажам повеќе. Од следново.

За другарка ми. На која не сум и недостигала од јули у животот. Која после скоро осум години другарство на нејзини 22 години реши дека јас повеќе не сум и потребна у животот. На која не сум и недостигала за да споделува работи со мене. Добро, не се лутам јас. Едно нешто само сакам да кажам.

Повеќе од пропуштени љубови во животот болат пропуштени шанси за поправање другарство. Гледај на 25 да не се покаеш. Гледај денешните пријатели за кои ме заменуваш, за кои десет пара наводници не се доволни, да не си отидат. Се надевам дека кога ќе го сфатиш тоа ќе научиш да живееш со изборите во твојот живот, затоа што сега се уште не си свесна за последиците. Гледај да не се вратиш. Оти ништо друго нема да те чека освен затворена врата.

Само тебе сум те пробала да те вратам у животот. Ни мажи ни бутур. И ти не сакаше. Има и полоши работи у животот, да.

На здравје неделата.
 
Како би поднела една иницијатива да се забрани работење у недела, државен празник да биде за сите, во спротивно, да го прекрстат во ``празник за администрацијата``, а не тука да морам да работам и на 31ви и на 1ви на шо личи тоа? Колку и да не ти значи нова година и сл. човек си бре, фамилија имаш...глупости!
 
Се заслушав музика од нашиот Иван Терзиев. Што да се каже? Музиката зборува. Композиториште.
Штета што од 10 души во државава едвај 1 ќе има чуено за него.
И приказните наши немаше да бидат тоа-тоа без неговите ремек-дела.
:cuc:
 
д.....да не отварам нова тема ама ај овде
почина Весна Вулович на 67 години (у том Београду)
 
Страв ми е да помислам каква иднина го очекуваше

tumblr_lxap04OmlF1r5yv0zo1_1280.jpg
 
Некој талент година дена го користел мојот гугл акаунт на неговиот мобилен, денеска предновогодишно го частев еден фактори ресет, нека се сликат сеа.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom