Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Добро, дали најмуваат сериски убијци ко дизајнери за смајлињата на фејсбук и вајбер?

njjqe2lm5
 


.
eee.... ние деца родени 50 и неке, сите дома се враќавме со вакви ливчиња од школо некој ден пред 29 ноември, тоа е покана за родителите за приредбите и свеченоста, а тоа го допишало некое дете.
 
Последно уредено:
Од рубриката "јсп нервози" , во последно време попрво би слушал пензионери што навраќаат спомени од ЈНА, него цмокање меѓу заљубени тинејџери. Леле звукот језив, леле ми иде да им ги удрам главите една од друга. Демек не може 10 минути да додржат, мора да се лапаат во јавниот превоз <3
Абе не сте налетале на тој стариот што го дрви во среде автобус, ќе ви дојде паметот за пристојно однесување. :pos:
Нема поубаво од кола да си имаш...
 
Мислам дека желбите не ми се исполнуваат туку така, дека си ги исполнувам сам, и ако некој ми рече да, ти се исполни тоа и тоа, не го доделувам на заслуга на универзумот, туку на своја сопствена. Отсекогаш сакав да шетам гладен во Прага, толку едноставно, јас и градот и ништо помеѓу нас. Шетав, работев, направив се што сакав да направам таму, го победив себепостоењето и се пронајдов себеси после толку лутање низ него.

Знам да чекорам низ места, да влезам во куќа или во таа убава девојка, да допрам нешта и од сите нив да направам дом, да ги гледам на начин на кој не знаат дека можат да бидат видени, да им покажам дека не се обични, секојдневи. Да живеам во полупразен стан и да го одберам столчето покрај масата во кујната, да створам удобност, и после толку години поминати во тој стан, кога подоцна некој ќе го спомене, да речам да, таму беше убаво, седејќи на столот пишував тикет или не правев ништо, а кога ја сакам таа девојка, да и покажам каде тревата е позелена кога врне, да и го откријам мирисот на кожата после истиот тој стар дожд, миењето заби, телото е Гетсиманска градина, моментот на неизбежна разделба помеѓу двајца, премреноста на глуварчињата во слаб ветер, слики.

Така и од Прага направив нешто свое, шетајќи низ уличките под Карлов мост и на него, во ладовината што ја прават мртвите статуи или заморот на уличните продавачи. Духот на градот е силен и неговата тага е насекаде, правејќи сојузник од маглата во доцна ноќ, мојот прв допир со него, доцна ноќ на мостот и маглата од која не можев да ја видам реката, музиката и помислата на тебе. Да чекорам по мостот, да се потпирам гледајќи најдалеку, да помислам на тебе и да откријам дека во тебе видов се што можеше да се види; тоа е мојата катарза. Убаво е. Жив сум.
 
Бебоооо 23 ги напунив, готово сериозен човек сум станал. Од лани што си дадов за челинџ не исполнив ни 50%. Затоа оваа година ќе си дадам само една задача, а тоа е Емили да ми падне во раце. :D

Sent from mTalk
 
Дочекавме дебата или „дебата“, после онаа на Ѓорѓе и Фрчко, кога Фрчко му се обраќаше со „Џорџееееее......Џорџееееееееееее“. Се надевам дека до избори ќе соберат храброст (жими куроф) и мртвите зз и нг да се соочат а не само ко кучињава подоле да се лаат.

tumblr_n8dbyukC7c1qdlh1io1_400.gif


 
Најлошо е да си сам на себеси гневен. Најчесто, така и бидува.

Да си гневен на друг ќе се скараш, ќе јадеш гомна за него, ќе го убиваш на болни начини во мислите. Да си гневен на партнерот ќе разговараш и ќе ја смириш ситуацијата, ќе си изнаречете се и сешто, ќе раскинете па ќе најдеш некоја курава за да ти се излади крвта.

А, вака што ми останува? Сам да си удирам шамари?

 
Рускио на фесјбукот посабајлечки споделува статија:
Еве зошто бремените жени треба да имаат секс речиси секој ден

А потоа следи коментар негов: PRED DA IZLEZI MALIO DA VIDI SO KUR GO DELKA

Ај добро утро :icon_lol:.
 
Синоќа пазарувам, си одам дома, вадам се од џебовите и гледам на електрикот (или некои што го викаат ,,батериска ламба'') на магнетот залепено едно денарче. Си велам, чекај бе, нели од бакар/месинг се правени монетите, од кога ставаат и железо во нив, вака ја вртам, ја разгледувам, има посветла боја но пак не игледа некоја ептен нова, да сјае, гледам одзади произведена 2016та. Баш ме интересира дали новите монети се вакви или пак има некои фалсификати, кој ќе ти каже. А и планирам во банката да се избрукам да ја однесам, не дека се замарам или нешто друго, но чосто за информација. Баш најдите и вие ако можете некоја монета од 2016та и пробајте ја со магнет.
 
Драга Кајгана,
Периодов се наоѓам во таква состојба, каде можам да кажам дека одлучувам и за мојата иднина. Знам дека ако направам чекор напред можам да успеам, но и подоцна да се кајам и до се сносам со тешки последици. А од друга страна па сакам да одам напред, да видам дали ќе биде нешто на подобро, да го остварам она за кое некогаш викав дека ми е цел, но не сакам поради успехот да изгубам од добрината која ја живеам сега. Се чувствувам како да одам по пат кој за неколку метри се разделува на неколку други патчиња, а сите тие други патчиња носат некоја своја опасност, но можеби и успех.
:unsure:
 
Лош Грујо , само дрва сади во трошок ја става државата.
Лош Грујо , само дрва сече за урбаната мафија да гради.
Лош Грујо , загадена држава оти се грееме на дрва.
Лош Грујо , пак нема дрва за греење , или и да има скапи се.

Истите ликови шо плачеа по фб пред 3-4 месеци оти неможат да се снабдат со дрва , сега плачат оти трошок биле тие 2.6 милиони дрвца. :LOL: Секоја година истото сценарио го гледаме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom