Др. Хаус ванаби "идеологија"

  • Креатор на темата Креатор на темата ada
  • Време на започнување Време на започнување
Јас би поставила прашање на прашање..замислете си го Др. Хаус ( односно глумецот) во улога на хуманист, добричина, наивец, културен, филантроп, дружељубив, без ронка лоша мисла, едноставно позитивец....дали тогаш ќе ја сакавте/сакав серијата и ќе ви/ни беше омилен лик?

мене лично ме привлекува начинот на кој тој ( односно сценаристите) го смислиле и го поставиле....немам примедби се додека сето тоа се случува во сериите..но кога ќе прејде во реалноста не би можела да ги сварам. карактеристике кои на почетокот беа набројани од Ада..посебно што секојднвено се среќаваме со слични личности на кој радо би им :sakas_ustго сменила личниот опис.

Не знам другите, јас... хм... веројатно не. А сега ми е баш кул. Ама ја од секогаш сум кажал дека сакам холивуд, има стил едноставно, бидејќи сметам дека филмската уметност треба да биде уметност... а тој збор сам по себе го поврзувам со имагинација. Да биде нешто на ТВ кое не може да се деси у реалноста. :)

Широките американски народни маси кои се узор за светот се палат на car chases, bombs and guns. Работи кои се лоши, бидејќи сакаат малку промена од дневната монотонија. И тоа е сосема океј ако го гледаат возрасни и ментално изградени личности, а не деца во тела од 20 години и повозрасни. :tv:
ada напиша:
Оттаму, да не се залажуваме дека нашата агресивна "искреност" има витешки цели, да ги отвори очите на заспаниот свет...таа така само се оправдува. А, у суштина е едино потврдување на личното его, кое си вика ја сум посебно, јас гледам и знам, вие сте слепи и глупи. Класично мастурбирање на сопствената слика за посебност. Плус и лицемерие има у ситуацијава...Лицемерие у тоа што се лажеме себе дека работиме на сеопшта ренесанса и прогледување, кога всушност само себе сакаме да се оправдаме.
:cuc:
Секогаш е така, не знам зошто... :toe: Политичариве, застануваат на говорница и викаат ние ќе ве однесеме напред, оно војни. Правниците ќе те стрпаат у затвор невин за 20% провизија. За 30% ќе те стрпаат па ќе те извадат од затвор.

Најголемиот “месаја“ кој ќе се појави е и најголем лажго. Вистината се тера без многу фама и галама, бидејќи сама по себе е кротка, мирна и без потреба од признавање за истата. Ако се галами за неа, тогаш не ни е важна вистината, туку нарцисоидноста и горделивоста.
 
Конечно некој призна дека Исус бил лажливо копиле. :pipi:
 
:pos: Прво треба да признаам дека Исус воопшто некогаш одел по земјата, а потоа да признаам дека бил лажливо копиле.
Зарем конечно јас и ти би се сложиле, делумно, на некоја тема. :pos:
У кој дел(ови) од "биографијата" конкретно лаже?
Само се надоврзував на предходен муабет, а темата не е религиозна, ама ако треба да ја претвориме во таква, нема проблем.
 
Има проблем, затова доста со тој муабет :)

Или поставете го Хаус на ниво на божество, антипод на Исус (но не скроз сатанистички) и коментирајте „по тема“ :)
 
Има проблем, затова доста со тој муабет :)

Или поставете го Хаус на ниво на божество, антипод на Исус (но не скроз сатанистички) и коментирајте „по тема“ :)
Зошто би имало проблем?

Збориме за стереотипи, збориме за copy-cats, збориме за новите богови...Збориме за 20-от и 21-от век.

А, ако нешто, низ овој период, е доведено до презаситеност и баналност, тоа се сите теории кои се базираат единствено на мотивот да ја докажат "неподобноста" на Исус и неговото учење. Всушност, и самиот главен лик од серијата, не пропушта епизода за да не потесети на тоа, а и ни се презентира како супститут на секоја, па и христијанската религија.

На почетокот тоа било, со Ниче и Фројд, револуционерно ослободување од стегите, денес веќе комерцијала, која иде накај својата декомпозиција, или залез.

Ствараме нови мини божества. Ги следиме.
Затоа, баш би било интересно, и у склоп со темава, да направиме и една таква анализа.

Што, персонифицирано во Исус и неговото учење толку гневи?
Какви алтернативи му создаваме?
Итд, итд.

Има бе место Серпико за муабет и околу ова, без да навлеземе у чисто теолошки дебати, туку да се позанимавме со психологија и филозофија.

Thus, Сатори, ако сеуште сакаш да продискутираме околу "лагите" на Исус, повели:smir:
 
... а и ни се презентира како супститут на секоја, па и христијанската религија...

Ете де, вака немат проблем :) Вопрочем, то и сугерирав ле, од страв дека ти и сатори ќе стапите во фундаменталистички костец и ќе заборајме на убајната на Хаус и пустата желба да се убедиме дека прајме арно и се спознаваме себеси презентирајќи некаква моќ на асална опсервација на некој енглез од телевизор.

Ај кеннот уеит :)
 
... ќе заборајме на убајната на Хаус и пустата желба да се убедиме дека прајме арно и се спознаваме себеси презентирајќи некаква моќ на асална опсервација на некој енглез од телевизор.

Ај кеннот уеит :)
Енд вајл ви вејт, ан интермецо

Енглезот од телевизија, е само рефлексија на г..овај водата у која пливаме најмалку 50 години.
Енглезот од телевизија е синоним за овчарот на нашето современо стадо.
Бројни негови јагненца и низ странициве на форумов трчкаат и пасат.

Па, ваљда е валидно барем да се прашаме зошто.

А, одговорот, не ни мора да го најдеме.
Нека остане непознаница како отставките на Боцевски и Санадер :(
Пошо, шпекулирањето е она интересното.
 
Претеруваш. Хјулоризирано-телевизиските симптоми кои магичната кутија ни ги нуди денес се присутни повеќе илјади години. Шпекулирањето e се шо некогаш ќе имаме, трагајќи по спознанието или бетер, по вистината [mode>House>on] шо е идиотизам сам по себе и работа за луѓе шо имаат досаден живот, мислам, која е поентата да веруваш во пронаоѓање на нешто шо когнитивно е апсурдно [mode>House>off]. Па така, јас шпекулирам дека и Санадер и Боцевски имаат една клучна заедничка причина поради која се повлекоа. [House mode on] Но сега не е време да мислам на нив, загрижен сум за остатокот од светот кој тешко ќе го преброди нивното „адиос“, оставајќи не на цедило сами да се справуваме со бремето кое го носи далечинскиот управувач [House mode off].

Сакав да кажам, не е арно Хауса абортиран комунист да го прајш :))
 
Валидно (читај искрено) е да речеш: Ме боли левото..уво за Хаус, шмаус, мотиви, шпекулирања, ако ви е досадно занимавајте се со тоа. Ми личите на лузери и тапа сте. Гет а лајф, фор факс сејк.

Не баш валидно (читај искрено) е да речеш: Претеруваш, вистината не може да се најде, све е шпекулација...(ја не знам зошто уопште постојам на земјава, па еве пак постојам, и негде измеѓу денешното мени и тв вестите, се прашувам зошто, иако очигледно е когнитивно апсурдно прашањето).

Пак ќе речам, Хаус не е само главниот лик у серијата. И Хаус модот постоел како изолиран случај, од Диоген (првиот историски верифициран) натака. Последниов пола век е друга ситуација. Не баш изолирана.
 
Мислам дека ликот на докторот е привлечен затоа што претставува одличен пример за неповредлива, недопирлива, нескршлива индивидуа која се крие зад иронијата, односно сарказмот. Повеќе импонира неговата зачауреност, која го прави или треба да го прави неранлив, отколку мангуплакот. Неранливоста или добро одглумената неранливост, способноста за секое лонче да се најде капаче, односно генијалноста се особини кои се многу потребни во денешно време. Тешко е да се помисли дека некој како Хаус би бил лесна мета за мобинг, нели? Башка, типот е полуинвалид, се дрогира и пак ги подебава сите околу него.
Луѓето денес се главно осамени и плашливи, лесно кршливи и немоќни.
А Хаус им е некако близок - (анти)јунак, своевиден фрик, нерд со кого полесно се поврзуваат отколку со Бетмен, на пример, кој не пие апчиња за болки.
 
Валидно (читај искрено) е да речеш: Ме боли левото..уво за Хуас, шмаус, мотиви, шпекулирања, ако ви е досадно занимавајте се со тоа. Ми личите на лузери и тапа сте.

Не баш валидно (читај искрено) е да речеш: Претеруваш, вистината не може да се најде, све е шпекулација...(ја не знам зошто уопште постојам на земјава, па еве пак постојам, и негде измеѓу денешното мени и тв вестите, се прашувам зошто, иако очигледно е когнитивно апсурдно прашањето).

Пак ќе речам, Хаус не е само главниот лик у серијата. И Хаус модот постоел како изолиран случај, од Диоген (првиот историски верифициран) натака. Последниов пола век е друга ситуација. Не баш изолирана.

Галиба не се разбираме меѓу редојве, па се доведвам во ситуација да ти кажам дек е појќе од апсурдно она шо восприемајќи те го сконтав ко твоја теорија - Хаус модот, т.е. она шо го репрезентират бил изолиран случај до пред 50 или 500 години. (Галиба = веројатно, сакаш да учиш нови зборој, то знам :) ).

И од кога искреното е валидно? Искрено мислам дека сте тапа. Еднакво искрено, не сакам да ве навредам кажувајќи ви го тоа. Кој мод е валиден? Шо е то шо терат да дркаме на директната крајно (во смисол на епилог и рационализација) хумана искреност која сервирана на начинот на јебени Хаус ќе те исчукат од земја?

Желбата да прајме добро, да уживаме во сопствената огорченост или пак можда депресија (и да се плашиме од неа знаејќи дека кога тогаш мора да излезиме од некоја дупка во која сме и да живиме)....или нај ха-це, желбата да гледаме како другите се справуваат со нешто неортодоксно, да ги испитуваме луѓето како реагираат на ваква или онаква искреност, чисто од забава или пак од насушни (можеби ни) нам познати потреби?

Ова погоре е само пример. Вие две сте две млади прекрасни дами и секоја сличност со нешто погоре е мајке ми апсолутно случајна :smir:
 
Галиба не се разбираме меѓу редојве, па се доведвам во ситуација да ти кажам дек е појќе од апсурдно она шо восприемајќи те го сконтав ко твоја теорија - Хаус модот, т.е. она шо го репрезентират бил изолиран случај до пред 50 или 500 години. (Галиба = веројатно, сакаш да учиш нови зборој, то знам :) ).

1.И од кога искреното е валидно? Искрено мислам дека сте тапа. Еднакво искрено, не сакам да ве навредам кажувајќи ви го тоа. Кој мод е валиден? Шо е то шо терат да дркаме на директната крајно (во смисол на епилог и рационализација) хумана искреност која сервирана на начинот на јебени Хаус ќе те исчукат од земја?

2.Желбата да прајме добро, да уживаме во сопствената огорченост или пак можда депресија (и да се плашиме од неа знаејќи дека кога тогаш мора да излезиме од некоја дупка во која сме и да живиме)....или нај ха-це, желбата да гледаме како другите се справуваат со нешто неортодоксно, да ги испитуваме луѓето како реагираат на ваква или онаква искреност, чисто од забава или пак од насушни (можеби ни) нам познати потреби?

Ова погоре е само пример. Вие две сте две млади прекрасни дами и секоја сличност со нешто погоре е мајке ми апсолутно случајна :smir:
Битното (поточно, за мене битното) е првиот болд. Тоа и го прашувам. Пошо ме фацинира. (некој го фасцинира денешното издание на ексклузив, и тоа е ок)

*варијациите у временски период...дали е пола милениум или пола век у прашање, мање битно.
Лична перцепција. А, во името на трендовскиот разумен компромис, едната нула ќе ја избришеме/додадеме ако треба.

Вториот болд е више прашање на мотивација. И тоа сакам, онака ко војаер, да го посматрам (веројатно преку методот бр.2 a.k.a HC).

И каде уствари, конкретно, не се разбираме?
 
Збориме за стереотипи, збориме за copy-cats, збориме за новите богови...Збориме за 20-от и 21-от век.
Човекот од своето свесно познание и почетокот на историјата која што ја познава му се поклонува само на еден и единствен Бог наречен егзистенција, она што ќе му помогне да ја преживее „џунглата“ и да се добијат потребните објаснувања е она на кое му се гради внатрешен храм, дали тоа ќе биде карактер од лоша серија или Алберт Ајнштан со својата теорија за релативитет која што дава утеха дека ништо не е статично, воопшто не ја менува позицијата на тоа каде треба да му се принесат жртви на врховното божество.Премногу е банално да се потенцира дека има нови Богови, затоа што тоа е се еден круг кој што си го менува името според модата, не е ново, оригинално и свежо измислено.
Патем, самиот поим Бог е премногу истероризиран од страна на јавното мение, исто како што поимот идол го загубил своето првично значење под влијание на модернизацијата, така и др. Хаус се претворил во карактерен тип на нов конзумер и потрошувач кој што е мизантропски настроен кон се што може да го опипа пулсот на животот.
Искрено, смешни се новите пронихилисти, исто како што е смешна констатацијата дека сега почнале луѓето да се реплицираат од една чудникава смеса на оригинална копија наречена Доктор.
А, ако нешто, низ овој период, е доведено до презаситеност и баналност, тоа се сите теории кои се базираат единствено на мотивот да ја докажат "неподобноста" на Исус и неговото учење. Всушност, и самиот главен лик од серијата, не пропушта епизода за да не потесети на тоа, а и ни се презентира како супститут на секоја, па и христијанската религија.
Христијанската религија од друга страна е најголемата престава и фарса во која што човештвото земало главна улога.Црквите и свештените лица се истрошен материјал и ако некој може да го најде тоа за погодно да направи пари на него тогаш треба да му се пише петка на рачето затоа што сите се трудат да заработат на овој или оној начин.Кога тоа можела да го прави елитната бранша од Богови посланици, тогаш одлично што некој го искористил и го скоцкал во серија за утеха на младите атеисти пораснати да веруваат само во моќта на човекот и неразбирањето на истата.
Маркетингот е оној што се плаќа, Исус е комерцијализација, најуспешната до сега, каква пародија, забавна.
На почетокот тоа било, со Ниче и Фројд, револуционерно ослободување од стегите, денес веќе комерцијала, која иде накај својата декомпозиција, или залез.
Тоа е нормално, правилно и има свој тек, ако теориите не заминат на време тогаш нема да има простор за новите да се напишат и измислат, крајно, се станува некој вид или подвид на комерцијала кога неговите првични потрошувачи ќе се заситат од неговата уникатност и ќе го продадат за да направат публицитет и/или пари.
Христијанството ти е најдобриот пример за тоа, Савле се продаде и стана Павле, Исус проповедаше и стана славен примерок за тоа како еден пророк треба да си заслужи името да му се велича и валка за тоа што го направил.
Што, персонифицирано во Исус и неговото учење толку гневи?
Какви алтернативи му создаваме?
Итд, итд.
Гнев?
Не, не, не можам да дадам толку голем примат на обична идеологија која што ја сметам за дополнителен и безпотребен товар кој што ја десекцирал духовноста во име на догмата и религиската контрола која што колку и да се оправдува и негира од страна на „модерните“ христијани е толку силно врежана во кодот што е смешно, а Исус и неговото сите треба да се сакаме е предвремена хипи теорија на која што и фали уште реална можност за сите да станеме one big happy bowl of joy.
Не пресонифицираме, барем не јас, јас си давам за право како човечко суштество да се забавувам, пошто ете понекогаш ми е чисто само ќеиф.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom