Веќе со децении, сите медиуми форсираат вакви цинични ликови и тематики од разен тип кои некако се поврзани со цинизам, мизантропија, сарказам. А, го прават тоа само затоа што мнозинството истото го бараа.
Значи, човештвото (особено она кое припаѓа на "западната цивилизација") има веќе очигледна тенденција да се восхитува и поистоветува со ваквиот резон на размислување и дејствување.
Зошто?
Тргнувајќи од себе, би кажала дека човештвото се восхитува на таквиот резон на размислување и дејствување затоа што е тешко изводливо. На страна секој беден обид за истото. Колку луѓе реално може да бидат такви? Секој сака да биде среќен, да биде сакан, да верува на луѓето и да не биде слаб на некои работи, но ретки се тие кои сето тоа го имаат. Останатите, кои во поголем дел од својот живот патат по било што, сакаат да се силни и да ги пребродуваат кризите со тоа што би биле токму такви ликови како Хаус. Според тоа, јасно дека му завидуваат и до идеализираат, без оглед на тоа дали сфаќаат точно што се крие под неговата површина.
-Што ве привлекува во ваквата "идеологија"?
Мене од една страна ме привлекува таквата идеологија поради погоре образложеното, но од друга ми е одбивна. На моменти мислам дека е во ред да си таков идиот за сите околу тебе, а на моменти ми е жал од помислата дека може да пропуштиш многу убави моменти поради таа маска. Зависи од тоа на која нога станувам.
-Сметате ли дека навистина нема простор за верба во нешта како љубов, искреност и сл.?
-Дали нивното негирање и потсмевање со истите е само одбрамбен механизам, или неопходност за секој малку по-разумен човек?
Сметам дека секогаш има простор за верба во нешта како љубовта, искреноста и сл. Зошто би живееле ако престанеме да веруваме во такви нешта? Иако таа верба е ограничена на премал број луѓе околу нас, додека ги има и нив, вреди да се верува.
Нивното негирање и потсмевање е и одбранбен механизам и неопходност кај помалку разумните луѓе. За некој што доживел љубов која го повредила, ќе биде одбранбен механизам со потајна верба дека ќе налета на нешто подобро во иднина. За тој што бил прелажан сто пати, негирањето на вистината ќе биде исто одбранбен механизам, за да не се подложи себеси на уште една болка предизвикана од лагите. Неопходност е за тие кои за среќа или несреќа не успеале да доживеат ништо од тоа, па немајќи што друго, мора да негираат дека постојат љубовта или искреноста или било што друго.
А за Хаус конкретно ... тој лик спаѓа во првата група. Изневерен од жената која ја сакал, станува како физички така и психички инвалид. Пред неа, имал многу лош живот. Татко му (кој од мала возраст дознава дека не му е биолошки татко, нели) никогаш и во ништо не го поддржува и постојано го омаловажува, со што му се вродила таа потреба секогаш да биде подобар и подобар и да не си дозволи да биде поразен во нешто. Од друга страна најверојатно носи и гнев кон мајка му, што никогаш не му го кажала тоа што тој сам го сфатил. Лошо е да знаеш дека родителите не се искрени со тебе, со што мислиш и дека не те сакаат, многу јасно. Тие тешки удари го прават прескептичен и се гледа дека и сам не може против тоа. Се наѕираат моменти кога сака да тргне напред, да верува, да сака повторно, но навикнат на лошото во луѓето, нешто длабоко во него секогаш го одвраќа и пред да го направи првиот чекор. Не знае како да се однесува со луѓето поинаку од начинот на кој е научен од мал, а тоа е повеќе од разбирливо. За тие кои го разбираат и може да го поднесат како таков, секогаш се бори и се труди да ги задржи на најтешкиот начин, верувајќи дека ако така останат со него, само тоа е она вистинското.
А дека е во право секогаш - е. Токму тоа непристрасно и пререално гледање на работите, како и очекување на најлошото, го има усовршено да е таков каков што е. Груб е со другите кога нешто им кажува или пренесува, затоа што не знае друг начин како би го прикажал тоа, а да биде сфатен како што треба. Се` си има логика и би ми било чудно ако беше прикажан поинаку освен ваков каков што е.