Др. Хаус ванаби "идеологија"

  • Креатор на темата Креатор на темата ada
  • Време на започнување Време на започнување
Ствараме нови мини божества. Ги следиме.
Затоа, баш би било интересно, и у склоп со темава, да направиме и една таква анализа.

Што, персонифицирано во Исус и неговото учење толку гневи?
Какви алтернативи му создаваме?
Итд, итд.

Не е чудно што широките народни маси прифаќаат модели на однесување од ТВ...
Во ерата на дигиталните божанства го имаме тој Хаус или сексо и градо или нешто слично...
Во аналогната ера модели беа Алија Сиротановиќ,Бошко Буха,Павел Корчагин или Стјепан Филиповиќ...нови времина нови модели...

Цинизамот кој се продава (капитализам...готов производ, цинизам или еманципација или нешто трето...) во паковањето на Хаус е сличен на лажната филантропија која се продава на ангро како демократија и либерализам...

За алтернативи на Исусовите учења од Палестина...има многу алтернативи, секој може да си гради своја духовност која ќе е во согласност со можностите и потребите на особата...барем денес има толку извори на информации, лесно достапни...
Сега ако се гледа поголемата слика секако би се создал вакуум ако се отфли некоја религија, но и христијанството (или било која религија) е готов модел, спакуван и пуштен во употреба.

Феноменот на Хаус не може да се оддели од капитализмот со сите негови карактеристики...цинизмот претставен како готов производ...а сигурно има нешто арно и кај цинизмот...

оф-топик, Хју Лори го учеше занаетот цинички кај господарот на цинизмот за когo Хаус е мало детенце...

0201_blackadder_1173177140.jpg


Edmund Blackadder
 
Човекот од своето свесно познание и почетокот на историјата која што ја познава му се поклонува само на еден и единствен Бог наречен егзистенција, она што ќе му помогне да ја преживее „џунглата“ и да се добијат потребните објаснувања е она на кое му се гради внатрешен храм, дали тоа ќе биде карактер од лоша серија или Алберт Ајнштан со својата теорија за релативитет која што дава утеха дека ништо не е статично, воопшто не ја менува позицијата на тоа каде треба да му се принесат жртви на врховното божество.Премногу е банално да се потенцира дека има нови Богови, затоа што тоа е се еден круг кој што си го менува името според модата, не е ново, оригинално и свежо измислено.
Патем, самиот поим Бог е премногу истероризиран од страна на јавното мение, исто како што поимот идол го загубил своето првично значење под влијание на модернизацијата, така и др. Хаус се претворил во карактерен тип на нов конзумер и потрошувач кој што е мизантропски настроен кон се што може да го опипа пулсот на животот.
Искрено, смешни се новите пронихилисти, исто како што е смешна констатацијата дека сега почнале луѓето да се реплицираат од една чудникава смеса на оригинална копија наречена Доктор.

Да, се слагам дека се работи за еден фиксен прототип на uber кој менува наличја.

А, она што го наоѓам интересно, е тоа што после некои 1800 и нешто години на помалку или повеќе унифицирана престава за врховно кај западниот човек, се појавуваат нови наличја кои се менуваат молскавично и кои често се преплетуваат.
Тоа ми ја наметнува претпоставката дека во овие 100 годни, интензивиран е процесот на наоѓање супститути за она што траело 18 пати подолго, па оттаму и го влечам произволниот заклучок дека се работи за бегство, позади кое се крие незадоволсвто/гнев.

Патем, околу баналната препоставка за реплицирањето...Значи, реков многу пати претходно, не станува збор за Докторот.
Говориме за пост-модернизам кој трае од '60-те години и кој е доминантен на сите полиња (па затоа и има хипер продукција на "плодови"). А, неговата суштина е итекако обоена со цинизам и пронихилизам.

Христијанската религија од друга страна е најголемата престава и фарса во која што човештвото земало главна улога.Црквите и свештените лица се истрошен материјал и ако некој може да го најде тоа за погодно да направи пари на него тогаш треба да му се пише петка на рачето затоа што сите се трудат да заработат на овој или оној начин.Кога тоа можела да го прави елитната бранша од Богови посланици, тогаш одлично што некој го искористил и го скоцкал во серија за утеха на младите атеисти пораснати да веруваат само во моќта на човекот и неразбирањето на истата.
Маркетингот е оној што се плаќа, Исус е комерцијализација, најуспешната до сега, каква пародија, забавна.

Тоа е нормално, правилно и има свој тек, ако теориите не заминат на време тогаш нема да има простор за новите да се напишат и измислат, крајно, се станува некој вид или подвид на комерцијала кога неговите првични потрошувачи ќе се заситат од неговата уникатност и ќе го продадат за да направат публицитет и/или пари.
Христијанството ти е најдобриот пример за тоа, Савле се продаде и стана Павле, Исус проповедаше и стана славен примерок за тоа како еден пророк треба да си заслужи името да му се велича и валка за тоа што го направил.

Дали е контра-реакцијата упатена кон фарсата и девијациите на црквите и свештениците, или кон самата суштина на Исус, т.е неговото учење?
(тука постои диференцијација и евентуалниот одговор дава контрастни опции)
Гнев?
Не, не, не можам да дадам толку голем примат на обична идеологија која што ја сметам за дополнителен и безпотребен товар кој што ја десекцирал духовноста во име на догмата и религиската контрола која што колку и да се оправдува и негира од страна на „модерните“ христијани е толку силно врежана во кодот што е смешно, а Исус и неговото сите треба да се сакаме е предвремена хипи теорија на која што и фали уште реална можност за сите да станеме one big happy bowl of joy.
Не пресонифицираме, барем не јас, јас си давам за право како човечко суштество да се забавувам, пошто ете понекогаш ми е чисто само ќеиф.
Не го претпоставив твојот личен гнев/рамнодушност или што и да е, кога го прашав тоа.
Туку, ова го имав во предвид:
Тоа ми ја наметнува претпоставката дека во овие 100 годни, интензивиран е процесот на наоѓање супститути за она што траело 18 пати подолго, па оттаму и го влечам произволниот заклучок дека се работи за бегство, позади кое се крие незадоволсвто/гнев.
 
Всушност Ада, станува збор само за плурализација на идентитети и ништо повеќе од тоа, менување и зголемување на општествените улоги.
Додека христијанското учење само по себе не го сакам, ама не би го плукала јавно, секој има право на своја перцепција, многу повеќе е револт кон искористувањето на истото за друг тип на цели.
 
Мислам дека ликот на докторот е привлечен затоа што претставува одличен пример за неповредлива, недопирлива, нескршлива индивидуа која се крие зад иронијата, односно сарказмот. Повеќе импонира неговата зачауреност, која го прави или треба да го прави неранлив, отколку мангуплакот. Неранливоста или добро одглумената неранливост, способноста за секое лонче да се најде капаче, односно генијалноста се особини кои се многу потребни во денешно време. Тешко е да се помисли дека некој како Хаус би бил лесна мета за мобинг, нели? Башка, типот е полуинвалид, се дрогира и пак ги подебава сите околу него.
Луѓето денес се главно осамени и плашливи, лесно кршливи и немоќни.
А Хаус им е некако близок - (анти)јунак, своевиден фрик, нерд со кого полесно се поврзуваат отколку со Бетмен, на пример, кој не пие апчиња за болки.

тоа е слабост...он така реагира тоа му е психолошки дефанзивен механизам:toe:
 
I love ликот на House M.D.

Ич не ја утна темава. :)

Иначе, и ја иам впечаток дека све живо со сила го имитира. А, на сите баш и не им стои.

Мада, ме занима и зошо толку е привлечно да си опериран од емоции и остало персонифицирано у Хаус?
Онака, кој им се мотивите на луѓето да се одушевуваат од такво нешто?
Пошо ова е еден вид на глобален феномен кој со години и години трае.

П.С
Поодамна читав у весник случај за некој поштар што се нафурал дека е Хаус, и почнал да им кажува на луѓето како поштата ги краде,т.е да ги просветлува, станал нељубезен, отсуствувал од работа...сакал да биде kewl ко Хаус...и го отпуштиле.

А коментарите на неговите колеги беа: For fucks sake, he's just a mailman. Who gives a fuck about those few cents "stolen" from the mail company?
.
Ајде да видам Хаус нека го одпуштат!...

Хех.. можам да замислам колку би биле гледани епизодите во кои се кажува како Хаус станал Хаус.. т.е. како од обично најнормално дете.. станал тоа што е во серијата...

Со поседување на моќ, како онаа на Хаус, ти е овозможено без ограничувања да ја практикуваш таа идеологија.
Нормално, може да се однесуваш така и без статус и позиција...и да бидеш ко поштарот.
Што е исто валиден избор...Муабетот ми е дека резултатот од однесувањето на Хаус е поинаков кога си меѓу просекот.

И за каква изолација збориш? (озбилно, не можам да се сетам на шо конкретно мислиш)
Хех.. и јас го мислев истото како и ти , на почетокот...

Сега.. некако поинтересно ми се виде да „играш“ Хаус.. а да бидеш во поголем ризик одколку во кој што е тој... но.. целта на играта да ти биде да не бидеш отпуштен.. зш ако бидеш.. гејм овер...

И.. ајде некој нека ми каже што му фали на Хаус... но, на Хаус, а не на тој што одговара на прашањево, и одговорајќи на ова прашање, одговара на прашањето „Што ќе ми фали доколку бидам Хаус“.. се надевам дека ми ја свативте поентата на нештото во наводниците?

Можеби Хаус е нешто кои што другите не сакаат да бидат или неможат да се замислат како такви.... Но, на Хаус, сам за себе, не му фали ништо.. за себе супер си е таков каков што си е....

И, поточно е да речеме дека статусот и позицијата на Хаус се последица од Хаусовото однесување.. одколку да речеме дека статусот и позицијата на Хаус се причина за неговото однесување ( што од постот на ада, барем според мене, следеше дека таа би го рекла второво ).... Но.. ниту кога второто би го рекле, не би биле во грешка.

за ванабито ниту е позитивец ниту негативец туку ИДОЛ!!!!

авторитет!!!!
индивидуа лесно е да се пронајде во хаус бидејки на некој начин хаус е нивното второ јас.и пази сепак не можат во реалноста така...појака илузија и од дејвид коперфилд...браво за режисери,сценаристи глумецот:toe:


балансот е тука во начинот на кој е смислен и поставен...
Хаус не го користи само авторитетот во негова корист, туку, авторитетот е само една алатка, најчесто со помала важност од другите „алатки“, на Хаус.

Кхм....не сум хаус ванаби не сакам да бидам грда 50 годишна нееблица секој момент би го мењала мојов живот за благословена игноратност и вечна насмевка
Хаус си има многу свои предности, но има недостатоци.
Помеѓу недостатоците спаѓаат и она што ти го наброја: стар грд „нееблица“ ( појма немам што значи ова во наводниците... )... и.т.н.

Од твојот пост не е, но, општо би требало да биде јасно дека кога ќе речеш дека сакаш да бидеш како Хаус, мислиш/се подразбира на тоа дека сакаш да ги имаш неговите предности во однос на тебе, но не и неговите недостатоци. Ова што се подразбира, најчесто не се кажува со тоа „сакам да бидам“, затоа што така целото мислење би се искажало со многу повеќе зборови, и за тоа би било потребно многу повеќе време.. т.е. пишувањето на тоа што се подразбира, е „некомпактро“ и непрактично.
Но, понекогаш, за да не дојде до забуна, или доколку дојде, за да се расчисти таа забуна, ова треба да се напомене.
 
Quiero, pero no se que quiero. Conosco, pero no voy a hablar de esto! Soy un .....(fill in the blank)!

Перцепција на светот низ очите на светот или перцепција на самите себе низ сопствените очи vis-a-vis светот или познавање на самите себе преку себепрепознавање без оглед на светот?
 
Quiero, pero no se que. Conosco, pero no voy a hablar de esto! Soy un .....(fill in the blank)!

Перцепција на светот низ очите на светот или перцепција на самите себе низ сопствените очи vis-a-vis светот или познавање на самите себе преку себепрепознавање без оглед на светот?
Прво, благодарам Касандра и Ребел Де Веј, што ме научивте шпански :pipi:
Иначе, ќе има награди за оној шо ќе ја погоди прв "загаткава"?:vozbud:

Болдот: Со прашалников на крајот, прашуваш...што?
 
Прво, благодарам Касандра и Ребел Де Веј, што ме научивте шпански :pipi:
Иначе, ќе има награди за оној шо ќе ја погоди прв "загаткава"?:vozbud:

Болдот: Со прашалников на крајот, прашуваш...што?


Za Boldot, прашувам каква ни е перцепцијата, индивудиалено секој за себе, секој за другите, а преку тоа и кои сме ќе се дознае најлесно.

Шпански, но не преу серии од Венецуела, Мексико или таму неГде Криволачко, црвени брегови.....ама побоЉе од Десперејт хаусвафјс нели.
 
Ц ц ц ... значи човече, кај успеавте да упикате религија, не ми се верува.

Хаус е само лик. А како со сите ликови, од кога ликовите постојат, сакаме да ги гледаме ако имаат интересни карактери. Исто е и со вистинските луѓе. Ако имаат необичен карактер и ставови се поинтерсни од обично. Е сеа, стварта со фикционите ликови е тоа што човек се угледува на нив. Ги имитира. Како што некогаш старите народи ги учеле младите да бидат како старите херои: Ахил, Херакле итн., како што цела Христијанска цивилизација се угледува на карактеристиките на Исус, така ние денес му се восхитуваме на Хаус.
Исто како што ако имаш идол во стварноста ќе се угледуваш на него и ќе сакаш да ги имаш неговите особини. Сакам да бидам успешен како Доналд Трамп па затоа ќе ја прифатам неговата животна филозофија. Хаус е само популарен одговор на прашањето каков е современиот човек или каков треба да биде.

Отсекогаш постоело прашањето каков треба човек да биде? Како да се однесува, кои особини се добри? Што е тоа добар човек? Што е тоа добар живот? Како, едноставно, како да се живее?

Луѓето од ликовите учат како да се однесуваат. Учат што им се допаѓа кај една личност. Учат како да се однесуваат со машките, како со женските, како да се справуваат со проблеми.... Дотолку повеќе, некогаш целиот свој светоглед и внетрешен етички кодекс го обликуваат следејќи го примерот на нивниот идол.

Хаус е одговорот на нашето време. И тоа, луѓето што го создадоа не го склепаа од ништо, тие го извлекоа од општествената стварност.Светот го создаде ликот на Хаус, а сега светот си го покажува на себеси.
Хаус повеќе зборува за нас одколку ние за него.
 
Општеството у кое живееме, пропаднатиот "напредок" и све остало, не е затоа што некој е глуп, односно когнитивните процеси му се заебани, туку, многу повеќе, затоа што човекот се бори со своето его и неговите потреби за присвојување и себе-остварување (кои носат нездрава глад за моќ, алчност, грабливец шеми на понашање, игнорирање на се освен себе и својот краткотраен интерес и сл.).

И ко шо ти реков и на друга тема...Ова отсекогаш било, а ќе биде и у иднина, и НЕ затоа што луѓето се глупи и несвесни, туку затоа што им е тешко да си погледнат малку подалеку од носот и од своето дворче на егото и неговите ситни потреби. Не сакаат да го направат тоа.
Спомни ми било која општествена девијација, било мината или сегашна, и ќе ја сместиме у оваа шема (на која НИКОЈ, ама никој не е имун...затоа и реков, сите сме "глупи"..мада место глупи посоодветно е: сите сме си заробени у личните, ситнички и short-term интереси).

Зимајќи го ова у предвид, докажано е контра-продуктивно да му потенцираш на човек колку е глуп, себичен, неспособен. Тогаш му чачкаш у его, кое толку грижливо си го гради и чува, и он возвраќа со отпор.

Чак ни животното не реагира увек на сила, а човекот уше помалку. Казните и навредите не палат. Ствараат привремна "послушност" и страв, а после се враќаат ко фурија од бес и фрустрации...и нормално, засилување на она за што човекот претходно е критикуван.

Децата, на кои им се потенцира колку се глупи и неспособни, стагнираат и развиваат агресивност (било екстровертна или пасивна). А, у никој случај не зимаат повеќе да се трудат или да ја надминат глупоста и неспособноста за која се и обвинувани.
Така и возрасниот, или група возрасни у форма на општество, НЕ се менуваат или стануваат посвесни кога со гнев им ги соопштуваш маните.

Оттаму, да не се залажуваме дека нашата агресивна "искреност" има витешки цели, да ги отвори очите на заспаниот свет...таа така само се оправдува. А, у суштина е едино потврдување на личното его, кое си вика ја сум посебно, јас гледам и знам, вие сте слепи и глупи. Класично мастурбирање на сопствената слика за посебност. Плус и лицемерие има у ситуацијава...Лицемерие у тоа што се лажеме себе дека работиме на сеопшта ренесанса и прогледување, кога всушност само себе сакаме да се оправдаме.

За крај, само сакам да бидеме искрени пред себе прво...Да си признаеме кога си го дркаме егото, а кога стварно сочуствуваме и сме допрени (разгневени, натажени, ватевр) од некоја состојба, и сакаме да ја промениме, не само за да си ја разубавиме сликата за себе.
главната проблематика во овој твој нежен пристап е :
Луѓето вќе ги изжиевеале тие пристапи од типот биди добар и фин,
Доколку им речеш бидете добри они ќе ти одговорат што знаеш па ти ? не ми попувај?
Ама ако им речеш :слушај твоето дупе зависи од тоа, веднаш мењаат тема

Не палат веќе останатите пристапи светот има маки дрн дрн јариња
Пали пристапот во ваш интерес е да им помогнете да има повеќе школувани,рабониците да имаат права и ако сте малце паметни ќе почнете да делувате во интерес на заедницата (ако не тогаш ссте глупи)
And pass it on people

Сеа јас сум себична и искрено курот ме боли за останатите луѓе ама знам дека е во мој интерес и дека е прашање мојот задник кога станува збор за светот,заедницата во која живеам дека треба да делувам во нејзин бенефит

И искрено ада казната функционира јас сеуште не гледам некој да се побуни против поредокот и редот во општеството(барем мноштвото)сите се плашиме да го прекршиме законот поради заканата од тоа да бидеме казнети а не затоа што сме многу добри(инаку досега да немаше казна јас ќе организирав лов на луѓе во петок ,а во сабота ќе палев куќи на водно чисто од забава):)
Така функционираат луѓето по принцип награда и казна ,задоволство и болка ,така учиме така функционираме иначе кај би ни бил крајот?

Мора да им кажеш дека смрди нешто и не функционира оној пристапот кога станува збор за поставување на дијагноза :позади седум ридови,сеумдолини,седуд планиини......

Жити се ада ако почнам да маструбирам на човештвото и неговата глупост постов ќе беше дупло подолг .Никој не се себе велича тука освен што посочува после поставеното прашање ... :)
И ада збориме за возрасни личности не мали деца ....
сеа тоа што реагираат возрасни ко мали деца тоа е друга работа ,оној кој е возрасен ќе свати што сакам да кажам:)(мсилам не се однесува кон тебе ада сериозна сум со тебе знам дека дискутирам)
 
Се намалија поштарите?

Оваj copy-cats без господовата моќ, таргетираните wannabes, или сите решија да им се вратат на еvery-day емоциите? :back:

Како и да е, bump! Обожавав да ве читам, па мало воскреснување. :)
 
HAUS e supermen, betmen i takvi detski nesta za ova vreme, no ne za deca.

Koga ke pomislam kakvi heroi ke go druzat sin mi.. ke se setam deka zaboravam sto pretstavuvale moite junaci od detstvoto.

Se prasuvam zosto mi e cudno toa sto junacite mi izgledaat zastareno, 18 godishnik sum.
 
HAUS e supermen, betmen i takvi detski nesta za ova vreme, no ne za deca.

Koga ke pomislam kakvi heroi ke go druzat sin mi.. ke se setam deka zaboravam sto pretstavuvale moite junaci od detstvoto.

Se prasuvam zosto mi e cudno toa sto junacite mi izgledaat zastareno, 18 godishnik sum.

abe ima za ne sto sto ne se prasuvas ti be dete hahahaha

Dr Haus u stvari e peder se siba so onoj drugar mu doktorot i zato go boli kur za sve ... koa ke razmisli covek se raboti za represijata na gaypopulacijata koja mora so staki da seta po koridorite na zivotot neprifatena od ostali svet . Ete toa e Dr Haus
 
abe ima za ne sto sto ne se prasuvas ti be dete hahahaha

Dr Haus u stvari e peder se siba so onoj drugar mu doktorot i zato go boli kur za sve ... koa ke razmisli covek se raboti za represijata na gaypopulacijata koja mora so staki da seta po koridorite na zivotot neprifatena od ostali svet . Ete toa e Dr Haus
Или, или... :vozbud: Намерно прикажуваат серија каде се лечат луѓе за да свртат внимание од убивањето китови и фоки. Проклети злобници...
 
abe ima za ne sto sto ne se prasuvas ti be dete hahahaha
Prvo proveri, pa smej se...
I bez zaletuvanja. :)

Или, или... :vozbud: Намерно прикажуваат серија каде се лечат луѓе за да свртат внимание од убивањето китови и фоки. Проклети злобници...
Ne si vo pravo.
Vo haus ima mnogu raboti sto treba da se sfatat pred da se donese ovoj zaklucok. Treba vistinski da znaes da gledas filmovi. Postarot ne znael.

Tie sto treba da naucat da izvlekuvaat poraki od filmovite, neka prodolzat so diskusijata.
Jas si sedam od strana. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom