- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Јас би поставила прашање на прашање..замислете си го Др. Хаус ( односно глумецот) во улога на хуманист, добричина, наивец, културен, филантроп, дружељубив, без ронка лоша мисла, едноставно позитивец....дали тогаш ќе ја сакавте/сакав серијата и ќе ви/ни беше омилен лик?
мене лично ме привлекува начинот на кој тој ( односно сценаристите) го смислиле и го поставиле....немам примедби се додека сето тоа се случува во сериите..но кога ќе прејде во реалноста не би можела да ги сварам. карактеристике кои на почетокот беа набројани од Ада..посебно што секојднвено се среќаваме со слични личности на кој радо би им :sakas_ustго сменила личниот опис.
Не знам другите, јас... хм... веројатно не. А сега ми е баш кул. Ама ја од секогаш сум кажал дека сакам холивуд, има стил едноставно, бидејќи сметам дека филмската уметност треба да биде уметност... а тој збор сам по себе го поврзувам со имагинација. Да биде нешто на ТВ кое не може да се деси у реалноста.

Широките американски народни маси кои се узор за светот се палат на car chases, bombs and guns. Работи кои се лоши, бидејќи сакаат малку промена од дневната монотонија. И тоа е сосема океј ако го гледаат возрасни и ментално изградени личности, а не деца во тела од 20 години и повозрасни. :tv:
ada напиша:Оттаму, да не се залажуваме дека нашата агресивна "искреност" има витешки цели, да ги отвори очите на заспаниот свет...таа така само се оправдува. А, у суштина е едино потврдување на личното его, кое си вика ја сум посебно, јас гледам и знам, вие сте слепи и глупи. Класично мастурбирање на сопствената слика за посебност. Плус и лицемерие има у ситуацијава...Лицемерие у тоа што се лажеме себе дека работиме на сеопшта ренесанса и прогледување, кога всушност само себе сакаме да се оправдаме.

Секогаш е така, не знам зошто...

Најголемиот “месаја“ кој ќе се појави е и најголем лажго. Вистината се тера без многу фама и галама, бидејќи сама по себе е кротка, мирна и без потреба од признавање за истата. Ако се галами за неа, тогаш не ни е важна вистината, туку нарцисоидноста и горделивоста.