Најдобри гејмерски лаптопи (се чудам како никој не ги спомна до сеа) се AlienWare.
Фирма со долгогодишно искуство во производството на гејмерски лаптопи со екстремни перформанси. Пред некое време, дали поради кризава или нешто слично, фирмата беше откупена од магнатот DELL.
Се си е исто, само други газди.
AlienWare се водечки во происвотството на екстремно-моќни компјутери, па ако некој има вишак пари, слободно нека инвестира.
Иначе околу тоа кои компјутери се најдобри, има многу зборење.
Како прво, DELL-от што
можеше да се најде у Македонија беше фалц роба, фалц компоненти, фалц лаптопи, се фалц. За DELL лаптоп купен од друга држава, друг муабет.
За HP-то
исто. Не се баш меѓу најефтините, па да се подлаже човек да купи поради цената. HP-то у Македонија е крш. Све е многу-наесето класна ефтина роба од Кина, па затоа не ви препорачувам да инвестирате у HP.
Добри лаптопи кај нас може да се најдат и СЕ Toshiba, пред се поради [нај]ниската цена и поради навистина задоволителниот квалитет.
Фуџицу-Сименс се исто добри, има некои дури и у Германија што ги склапаат и кај нас барем може да се најде од нив.
А за Apple неможам да коментирам, пошо незнам.
Јас лично имам Toshiba, го користам веќе четврта година, и од биро ми паѓал, дури еднаш и на улица ми тресна (ми се скина ранецот) и сум презадоволен од него.