Во ред, тутун се сади во Македонија и многу фамилии живеат од тоа, се согласувам. Ама , затоа што секаде веќе се забранува пушењето, цигарите се многу скапи во странство, ние треба да им помогнеме така што ќе се отруеме од цигари, дека тука се поевтини...
И за споредба, да на запад добиваат дебела помош неработниците и немаат грижи...?????
Кај нас добиваш симболична помош- 2000 - 3000 денари. Колку од таа помош ќе ја изгориш како цигари, за да си ги решиш нервозите?
Удри математика...Дали ќе купиш леб или кутија цигари...
И ако цигарата е лек за нервози, не ме чуди воопшто што има се повеќе нарко зависници... го нашле лекот за секојдневните грижи...
П.С. : Извини за грубата споредба на пушачи и наркомани, ама дали цигарата е начин да се избега од грижите? Мора да постои друг начин...Постои...Сигурно...
Па тутунот е традиција бе,во Турско време обичните смртници “каурите“ или “ѓаурите“ како што ги нарекувале нашите предци им било строго забрането вака јавно да пушат тутун,по ослободувањето од Турскиот режим како симбол на слободата пушењето било дозволено и за обичнита “раја“,статусот почнале да го користат многумина чувствуваќи барем малку еднаквост и рамноправност со сите граѓани,токму затоа пушењето треба да си остане како и досега без да се чепка во него како атак врз слободата на Македонските граѓани,без разлика на вера,статус и религија,тоа не може да биде сузбијано или прекинато со строги законски мерки како во Турската империја,барем не овде во Македонија,каде покрај погоре напоменатите факти,тутунот е многу битна гранка во земјоделието при што еден огромен дел на граѓани егзистираат од него,за што и државата дава субвенции,па апсурдно би било нешто да се поттикнува да се произведува и да се субвенционира а од друга страна да се забранува да се користи.Човек треба да биде будала и да измисли таков закон.За пушачите е исто како да ги поттикнуваш да сејат жито ама да им забраниш да јадат леб,впрочем тоа го знам од свое лично искуство пред 7-8 години кога ги оставив цигарите како мерка на претпазливост за малите деца кој пристигнаа едноподруго во мојот дом,каде до денес е забрането пушењето што сега владава го стимулира со своите апсурдни мерки.Па повеќе од 50% пушачи затоа излегуваат во кафеани,интернет кафулиња и слични објекти,мислиш ли дека дома не можат да пијат пиво или кафе,дека немаат интернет па да сурфаат во интернет кафулиња,имаат бе брат,само имаат и мали деца за кој се свесни дека им наштетуваат,затоа бараат излез од “безизлезот“.Цигарата не е единствениот начин да се избега од проблемите,ама верувај дека моментално е најефтин.Сигурно нема да има толку пушачи доколку се вработат армијата невработени,па по 8 часа седат на некоја машина и си доаѓаат дома уморни да поспијат малку зошто ги чека напорен ден.Симболичната помош за поединци е 1000-1500 денари,и не ја добиваат сите невработени како насекаде во светот,овде и за тоа владејат посебни партијски услови.Плус кому државата обезбедила бесплатен стан со платени давачки за струја,вода,парно и слични комунално енергетски потреби?Па овде бе ако не си на работа ќе цркнеш како скот на улица,иако и тоа е забрането со новите закони за фрлање ѓубре на јавни површини.Каде да пуши социјалниот случај,кај тетка му дома?Кога државата не му обезбедила барем 10 квадрати затоплена просторија и три оброци на ден,со санитарен чвор за обавување на основните хигиенски потреби?
Се согласувам, но со цигарите имаш дополнителен проблем - здравјето.
Ако го зезнеш организмот, дополнителен проблем, дополнителни грижи.
А верувам ќе се согласиш со тоа.
Да не ме сватиш погрешно. Немам ништо против пушачите, тоа е личен избор, а верувам и лично задоволство, посебно со кафенце и сл.
Ама долгорочно гледано, претставува личен здравствен проблем, имам многу примери...
А што со непушачите...Тие овде немаат избор, или ќе голтаат дим, или ќе бегаат од јавни места....
Затоа е добар законот. Не да се укине пушењето, туку да се регулира каде на јавни места ќе може да се практикува, без на пушачите да им се ускрати задоволството, а и другите да бидат задоволни...
А пушењето и последиците од тоа...тоа им го оставам на пушачите...
Секој има право на избор...
Треба да се направи динстинкција помеѓу јавни места,јавни институции и приватни угостителско-услужни објекти,токму во тоа е проблемот.Значи непушачите ќе трчаат во објекти каде јасно ќе стои натпис ОВДЕ НЕ СЕ ПУШИ доколку инвеститорот или газдата го отворил со таква намера,и нема ни да влегуваат во објект кој газдата го отворил со таква намера,и на оној кому му се пуши да си чади по некоја цигара,со кафе,интернет муабет,или по добра скара,на пример.Последиците од пушењето се релевантно не докажана работа затоа што јас познавам пак примери токму од другата страна,еве еден од нив:
- Не можам без цигари, мачно ми е ако не запалам, па си потерувам и по една кутија цигари дневно, вели најстариот прилепчанец. Иако се гледа дека годините навистина му натежнале, овој старец и натаму без проблеми се сеќава на многу настани од својот долг живот.
http://217.16.70.245/?pBroj=1539&stID=19966&pR=3