Законот е дискриминаторски за пушачите,ако одреден процент на возрасни луѓе пушат зошто да немаат право на идентичен јавен простор да можат да пушат

другиот аргумент многу битен е правото на избор на поединецот,пушењето е лично право и избор,државата не е дадика таа може да го подучува народот за штетноста на пушењето но не смее да ги присилува да престанат да пушат.
Се додека тутунот е легален,достапен ,стимулиран од државата,лицемерно е донесувањето на ваков закон,бидејки ако е толку штетен тогаш нека го забранат и произведувањето и продавањето на тутун и цигари.
Друго и според мене најважно ,промашена е целта,забраната на пушење не го решава проблемот со пушењето туку го преместува на друго место,на балкон,дома,на улица ,што придонесува на стигматизација на пушачите,заради нивниот lifestyle да се чувствуваат како друштвени отпадоци.
И на крајот ако непушачите имаат свои права кои никој не им ги оспорува зошто истите права да ги немаат и пушачите.

дали со овој закон пушачите стануваат граѓани од втор ред?
п.с.непушач сум!