Високи владини извори за весникот „Дневник“ потврдиле дека се подготвува нова цена, но одбиле да дадат повеќе информации, додека портпаролот Шефик Дураки ниту го потврди ниту го демантира поскапувањето.
Со евентуалното поскапување од 35 отсто, цигарите „јорк“ од сегашните 40 денари би се покачиле на 54 денари. Цената на една кутија „бренд“ од 45 денари би се зголеми на 63, а новата цена на „бос лајт“ би изнесувала 88 денари.
Цигарите „вест“ доколку се оствари најавуваното, од сегашните 75 денари ќе поскапат на 101 денар, а „марлборо“ ќе се продаваат за 162 денари.
Во комбинатите стравуваат дека најавеното поскапување ќе се одрази негативно врз тутунската индустрија во земјава, но засега не сакаат јавно да зборуваат се' додека не се донесе официјална одлука.
Поскапувањето на цигарите ќе биде уште еден удар врз пушачите и тутунската индустрија откако почна да важи забраната за пушење на јавни места, како и целосната забрана за рекламирање тутунски производи, пишува „Дневник“.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101416
Баш како што претпоставував, овие ќе ги дигнат цените, па ќе продаваат цигари од една страна, а од друга ќе маваат казни..ќе полнат џебови...
Веќе летнаа да пишуваат казни, ама какви се смотани, веднаш рекоа пу,пу, не важи лошо сме го разбрале законот..
Ама, битно ја најавија идната стратегија...повеќе за киксот на линкот
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160704&idg=8&idb=2545&rubrika=Makedonija