Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Eве малку подетално:
Тој е роден на 13 март 1893 година во селото Вир кај Македонски Брод, а живее во Прилеп, со семејството на својот син. Има уште две ќерки, девет внуци, осум правнуци и еден праправнук. Од 1941 година, кога умрела неговата жена, не се преженил, а секојдневно за него се грижат неговите внуци, кои многу го сакаат:
- Тешко ги поминувам последниве години од животот, вели дедо Данил Маркоски. Не можам да се исправам, слабо слушам, од пред една година и видот ми се замати, ушите ми бучат, не спијам. Доста ми се годините, ако се за фајде, не можам да ги носам повеќе. Сепак, и покрај нарушеното здравје, дедо Данил не се откажува од некои задоволства. Наутро не станува без кафе, сака да се напие и чашка ракија, а цигарите му се и натаму верен придружник. Секоја вечер си легнува во 22 часот, но, како што вели, заспива дури по полноќ, а станува наутро во пет.
ABC излишни ти се ваквите муабети, јасно е дека сите пушачи се зависни од никотинот, бидејќи никотинот создава многу побрзо зависност од други потешки дроги, така да со оглед на зависноста на пушачите од првенствено никотинот како неуроактивна супстанца и секундарно навиката нешто да имаат во уста и да шмукаат треба да се направи некој компромис да останатите кои не се уживачи на никотинот да не бидат колатерална штета на уживачите, но притоа да не се создава голем неуро-психолошки шок на голем дел од населението што би се одразило многу негативно на нивната продуктивност и психичко здравје што не би било добро за општеството.