Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Ах тој пуст никотин, очигледно зависноста од никотин има далеку појаки и попогубни ефекти врз општеството отколку кокаинот.
Моментално гледам таму во тоа анкетата и гледма дека тие што се за целосната забрана за пушење на јавни места (без разлика дали од државен или од приватен карактер) водат за еден запирка нешто проценти над тиа што го сметаат за претеризам. Резултат што искрено пријатно ме изненади, бидејќи јас мислев дека над 60 % ќе кажат дека е претеризам.
Од моја гледна точка како непушач морам да кажам дека моменталното решение кое е застапено во гермнија е многу добро. А тоа е дека во угостителските објекти кои се поголеми од некоја одредена квадратура се обврзани да создадат физички одделен дел во кој може да се пуши, додека помалите објекти каде таквата физичка поделба просторно губи смисла, им се дозволува да може да се пуши во целиот објект. Нормално забраната за пушење во јавните установи, како и во продавниците и дуќаните без разлика на тоа што се продава во дуќанот ги сметам за правилни, но не и проблематични, едносавно може да се излезе пред дуќан за да се испуши цигара. Тоа е практика сега на сите германски дуќанџии, и често можат да се видат вработени пред вратата или поред задната врата за вработени да пушат.
И морам да кажам дека ваквото решение добива пофалби дури и од пушачите тука бидејќи и нив им е многу попријатно да седат и јадат во просторија без дим а кога им се пуши да отидат до делот за пушење и да испишат една цигара.
Исто така бев во едно диско каде во делот каде е главниот шанк и подиумот за играње забрането е пушење, што со оглед на топлата и влажна атмосфера до сите присутни што играат е многу поподнослива поради отсутствотот на димот, АМА во истот диско во сосем друга исто така релативно голема просторија (значително помала од подиумот и каде што се игра) која е физички одделена со врата си имаше така наречен smoking lounge каде идеше друга музика, која не е за играње туку е повеќе за седенка.
Проблемот е што кај нас ова неможе да се спроведе како во гермнија (бидејќи во германија народот е многу послушен, а кај нас сите се “најпаметни„) и тука пошто некој е немоќен нешто да спроведе одма се фаќа за порадикален чекор (слично ко она за алкохлот после 7 што неможе да се купи) и ајде сега од 2010 пушење само надвор под услов тоа да не е во склоп на некој објект и по одма. Нека извинат јас сум непушач ама знам дека со ова нема да се реши проблемот со димењето на пушачите како ризик по здравјето на целото население.
Мене ако ме прашате треба да се спорведе многу поригорозно првиот закон за ограничено дозволено пушење во угостителски објекти и тотална забрана за пушење во јавни државни установи и приватни-јавни објекти (приватни дуќани)
и зошто сме загрижени за здравјето пушачите да плаќаат дополнително специјален пушачки додаток заедно со регуларното здравствено осигурување.
А да и заборавете на муабетот дека нема како некој да дознае дали сте пушач или не, бидејќи нема да ви држи затоа што ко за почеток еден стоматолог уште првиот пат кога ќе ви види забите на еден човек најчесто веднаш ќе може да каже дали е пушач или не, а за други тестови нема потреба ни да коментирам.