Многу себично гледате вие пушачите на законот.
Ајде ќе замижам на реалноста и ќе речам дека непушачот ако влези во просторија за пушачи е глуп и сам си штети на себе си и нема потреба од закон да го заштити. ДОБРО!! Така нека е бе, ете ќе се прајме малце на удрени за да докажиме себична поента.
Земи ги во предвид те молам, РАБОТНИЦИТЕ кои работат во дискотеки, кафичи и секакви простории во кои е дозволено пушење. Не е нивни личен избор дали да одат таму, не одат таму за забава, одат таму за ЕГЗИСТЕНЦИЈА. Без разлика дали се пушачи или непушачи, чадот од цигарите е ОПАСНОСТ (колку и да е според вас мала) по здравјето на вработениот во најмала рака. Да не спомнувам пак и другите негативности, како дискомфортот шо го предизвикува итн.
Е сега дали е премногу скратувањето на вашето задоволство, за спречување на труење кај обесправените работници?!
Ај да се работи за рудник за јаглен или нешто навистина од егзистенцијална важност, па колатералната штета кон опасноста на работата кај работниците да се прифати на некој начин. Сеа фала богу нема да се прекрати со производство на електрична енергија, за да не се ризикува здравјето на рударите.
Ама па колатерална штета да се работници по локали, за апсолутно непотребната човечка навика пушењето, МАЛО МОРГЕН!!
И готово крај, лишени сте од каприциозното лично задоволство, за поважни и поголеми цели ЗДРАВЈЕ. И јас пушам цигари некогаш, па ужасно многу ми смета зачадена просторија. Не сум хипохондрик, едноставно е неподносливо за мене.
Замисли да работиш во дискотека или кафич.