Достоинство за пушачите! Забраните стануваат дискриминација!

Дали се врши дискриминација кон пушачите?

  • Вкупно гласачи
    288
  • Гласањето е завршено на .
Ах тој пуст никотин, очигледно зависноста од никотин има далеку појаки и попогубни ефекти врз општеството отколку кокаинот.
Моментално гледам таму во тоа анкетата и гледма дека тие што се за целосната забрана за пушење на јавни места (без разлика дали од државен или од приватен карактер) водат за еден запирка нешто проценти над тиа што го сметаат за претеризам. Резултат што искрено пријатно ме изненади, бидејќи јас мислев дека над 60 % ќе кажат дека е претеризам.
Од моја гледна точка како непушач морам да кажам дека моменталното решение кое е застапено во гермнија е многу добро. А тоа е дека во угостителските објекти кои се поголеми од некоја одредена квадратура се обврзани да создадат физички одделен дел во кој може да се пуши, додека помалите објекти каде таквата физичка поделба просторно губи смисла, им се дозволува да може да се пуши во целиот објект. Нормално забраната за пушење во јавните установи, како и во продавниците и дуќаните без разлика на тоа што се продава во дуќанот ги сметам за правилни, но не и проблематични, едносавно може да се излезе пред дуќан за да се испуши цигара. Тоа е практика сега на сите германски дуќанџии, и често можат да се видат вработени пред вратата или поред задната врата за вработени да пушат.
И морам да кажам дека ваквото решение добива пофалби дури и од пушачите тука бидејќи и нив им е многу попријатно да седат и јадат во просторија без дим а кога им се пуши да отидат до делот за пушење и да испишат една цигара.
Исто така бев во едно диско каде во делот каде е главниот шанк и подиумот за играње забрането е пушење, што со оглед на топлата и влажна атмосфера до сите присутни што играат е многу поподнослива поради отсутствотот на димот, АМА во истот диско во сосем друга исто така релативно голема просторија (значително помала од подиумот и каде што се игра) која е физички одделена со врата си имаше така наречен smoking lounge каде идеше друга музика, која не е за играње туку е повеќе за седенка.
Проблемот е што кај нас ова неможе да се спроведе како во гермнија (бидејќи во германија народот е многу послушен, а кај нас сите се “најпаметни„) и тука пошто некој е немоќен нешто да спроведе одма се фаќа за порадикален чекор (слично ко она за алкохлот после 7 што неможе да се купи) и ајде сега од 2010 пушење само надвор под услов тоа да не е во склоп на некој објект и по одма. Нека извинат јас сум непушач ама знам дека со ова нема да се реши проблемот со димењето на пушачите како ризик по здравјето на целото население.
Мене ако ме прашате треба да се спорведе многу поригорозно првиот закон за ограничено дозволено пушење во угостителски објекти и тотална забрана за пушење во јавни државни установи и приватни-јавни објекти (приватни дуќани)
и зошто сме загрижени за здравјето пушачите да плаќаат дополнително специјален пушачки додаток заедно со регуларното здравствено осигурување.
А да и заборавете на муабетот дека нема како некој да дознае дали сте пушач или не, бидејќи нема да ви држи затоа што ко за почеток еден стоматолог уште првиот пат кога ќе ви види забите на еден човек најчесто веднаш ќе може да каже дали е пушач или не, а за други тестови нема потреба ни да коментирам.
 
Се знае дека цигарите и храната не одат заедно,но денес ги гледам газдите на ресторани како први јавно протестираат против ваквиот закон,додека оние кој најмногу ќе бидат засегнати после некое време,газдите на кафетериите ни трага ни глас.Дури имаше и предлози за некакви лиценци окулу ресторанти со дозволено пушење,што е пак будалест предлог,или се пуши секаде каде од општа култура може да се пуши,или не се пуши никаде.Луѓе да се разбереме дека многумина од нас излегуваат од дома само за да се сретнат со пријатели и на кафе муабет,или во интернет клубови споделуваат информации,контактираат со пријатели па сакаат да запалат по некоја цигара.Ние не можеме да им го запреме тоа задоволство.Од лично искуство знам дека тоа не е изводливо кај 90% од консументите на интернет информациите,луѓе кој 10 години единствен краткотраен момент од времето за рекреација им е проверката на е-маил,директните контакти со своите пријатели преку интернет,единствено место каде тоа можат да го направат со цигара во рака се интернет клубовите или кафетериите каде имаат пристап до интернетот од кој веќе имаме исто така зависници како од цигарите и кафето.Болните забегувања на оваа власт веќе станаа очигледни па не ме чуди доколку со сирени наутро во 5 часот не почнат да ве будат за обавезна утринска гимнастика,масовно по улиците каде на видео бимови ќе ги слушаме “успесите“ на оваа власт,ќе се редат секојдневни директни преноси од кревање знаме,а не е ни чудо доколку воведат одреден поздрав со восклик.Се разбира дека присуството ќе биде обавезно без исклучоци и секое неоправдано отсуство на утринското пребројување со камерите кој ги инсталираа за таа намена ќе биде казниво.Дури ни Орвел не можел да предвиди ваков тек на настаните во својата “Фарма“ или “84та“.Им предлагам на оние од владината Фабрика,конечно да ги дочитаат овие дела оти на крајот имаат порака колку е оваа политика на диктатура погубна.:toe:
 
Треба да се воведе стрикна забрана за употреба на никотин и драконски казни за прекршување на истата.

И со континуирана, сеопфатна пропаганда да им се крши желбата и навиката се’ додека не се искорени ова зло.
 
Треба да се воведе стрикна забрана за употреба на никотин и драконски казни за прекршување на истата.
За употреба, или за производство? Пошто ебеш забрани за употреба, кога наплаќаш акцизи од оној кој се занимава со производство. Едно со друго - не оди.
 
ние сите ке умреме од нешто, јас лично решив од никотин:pos2:
 
Треба да се воведе стрикна забрана за употреба на никотин и драконски казни за прекршување на истата.
И со континуирана, сеопфатна пропаганда да им се крши желбата и навиката се’ додека не се искорени ова зло.

Tочно така,истото да важи и за употреба на сите нафтени деривати кој ја загадуваат човечката околина многу повеќе одколку никотинот.Секој што употребува нафтени деривати да биде драконски казнет за да му се скрши желбата и навиката,се додека и ова зло не се искорени.Се разбира после тоа може да се оди понатаму со други забрани и драконски казни.:toe:
 
A posto i covekot e najgolemiot stetnik na ovaa planeta zemja treba i ova so kontunuirana seopfatna propaganda da im se krsi zelbata za zivot i zivotni naviki se dodeka ne se iskoreni ova zlo !!! :pop:
 
Знаев дека пиеш нафта!

Иначе толку бот да си нема шанси, мора да пиеш нафта, мастило за толку да си зауздан.

Јас да бев ко тебе за инает дупло појќе цигари ќе пушев. Тие мене ќе ми кажват шо да прам. Абе ќе земам и филтерите ќе гискинам, ќе фатам ќе сотрујам. Ќе ги ебам овие педерите ќе ги слушам. Гнаси.
 
Треба да се воведе стрикна забрана за употреба на никотин и драконски казни за прекршување на истата.

И со континуирана, сеопфатна пропаганда да им се крши желбата и навиката се’ додека не се искорени ова зло.
Толку зе засекираа за нас а? Па дај ондак нека ги напраат и улиците да не кршиме нозе коа ќе излеземе надвор,нека ги средат фабрикиве да не загадуваат толку,нека ги напраат платите барем100% повисоки,нека го опраат здравството,судството, за да не губат нерви луѓево по неколку години,нека го исцедат алкохолот до капка,нека ги напраат колите на сончева енергија......
Искрено,вака само ја кршат желбата на Македонците да живеат во Македонија и ништо друго.
 
Соу дем рајт. Што би рекол пред некое време јас, Закуцало магарето од цигарите:)
Окта не ебе поштено, автобусите ни се со внатрешни издувни системи, улиците срање. Ама важно се грижат за нашите катраносани дробови. Али ко што иде работата Секоја акција си има своја реакција, при наглото откажување на цигарите ќе бидеме приморани резервите на катран да ги исфрламе преку усна шуплина во облик на шлајм. Оп 50 евриќи, сакал нејќел 50 евра ќе платиш и тука доаѓаме до вториот закон што гласи Секоја акција си има своја реакција, а секоја реакција си има свои жртви:)

Епа владо наша преубава, сакаш да ти пљукаме по улици црни шлајмови или ќе ни даеш да пушиме цигарчиња?:)
 
Не се секирајте, се ќе биде во ред :)
EECB15E8DB869240913B5D52B28371B5.jpg

3429EC75723FF74AAC7AD724BE29BADF.jpg
 
Точка,мора бе од негде да се почне.

Ете,иди со тие аргументи,тоа ќе ти кажат.
 
Tочно така,истото да важи и за употреба на сите нафтени деривати кој ја загадуваат човечката околина многу повеќе одколку никотинот.Секој што употребува нафтени деривати да биде драконски казнет за да му се скрши желбата и навиката,се додека и ова зло не се искорени.Се разбира после тоа може да се оди понатаму со други забрани и драконски казни.:toe:
Понатаму.....
Да се забрани употребата на гравот во исхраната бидејки го нарушува законот за дозволени децибели и присуство на штетни гасови.
Да се забрани ждригањето во јавност..
Да се забрани кашлањето во присуство на други лица..
Да се забрани дркањето..милијарди животи одат во неповрат..
Да се забранат сите временски непогоди (поројни дождови, појаки ветрови, поплави..) бидејки предизвикуваат штети, смрт и болести..
На природата да и се наложи да стално да имаме оптимална температура ...
Да се забрани......итн...
 
Знаев дека пиеш нафта!
Иначе толку бот да си нема шанси, мора да пиеш нафта, мастило за толку да си зауздан.
Јас да бев ко тебе за инает дупло појќе цигари ќе пушев. Тие мене ќе ми кажват шо да прам. Абе ќе земам и филтерите ќе гискинам, ќе фатам ќе сотрујам. Ќе ги ебам овие педерите ќе ги слушам. Гнаси.

Па јас мислам дека кажав оти не сум пушач или консумент на цигари,иако го разбирам “зависникот“ од никотин,кафе,дроги,алкохол и слични други пороци.Исто како што го разбирам зависникот од трки,кладилници,скапи автомобили или менувања на партнер/ки,само што ти не си ја разбрал целата поента во законов кој го засегна повеќе од половина од возрасното население но и помладите.Ако ти смета чадот од цигарата ќе се тргнеш,ќе пролуфтираш,или ќе заминеш од тој објект,барем имаш избор,или никогаш повеќе нема да влезеш во него.Разбирам да има забрана за објекти кој мораме да ги користиме сите подеднакво,без разлика дали сме пушачи или не,некаде каде сме условени да одиме затоа што тоа ни е единствен избор.Но да воведеш забрана во приватни објекти кој можеби и се отворени токму за пушачи тоа е болно бе еј,се коси со здравиот разум.Кој кур влегуваш во кафеана каде се пуши,или тука скарата ти е најубава,па барај место каде ќе јадеш таква скара,каде пушењето е забрането.Што има ти или владава да ми правиш распоред дома?Кој си ти како и владава ебаго,па да ми кажуваш дали цигарите ќе ми помогнат или ќе ми наштетат во бизнисот,ти ми даде пари да ја отворам кафеаната или интернетот,кафичот или кафетеријата?Со сила ли те тера некој да влегуваш во таков објект каде се пуши,па дреми бе надвор,ко те јебе,или те пратиле од владава да спамираш овде пропаганда за тоа колку се глупи пушачите што не ја слушаат сопствената “најпаметна“ влада на светот која единствено знае како тие треба да си го живеат животот,оти другите не знаат?Зошто бе не појдете по возилава,секој што ќе стартува возило треба да го убиете,во еден ден произведува токсини колку еден пушач за цел живот.Или сте мераклии на брзо возење,адреналин,кој ги ебе оние што се движат пеш,што не се добро “моторизирани“ како вас?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom