Достоинство за пушачите! Забраните стануваат дискриминација!

Дали се врши дискриминација кон пушачите?


  • Вкупно гласачи
    288
  • Гласањето е завршено на .
Добро, да речеме го имплементираат законот успешно...Што тогаш?
Само муабети не помагаат. Или нешто сериозно да се издејствува, или ќе си пушиме само домче.
 
Во однос на последици по здравје, да не почнуваме чичковски муабети колку е се индивидуално. Рак на бели дробови закачуваат и непушачи и спортисти, а пушачи и пијандури верглаат до стотка.

Бомбардирањето на НАТО направи долгорочни последици по здравјето во регионов кои не можат да ти ги направат сите штеки цигари во државава. Да не спомнувам индустрија со филтри кои ко деца по отепе да ги правеле.

za zal ovaa apsolutna vistina ne ja znaat pogolemiot broj na gragani :toe:
 
Па како да не се споредуваме ебате беља ебате, кога сообраќајна казна во странство е дваестина од просечна плата таму, а кај нас е колку две плати?

Каква споредба да правиме друга?

Затоа не станува збор за дискриминација, социјална или незнам каква.

Туку проблемот треба точно да се лоцира, во висината на казната.


А законите да се прифатат и спроведат.
 
za zal ovaa apsolutna vistina ne ja znaat pogolemiot broj na gragani :toe:
Не ја знаат али ја живеат и умираат од неа. Имаме страшен пораст на малигни заболувања во земјава, и тоа не е зошто сме пушачи.
Али од пушење ќе не штитат.
Тоа што уште се користат пестициди од пред адам и ева, као ДДТ и што почвата ни е загадена до у пм, тоа што окта и остали не гушат, тоа што не се анализира соодветно ни водата шо ја пиеме него и истураат хлор од тепка и сл...нишо од тоа не е проблем кој го загрозува здравјето.
Али пушењето, особено кај пасивните пушачи..Леле страшно.
 
А законите да се прифатат и спроведат.

А зошто да се прифатат кога огромен дел,поголемиот дел од популацијата е против?
Зошто да биде забрането пушењето? Зошто да нема одреден простор за тоа?
 
А зошто да се прифатат кога огромен дел,поголемиот дел од популацијата е против?
Зошто да биде забрането пушењето? Зошто да нема одреден простор за тоа?

За да не биде нафрлање од ракав, дај го предлог законот на маса да дискутираме.

Башка, огромен дел од популацијата е за. :toe:
 
Интересни се и казните за угостителите или давателите на услуги,одат до 4 000 евра,повеќе одколку животната заштеда на некои од нив.Ќе се дојде до апсурдни состојби кога некој ќе мора 10 години да работи на принудна работа за да го исплати борчот или казната кон државата,додека вистинските криминалци ќе шетаат окулу него и ќе му удираат клоци.Затоа велиме дека законов е дестимулативен кон малиот бизнис и апсолутно ќе ја зголеми и онака големата невработеност,особено ако доследно се спроведува со толку високи казни.Би требало правните и физичките лица да се изедначат барем според законот при одредување на казните.
 
Кога последен пат проверив демократијата беше владеење на мнозинството. А во кафичите мнозинството се пушачи.:wink:
 
За да не биде нафрлање од ракав, дај го предлог законот на маса да дискутираме.

Башка, огромен дел од популацијата е за. :toe:
Како знаеме дека е за?
 
За да не биде нафрлање од ракав, дај го предлог законот на маса да дискутираме.

Башка, огромен дел од популацијата е за. :toe:
Го немам законот јас. Ако го имаш дај го навака да видиме. Гледам баш по кафичиве и низ градов колку се за.Ептен. И коа ќе платат казна со мерак ја плаќаат и го благословуваат тој шо го донел.
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Не е предлог-закон, уште помалку закон, ама е информација која ја прочитав во денешен Вест (или вчерашен веќе).


УГОСТИТЕЛИТЕ НЕ ЗНААТ ДЕКА И ЗА НИВ ИМА ЗАБРАНА ЗА ПУШЕЊЕ
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во кафеаните и рестораните не смее да се пуши[/FONT]

%7BF50C6F13-13F7-4453-8A08-9FB7EBE4CAE8%7D_dudlanje-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Во рестораните, кафеаните, пивниците, бурекџилниците и сендвичарниците не се почитува забраната за пушење цигари во целиот објект, која стапи во сила кон крајот на октомври годинава. Угостителите се уште ги одвојуваат масите во сооднос 40 отсто за пушачи и 60 отсто за непушачи, бидејќи главно не се информирани дека забраната за пушење важи и за нив. Се повикуваат на октомвриските измени на Законот за пушење, каде се вели дека во кафеани и пивници пушењето е дозволено до 1 јануари 2010 година, но според Пазаришната инспекција, Законот за угостителска дејност не препознава вакви угостителски објекти, па во сите објекти каде се подготвува и послужува храна пушењето е забрането во целиот локал.
"Законот за угостителска дејност не препознава објект кафеана или пивница. Нема таква категоризација на угостителските објекти. Под пивница се мисли ако во објектот се служи само пиво, но не и храна. Според тоа, во сите објекти каде се подготвува и служи храна последниов месец се врши контрола дали се почитува забраната согласно Законот за заштита од пушење", објаснуваат во Пазаришната инспекција.
Сепак, сликата на теренот покажува дека Инспекцијата паралелно со контролата ги поучува рестораните, гостилниците и сендвичарниците дека забраната важи и за нив.
Граѓаните пак велат дека не ретко угостителот по нивно барање им носи пепелник и му вели дека пуши на сопствена одговорност. Законски такво префрлање на одговорноста не е предвидено. Во Пазаришната инспекција велат дека ќе бидат казнети сите угостители кои служат храна и не ја спроведуваат забраната.
"Ако станува збор за кафе-бар каде пушењето е дозволено до 1 јануари 2010, а подготвува и служи сендвичи, тогаш правното лице се казнува врз две основи. Прво зашто не се придржува кон дејноста за која е регистриран и врз основа на непочтиување на забраната за пушење во целиот објект", објаснуваат од Инспекцијата.
Од таму велат дека граѓаните треба да се вклучат и да поднесуваат пријави за местата каде што не се почитуваат забраните.
До јануари 2010 година пушењето ќе биде делумно дозволено во кафетерии, ноќни барови, кафе - барови, кабареа, дискоклубови, каде согласно Законот за угостителска дејност треба да се обезбеди посебен простор за пушачи, кој ќе биде и соодветно означен. (Т.Ј.)
[/FONT]
 
Како знаеме дека е за?

Со самиот факт дека останатиот дел се непушачи, немора да одиме прецизно. Се водам од истата логика на Член7.

Целосна забрана за пушење во болниците, училиштата, канцелариите, железничките станици, аеродромите, автобусите, се дел од новите одредби на Законот за заштита од пушењето, кои го добија собранискиот благослов и кои деновиве треба да се имплементираат во практика. Согласно со законските измени, целосна забрана за пушење треба да има во сите ресторани и барови помали од 40 квадратни метри, додека во поголемите ќе се пуши во специјално направени стаклени кабини со стол и пепелник.


Во Македонија пушат околу 40 проценти од вкупното население и, според овој критериум, спаѓа во групата на високоризични земји. Со новиот закон, Македонија ќе им се приклучи на повеќето земји од Европската унија во кои пушењето е дозволено само на отворен простор и во домовите. Во повеќето земји на ЕУ е предвидена целосна забрана за пушење на сите јавни места. Во светот, од продажбата на цигарите годишно се остварува профит поголем од 120 милијарди долари.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1310&ArticleID=84258


Земјава е лидер во регионов во пушење по жител, поради што болестите на дишните патишта и на белите дробови се во подем и тоа претставува сериозен здравствен проблем. Најстрасните пушачи се лица на возраст од 35 до 54 години, а загрижува податокот што 17,7 проценти од вкупниот број пушачи се на возраст од 15 до 24
години.
http://www.tvm.com.mk/vesti/makedonija/393-zakon-za-puzenje-makedonija


А казните се зголемени бидејќи законот донесен во 2006, не се почитуваше во најголем дел.
Соодветно на тоа, казните треба да бидат поголеми, друг начин нема.
 
Јас денес го читав од еден инспектор и се чудев која будала може да состави или препише ваков закон,со цел да го имплементира кај нас.Апсурдни места во кој не е дозволено пушење но и моронски казни кој се 10 пати поголеми одколку во ЕУ,или што во превод би дошло дека владата за некои казни се потрудила да има 10 пати поголеми зафаќања во казни за да го наполни 10 пати поголемиот буџет во споредба со некои Европски.:toe:
 
Го немам законот јас. Ако го имаш дај го навака да видиме. Гледам баш по кафичиве и низ градов колку се за.Ептен. И коа ќе платат казна со мерак ја плаќаат и го благословуваат тој шо го донел.

Епа другар, ако го немаш, за што дискутираш на невидено?

Од медиумите што најдов, пишува дека ќе има посебни простории за пушачи.


Услов е да се поголеми од 40м2. Што е апсолутно фер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom