Достоинство за пушачите! Забраните стануваат дискриминација!

Дали се врши дискриминација кон пушачите?

  • Вкупно гласачи
    288
  • Гласањето е завршено на .
Се согласувам, но со цигарите имаш дополнителен проблем - здравјето.
Ако го зезнеш организмот, дополнителен проблем, дополнителни грижи.
А верувам ќе се согласиш со тоа.
Да не ме сватиш погрешно. Немам ништо против пушачите, тоа е личен избор, а верувам и лично задоволство, посебно со кафенце и сл.
Ама долгорочно гледано, претставува личен здравствен проблем, имам многу примери...
А што со непушачите...Тие овде немаат избор, или ќе голтаат дим, или ќе бегаат од јавни места....
Затоа е добар законот. Не да се укине пушењето, туку да се регулира каде на јавни места ќе може да се практикува, без на пушачите да им се ускрати задоволството, а и другите да бидат задоволни...
А пушењето и последиците од тоа...тоа им го оставам на пушачите...
Секој има право на избор...
Долгорочно гледано, уште од раѓање сме изложени на здраствени проблеми..
Затоа не е добар законот, прикриена цел, ако воопшто му е прикриена, му е укинувањето на пушењето и тоа преку начини кој ќе ги дискредитира и омаловажува пушачите...друго објаснување и нема за стаклените кавези (кабинички) во центарот на локалите, пораката на тие стакленки е јасна....да бидеш изложен, да се покажува со прст кон тебе и да ти се наметне чувство на вина и срам за тоа што го правиш....
...е не иде тоа така....
 
Во ред, тутун се сади во Македонија и многу фамилии живеат од тоа, се согласувам. Ама , затоа што секаде веќе се забранува пушењето, цигарите се многу скапи во странство, ние треба да им помогнеме така што ќе се отруеме од цигари, дека тука се поевтини...
И за споредба, да на запад добиваат дебела помош неработниците и немаат грижи...?????
Кај нас добиваш симболична помош- 2000 - 3000 денари. Колку од таа помош ќе ја изгориш како цигари, за да си ги решиш нервозите?
Удри математика...Дали ќе купиш леб или кутија цигари...
И ако цигарата е лек за нервози, не ме чуди воопшто што има се повеќе нарко зависници... го нашле лекот за секојдневните грижи...
П.С. : Извини за грубата споредба на пушачи и наркомани, ама дали цигарата е начин да се избега од грижите? Мора да постои друг начин...Постои...Сигурно...

Па тутунот е традиција бе,во Турско време обичните смртници “каурите“ или “ѓаурите“ како што ги нарекувале нашите предци им било строго забрането вака јавно да пушат тутун,по ослободувањето од Турскиот режим како симбол на слободата пушењето било дозволено и за обичнита “раја“,статусот почнале да го користат многумина чувствуваќи барем малку еднаквост и рамноправност со сите граѓани,токму затоа пушењето треба да си остане како и досега без да се чепка во него како атак врз слободата на Македонските граѓани,без разлика на вера,статус и религија,тоа не може да биде сузбијано или прекинато со строги законски мерки како во Турската империја,барем не овде во Македонија,каде покрај погоре напоменатите факти,тутунот е многу битна гранка во земјоделието при што еден огромен дел на граѓани егзистираат од него,за што и државата дава субвенции,па апсурдно би било нешто да се поттикнува да се произведува и да се субвенционира а од друга страна да се забранува да се користи.Човек треба да биде будала и да измисли таков закон.За пушачите е исто како да ги поттикнуваш да сејат жито ама да им забраниш да јадат леб,впрочем тоа го знам од свое лично искуство пред 7-8 години кога ги оставив цигарите како мерка на претпазливост за малите деца кој пристигнаа едноподруго во мојот дом,каде до денес е забрането пушењето што сега владава го стимулира со своите апсурдни мерки.Па повеќе од 50% пушачи затоа излегуваат во кафеани,интернет кафулиња и слични објекти,мислиш ли дека дома не можат да пијат пиво или кафе,дека немаат интернет па да сурфаат во интернет кафулиња,имаат бе брат,само имаат и мали деца за кој се свесни дека им наштетуваат,затоа бараат излез од “безизлезот“.Цигарата не е единствениот начин да се избега од проблемите,ама верувај дека моментално е најефтин.Сигурно нема да има толку пушачи доколку се вработат армијата невработени,па по 8 часа седат на некоја машина и си доаѓаат дома уморни да поспијат малку зошто ги чека напорен ден.Симболичната помош за поединци е 1000-1500 денари,и не ја добиваат сите невработени како насекаде во светот,овде и за тоа владејат посебни партијски услови.Плус кому државата обезбедила бесплатен стан со платени давачки за струја,вода,парно и слични комунално енергетски потреби?Па овде бе ако не си на работа ќе цркнеш како скот на улица,иако и тоа е забрането со новите закони за фрлање ѓубре на јавни површини.Каде да пуши социјалниот случај,кај тетка му дома?Кога државата не му обезбедила барем 10 квадрати затоплена просторија и три оброци на ден,со санитарен чвор за обавување на основните хигиенски потреби?

Се согласувам, но со цигарите имаш дополнителен проблем - здравјето.
Ако го зезнеш организмот, дополнителен проблем, дополнителни грижи.
А верувам ќе се согласиш со тоа.
Да не ме сватиш погрешно. Немам ништо против пушачите, тоа е личен избор, а верувам и лично задоволство, посебно со кафенце и сл.
Ама долгорочно гледано, претставува личен здравствен проблем, имам многу примери...
А што со непушачите...Тие овде немаат избор, или ќе голтаат дим, или ќе бегаат од јавни места....
Затоа е добар законот. Не да се укине пушењето, туку да се регулира каде на јавни места ќе може да се практикува, без на пушачите да им се ускрати задоволството, а и другите да бидат задоволни...
А пушењето и последиците од тоа...тоа им го оставам на пушачите...
Секој има право на избор...

Треба да се направи динстинкција помеѓу јавни места,јавни институции и приватни угостителско-услужни објекти,токму во тоа е проблемот.Значи непушачите ќе трчаат во објекти каде јасно ќе стои натпис ОВДЕ НЕ СЕ ПУШИ доколку инвеститорот или газдата го отворил со таква намера,и нема ни да влегуваат во објект кој газдата го отворил со таква намера,и на оној кому му се пуши да си чади по некоја цигара,со кафе,интернет муабет,или по добра скара,на пример.Последиците од пушењето се релевантно не докажана работа затоа што јас познавам пак примери токму од другата страна,еве еден од нив:

- Не можам без цигари, мачно ми е ако не запалам, па си потерувам и по една кутија цигари дневно, вели најстариот прилепчанец. Иако се гледа дека годините навистина му натежнале, овој старец и натаму без проблеми се сеќава на многу настани од својот долг живот.
http://217.16.70.245/?pBroj=1539&stID=19966&pR=3
 
Те разбрав ABC што ти е поентата. За стариов, секоја чест, дај боже да дотуркаме до неговата старост...
Ама медалот има и друга страна, да не “тупам“ многу, еве линк:

http://rak.mk/index.php?option=com_...id=673-pusenje&catid=384-preporaki&Itemid=219

Дај боже да ова нема врска, ама...
Основата на проблемот со пушењето го гледам од аспект на последиците по сопственото здравје, но и на последиците по пасивните пушачи,пред се децата и младите...
Туку, како што реков, секој има избор, нека се определат места за пушачи и непушачи, па кој каде ќе оди....
 
Не верувам дека така лесно ќе помине забраната за пушење која треба да се воведи од 2010...изгледа ќе се крени "револуција" од страна на пушачите ( во кои шо спаѓам и јас )...овај закон не само шо скроз не дискриминира нас пушачите туку ќе има и штетни последици од поголеми размери...на сопствениците на угостителски објекти за МНОГУ ќе им се намали прометот...тоа ќе значи дека ќе треба да отпуштаат вработени ( келнери ) бидејќи не само шо нема да можат да ги плаќаат туку и ќе нема да има потреба на пример тројца келнери да работат во објектот кога таа работа ќе може да ја извршува само еден бидејќи ќе има многу помалку муштерии кои ќе треба да ги услужи...а да не прам муабет дека со овој закон ни се крши основното право слободно живеење и делување и дека ќе станеме граѓани од втор ред ( за пушачите зборувам )...ако веќе мислат да го спроведат законов тогаш мора да има некои измени...треба да се дозволи да се отвораат угостителски објекти кои ќе бидат строго за пушачи па кој сака нека оди во нив а кој не сака може да оди во објект каде е забрането пушењето...иако се си мислам дека тие објекти кај шо ќе е дозволено пушењето ќе бидат поисполнети со муштерии...хе хе хе...одсекогаш ми биле многу дволични овие закони против пушење , не само овде кај нас туку општо во светот...ако веќе е тргнато да се забрани пушење тоа не се прави вака...треба прво да се забрани одгледување на тутун секаде низ светот а со тоа да се забрани и производство и продажба на цигари...а факт е дека тоа нема да се случи барем во наредниве 50 години бидејќи во светски рамки тутунската индустрија е трета по обрт на пари ( после нафтата и оружјето )...исто така во таа тутунска индустрија работат милиони луѓе низ светов...затоа е многу дволично забранувањето на пушење секаде освен дома
 
Те разбрав ABC што ти е поентата. За стариов, секоја чест, дај боже да дотуркаме до неговата старост...
Ама медалот има и друга страна, да не “тупам“ многу, еве линк:

http://rak.mk/index.php?option=com_...id=673-pusenje&catid=384-preporaki&Itemid=219

Дај боже да ова нема врска, ама...
Основата на проблемот со пушењето го гледам од аспект на последиците по сопственото здравје, но и на последиците по пасивните пушачи,пред се децата и младите...
Туку, како што реков, секој има избор, нека се определат места за пушачи и непушачи, па кој каде ќе оди....

Знаеш,скоро секој пушач е свесен за штетноста од таканареченото пасивно пушење,додека активното е многу тешко да се спречи како што и самиот гледаш од линкот што си го постирал.Тоа нема да се намали доколку власта го стимулира со еден ваков дискриминирачки закон.Тука нема да помогнат ни моронските лиценци со кој си направија филм некои “нафатирани“ газди на кафеани,чунки тие се дипломирани пушачи па знаат како да им овозможат на другите да пушат и затоа ќе добијат лиценци.Проблемот би можел да се реши со масовна “содомизација“ на пушењето како еден вид модерен “ерес“,велиме модерен затоа што во време на втемелување на христијанската религија цигарите не биле донесени од Америка и луѓето не знаеле за таквиот “ерес“.Но доколку државата се инволвира во правото на сите луѓе подеднакво да одлучуваат за своето здравје и живот тогаш веќе се јавува проблемот на диктатура од одредена структура врз друга структура и настанува навистина проблем.Затоа велам дека во сите јавни институции каде граѓанинот мора да појде и да изврши одредени обврски па и да си ги реши своите права и проблеми,пушењето мора и може да биде забрането,затоа што и непушачите немаат друг избор.Ама доколку се засега во приватниот сектор каде некој токму од фактот што само пушачи би му носеле средства и приходи,отворил некаков приватен бизнис,државата не може а и не смее да му става забрани одкако тој се определил да биде кафеанџија,скараџија или слаткар кога пред да инвестира рачунал дека ќе профитира токму и од таква категорија на луѓе кој слободно можат да консумираат цигари во неговиот објект.Во спротивно тој не би ни отворал било што кое е нераскинливо поврзано со пушењето и консумацијата на кафе на пример.:toe:
 
да бе МЕТАДОН( и тоа без пари-на рецепт)МОЖЕ АМА ЦИГАРИИИ НЕЕЕЕЕ глупости
 
- Не можам без цигари, мачно ми е ако не запалам, па си потерувам и по една кутија цигари дневно, вели најстариот прилепчанец. Иако се гледа дека годините навистина му натежнале, овој старец и натаму без проблеми се сеќава на многу настани од својот долг живот.
 
- Не можам без цигари, мачно ми е ако не запалам, па си потерувам и по една кутија цигари дневно, вели најстариот прилепчанец. Иако се гледа дека годините навистина му натежнале, овој старец и натаму без проблеми се сеќава на многу настани од својот долг живот.

Eве малку подетално:

Тој е роден на 13 март 1893 година во селото Вир кај Македонски Брод, а живее во Прилеп, со семејството на својот син. Има уште две ќерки, девет внуци, осум правнуци и еден праправнук. Од 1941 година, кога умрела неговата жена, не се преженил, а секојдневно за него се грижат неговите внуци, кои многу го сакаат:
- Тешко ги поминувам последниве години од животот, вели дедо Данил Маркоски. Не можам да се исправам, слабо слушам, од пред една година и видот ми се замати, ушите ми бучат, не спијам. Доста ми се годините, ако се за фајде, не можам да ги носам повеќе. Сепак, и покрај нарушеното здравје, дедо Данил не се откажува од некои задоволства. Наутро не станува без кафе, сака да се напие и чашка ракија, а цигарите му се и натаму верен придружник. Секоја вечер си легнува во 22 часот, но, како што вели, заспива дури по полноќ, а станува наутро во пет.
 
Така убаво... Никој не ве тера да пушите. Што да речеме ние непушачите што сме приморани да седиме во зачадени простории?

А ако не знаеше, во сите западно Европски држави, пушачите се едноставно население од втора категорија.

Запад, запад, запад....звучиш ко Бучковски.

Инаку јас сум непушач, ама ова не е претеризам, ова е срамота.:tapp:
 
Cigarite se otrov.Sepak ako sakam da se otrujam ostaj me.Toj do mene e pasiven pusac!Ako ziveeme vo isto mesto!ako ne zdravstveno nema nisto da mu se sluci.Gluposti aj sto gi podelija prostoriite pa sega i ke zabranat segde da se pusi.
Epa togas neka gi zabranat cigarite a ne da zemaat akciza od niv.Barem ke bide nelegalno prodozbata n cigari!Prodazbata legalna i so site davacki a pusenjeto epa sega nemoze:)
 
Поделбата на просториите е сосема во ред, затоа што и непушачите имаат право да дишат чист воздух. Но, целосната забрана не е во ред, пушачите треба да имаат место за цигарче, каде нема да им сметаат на непушачите.
 
Abe kakvi zabrani od utre predlagam strajk so cigari
da im otidime tamu pred vlada i da i ja zacurime toa glavite suplivi pa da vidime ka se za togas da vidime dali ke se otrovat:baeh:
 
Abe kakvi zabrani od utre predlagam strajk so cigari
da im otidime tamu pred vlada i da i ja zacurime toa glavite suplivi pa da vidime ka se za togas da vidime dali ke se otrovat:baeh:
Глупости.

Ако сакаш нешто да постигнеш, прво треба да знаеш што конкретно бараш. А тоа што го бараш, треба да биде разумно и да не им штети на другите.

Не е работата само "абе какви забрани, ајдее, ќе штрајкуваме со пушење"...тинејџерски муабет е тоа.

Прво, треба да се види што конкретно бараат пушачите кои се директно погодени од забраната, затоа постојат вакви дебати, за потоа да се изгради некој став и да се бара прифатливо решение и за пушачите, и за непушачите.
 
E dobro be brat e ova da ne e prifatlivo resenie za pusacite ili nekoja diskriminacija kako sto jas go rekov toa vo ovaa tema
 
Од извори блиски на маалската трафика се дознава дека во тек е гласање на новиот закон со кој се забранува џвакање на мастики со вкус на ментол пошто од нив многу солзеле очите коа ќе ти хукнат, и плус коа пиеш вода мн ладно идело на грло, што мислам дека не е воопшто хумано и здраво за околината...
А btw кој пуши има право да се љути!!:pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom