Еееејјјј...
а бе што им попуштате бе??? :nerv:
А бе какво попуштање...то непушачите се категорија досадни луѓе со кои што мора оштро да поставиш работа,за да увиди дека не го бива,иначе ќе ти труби до бесвест.
И тачно заради тоа:
Добро... дајте да конкретизираме,нервозата само иницира една ситуација во која што губиш фина енергија и време а не решаваш ништо.
А од таквиот расплет...
никој нормален нема ќар.

Суштинскиот дел на овој закон (кој што ќе треба бај д веј и судски да се провери,пошто мислам дека е
агресивно прекорачување на овластувањата од страна на торковците у централната влада) треба да лежи во желбата да се изолираат пушачи од непушачи.
И у тој дел јас максимално ги подржувам. :wink:
Меѓутоа,
не можеш и според сите норми не смееш да правиш `позитивна дискриминација` и цела,огромна групација на луѓе да ја лишиш од правото да искочи,да си го пие вообичаеното кафенце или штокче у саканиот кафиќ.
Навлегуваш во апсолутно кршење на човечките права на ОГРОМНА популација луѓе.
Каде е решението?
Соодветно на тоа што претходното со маси за пушачи и непушачи беше апсолутно дегенско `решение` ,чајрето мора да се бара во унифицирање на кафичите, т.е поделба на пушачки и непушачки такви.
И сопствениците на локали у најбрзо време би требало да изберат дали у нивниот локал ќе сакаат да имаат пушачка или непушачка клиентела.


Молим лепо.
Соодветно на тоа што знам колку пари јас рецимо (како пушач) (кол`ко BMW-та испихме по тези к`рчми-Upsurt) сум оставил по кафичиве,и правејќи брза споредба со желбата за трошење на непушачите кои што ги познавам,јас верувам и знам која опција ќе ја одберат газдите на поголемите и поубавите локали.
Пошто јеби га,никој од нив не живее од тоа што раствара cedevita и дава пилули од матичен млеч у неговото место.И убеден сум дека им е јасно колку `надежна` кафанска популација се непушачите.
У кој дел имам втор амандман?
Би било апсолутна греота и многу неправедно, после една таква сегрегација непушачите да може да влегуваат по пушачките места, а обратно не.

Соодветно на тоа што секој еден од нас пушачите е јасно видлив и може да се одбележи (според цигарите на маса),во обратните случаи барам непушачите да бидат бркани и да немаат пристап до пушачките клубови (пошто нив им смета димот и им се повраќа,а јас сум многу сочуствителен дечко и многу ми е тешко кога гледам таква ситуација)!!! Исто барам да се организира друштво на пушачи на Р.Македонија кое што ќе издава легитимации и по пушачките места ќе може да одат исклучиво пушачи!!!
Па да видиме чија нана црну вуну преде.
Кај и да е... ќе им останат тениско и уште пар локали на тоа непушачите за да може да се `журкаат на раат`.