Domino's Pizza во Скопје

Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Сум јадел дузина пати во Англија . Сосот што го добиваш со пицата ја прави 10 пати повкусна, омилена ми е MeatFeast , со 4-5 вида на месо. 1-2 Пива и нема да станеш од кревет 2 дена :D
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
ја отворија ли пицеријава или не ?
 
G

gk77

Гостин
leel vie nemate jadeno od krug - veles da vidite kakvi pici pravat ,,sovrsenstvo'' . a imam od site poznati picerii jadeno i ne se nisto posebno samo skapotija i visok marketing a kvalitet slab :/
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.387
leel vie nemate jadeno od krug - veles da vidite kakvi pici pravat ,,sovrsenstvo'' . a imam od site poznati picerii jadeno i ne se nisto posebno samo skapotija i visok marketing a kvalitet slab :/
Што пари е голема капричиоза во круг?
Чисто информативно...
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
Најбоља пица моментално во Скопје има според мене во Енрико, јес да се најскапи, ама затоа ставаат најквалитетни состојки и воопшто не штедат на нив, ако сакаш да се прејадеш само таму :)

Гиго прават исто така солидна пица, имаат некој посебен шмек, сега откако ги поефтинија пак им станав редовен муштерија, пред тоа многу беа блиску до цените на Енрико и затоа не им идев. Единствена замерка кај Гиго ми е недоследноста на состојќите, многу често знаат да сменат вид на кашкавал, па веднаш да се осети дека не е нивниот стандард осоговски што го ставаат.

Во Гино има типична италијанска пица со моцарела, која исто така има специфичен вкус ради кашкавалот, иако сум повеќе љубител на подебели пици.

За Domino's Pizza мислам дека ќе биде срање, колку што имам читано по Амерички сајтови, важат за едни од најлошите пицерии кај нив.

Се знае како и кај нас, така и кај нив помалите пицерии кои што си одгледуваат свои свежи состојки со уникатен специфичен сос во помало ресторанче е каде каде подобро од масовна продукција на генерички пици.
 
Член од
13 март 2012
Мислења
476
Поени од реакции
128
Јас најчесто јадам од ARABESKA нај убави пици прават а и цените се прифатливи.Додека Енрико беа убави пред 4 години сега ги расипаа пиците.
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
Јас најчесто јадам од ARABESKA нај убави пици прават а и цените се прифатливи.Додека Енрико беа убави пред 4 години сега ги расипаа пиците.
Кај се наоѓа пицеријава?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Domino's мора да се проба за да се знае, инаку јас често си јадам во Дел Фуфо ресторанот што е во Маџари во склоп на Макпетрол бензинската карши коце Металец средното школо.
Прават супер пици, богати, со сите зарзавати у нив и тракатанци :) по нормална цена. Имаат убав домашен кечап.
А инаку за Domino's прв пат дознавам сега на форумов.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ако ги печат во фурна на дрва ќе купам инаку на струја или плин се како книга да јадеш.
Пробав од многу пицерии додека да ја најдам онаа вистинската која има ист вкус како оригиналната Италијанска пица. Јадам само во пицерија Рома веќе 15 години ја прави ист мајстор, а штом се смени мајсторот на пицата се менува и вкусот.
Кај нас нема да успеат да ја направат таа пица што Доминос ја прави во другите земји. Секогаш Македонскиот народ скратува од сите состојки и покачува цена. Исто како Мекдоналс што се изопачија, и овие ќе го извалкат името.
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
А за ова http://restorandominos.mk/ сте слушнале ли? :) Кога почнаа да работат, стварно и така се викаа, сега гледам на сајтот туриле демек Доместика дека се викаат...изгледа од коа кажаа овие стварните доминос дека ќе дојдат, па им текна дека не може туку-така да си пишеш ти :)

Иначе, како љубител на пица, во мојот едномесечен престој во САД, пробав и доминос и пица хат...и не се нешто посебно, како што кажа некој погоре, си имаат таму мали локални пицерии кои прават пица за вриштење! и во такви јадев во 2-3, дур не ја најдовме вистинската работа...после не пробав друга пица! Така да, не очекувам многу од ова што ќе се отвори, и без тоа за мене најдобра пица во државава прави девојка ми :)
 
Е штом девојка ти прави најдобра пица, ајде кажи ни кај живее да ни направи и на нас, пошто сите сакаме да го јадеме најдоброто. Ке си платиме, све тоа, без проблем. :)
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Е штом девојка ти прави најдобра пица, ајде кажи ни кај живее да ни направи и на нас, пошто сите сакаме да го јадеме најдоброто. Ке си платиме, све тоа, без проблем. :)
Ништо од таа работа, себичен сум јас :icon_lol:. Шала на страна, сега ми текна, исто добра пица во Скопје е Костарика пицата во Костарика (во Парк) ;)
 
Член од
14 август 2009
Мислења
27
Поени од реакции
13
Нас највеќе ни се допаѓа пицата во Gino, тестото е супер, со пелат, со моцарела, свежи печурки и со вистинска шунка, печена во фурна.... не е пресолена, само што оние што многу јадат, може да им биде мала!

А Domino's ќе пробаме!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom