Доматите - овошје или зеленчук?

  • Креатор на темата Креатор на темата moongoses
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.758
Поени од реакции
2.571
Како е правилно да се класифицираат доматите, како овошје или зеленчук и зошто?
 
http://en.wikipedia.org/wiki/Tomato

edible, typically red, fruit

While it is botanically a fruit, it is considered a vegetable for culinary purposes.

Значи ботанички е овошје, по анатомската градба and shit, но според употребата се смета за зеленчук. И тоа е тоа. Чао.
 
Sheldon од Big Bang Theory вика дека е овошје и ја му верувам :D
 
Овошје е технички, али сите си го рачунаат како зеленчук, пошо никој не ти прај овошна салата со јаболка, киви, праска и домат, туку ти прави шопска или грчка, со краставица, домат и сиренце.
 
Кога одев во градинка научив дека: кромидот, компирот, краставица, патиџанот, пиперката, лубеницата, дињата, тиквата и тн се зеленчуци бидејќи растат во зеленчуковата градина.
А јаболкото, грозјето, праските, крушите сливите, итн се овошја бидејќи растат во овошната градина.
Подоцна разбрав дека едните се едногодишни, а другите повеќегодишни растенија и дека врз тоа е направена поделбата на зеленчук и овошје.
 
Сите ги знаат како зеленчук, а според нутриционистите тие се овошје...
 
Доматите по ботаничка градба и потекло на фамилиите се и спаѓаат во групата на овошје, исто како што и лубеницата спаѓа во групата на зеленчук (потекнува од фамилиите на тиквата)
 
Колку што знам јас, поделбата на зеленчуци и овошја во ботаничка смисла најчесто се прави според тоа од кои органи од растението потекнуваат.

Така на пример, сите намирници кои потекнуваат од вегетативни органи (корен, стебло, листови), се сметаат за зеленчуци (компир, цвекло, пашканат, аспарагус, морков, зелка...), додека сите намирници кои потекнуваат од генеративни органи (цвет, плод, семе) се овошја (домати, пиперки, брокули, јаткасти овошја) итн...

Ботанички гледано, да, сите погоре набројани „овошја“ се плодови (или цветови), но... во кулинарска смисла, разликата е, сепак, во вкусот: слатките „овошја“ се овошја, а другите - зеленчуци...
 
Овошје е зашто припаѓа во истата гранка како јагодите,боровинките,брусници и сл.
 
Во градинка се учи дека доматите се зеленчук.....
Убаво пиша еден член погоре. Не давајте западњаците да ви го пунат испраниот мозок со срања...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom