Дојран

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
2-3 пати сум бил и ни 10 дена немам седено таму...Повеќе е за стари луѓе нема ноќен живот ни каде да излезеш...ко пензионерче треба да шеташ со рацете зад грб и поред улица да шеташ каде што нема ни продавницца ни ништо...
Ај те молам кажи ми кога беше последен пат во Дојран, гарантирам пред повеќе од 3-4 години штом даваш ваков коментар. Јас секоја година сум таму покрај другиве одмори обавезно идам на 7-8 дена во август кога цветаат алгите. Ептен ти е скептична сликата што си ја дал, нема врска дека ќе шеташ како пензионер и дека нема продавници. Од лани полани се отворени многу нови кафичи има и дискотеки, пријатно население, пријатни туристи, исчистени плажи од школки и ѓубре и плус многу поефнина варијанта од Охрид
 
Никогаш не сум била во Дојран.
Можеби затоа што има многу комарци..
 
Охрид и Дојран се две различни приказни и не може никако да се гледа низ призма на цените за сместување.И Охрид и Дојран си имаат своја убавина на свој начин и убаво би било да може да се посетат и двете места.
 
Рекордна посетеност на Дојран

getImageThumbnail.php



30 000 граѓани престојувале во Дојран за време на Илинден,а сместувачките капацитети во хотелите и приватното сместување се однапред закупени за месец август.

Посетеноста за Илинден била најмасовна регистрирана посета во Дојран досега-вели советникот за туризам Бранко Ѓоргиев.

Туристите го одбраа Дојран за место за одмор во жешкиот август веројатно поради пониските цени,топлата вода и лековитата кал,но и поради десетте нови плажи промовирани
годинава,забавниот парк за децата и забавата на плажа.


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=63481

Sekoja cest za toa sto se slucuva vo Dojran, konecno se vraka stariot sjaj.
 
Сите вие кои оставате негативни мислења на форумов за Дојран ве разбирам. Ама штом имате вакво мислење тоа значи дека со сигурност не сте биле во Дојран во последните неколку години.

Последниве 2-3 години се враќа сјајот и сигурен сум дека до почетокот на наредната сезона Дојран ќе си го достигне својот комплетен сјај. Водата е речиси како пред катастрофата, до наредната сезона ќе биде комплетно наполнето езерото. Плажите се сите дадени на концесионери, секој си средува колку што може повеќе. Веќе има неколку прекрасни плажи, се работи напорно и понатаму.
 
Само забелешка, езерото е сосема полно оваа година, дури кога имаше бааги врнежи испуштија малку вода да не се преполни. :) Оваа година немав прилика да го посетам, се надевам догодина ќе можам да уживам во некој викенд.
 
Kakvi se cenite vo Dojran momentalno ocekuvam so zgolemuvanje na brojot na turistite da se pokacat i cenite na uslugite a poznavajki gi nasite ugostiteli nisto cudno da se nema "usul" i za kratko vreme da ja dostignat prepotentnosta na Ohridskite ugostiteli iako se nadevam deka toa nema da se sluci i deka ke izvlecat pouka od toa sto mu se slucuva na Ohrid.
 
Само забелешка, езерото е сосема полно оваа година, дури кога имаше бааги врнежи испуштија малку вода да не се преполни. :) Оваа година немав прилика да го посетам, се надевам догодина ќе можам да уживам во некој викенд.

Си се збунил со Охридското езеро пријателе :). Дојранското не е сосем полно, уште малку и ќе биде. А и нема каде да се испушта вода од него.
 
Super si pominav vo Dojran...minatiot vikend prepoln bese gradot...nema kapaciteti za tolku narod...
 
Утврдена лековитата моќ на езерската кал во Дојран

Езерската кал во Дојран е лековита. Ова го покажаа четиримесечните испитувања на националната болница за физикална терапија и рехабилитација од Бугарија. Во образложението што го доставија до општината пишуваат дека калта има неверојатни својства. Особено е корисна за лекување на болести на мускулите и коските.
Туристите се мачкаат до уши и се печат на сонце. Веруваат во чудотворните својства на калта.
Калта и водата ќе бидат адут плус со кој Дојран ќе мами гости. Лековитите својства на езерото создаваат услови за туризам во текот на целата година.
Извор
37.jpg

 
би сакал да престојувам во Дојрано,но---мразам комарци !!!
 
би сакал да престојувам во Дојрано,но---мразам комарци !!!
Ха, ист проблем душо.
Одвратни ми се.
Една од причините зошто никогаш не сум била ниту сакала да престојувам во Дорјан.
Второ, алги, и слични лигави ствари, no thanks.
Трето, нема некој посебен ноќен живот.
Тоа би било тоа. :toe:
 
Епа види сеа ....кога си била ти нз .....ама јас сум тамо цело лето и за разлика од лани полани и предтоа оваа лето дојран беше топ ...е сега не мошеш да го споредуваш со охрид за нокен живот ама оваа лето се отворија 5-6 нови кафичи/дискотеки и нови плажи а и бројот на млади се зголеми за најмалце 10 пати ....епа сеа ако не веруваш изволте следното лето ке видиш што ке биде ....а ке има и плус нови објекти ...поззз
 
Епа види сеа ....кога си била ти нз .....ама јас сум тамо цело лето и за разлика од лани полани и предтоа оваа лето дојран беше топ ...е сега не мошеш да го споредуваш со охрид за нокен живот ама оваа лето се отворија 5-6 нови кафичи/дискотеки и нови плажи а и бројот на млади се зголеми за најмалце 10 пати ....епа сеа ако не веруваш изволте следното лето ке видиш што ке биде ....а ке има и плус нови објекти ...поззз

Ај ако сакаш прати некоја слика од Дојран, ако имаш од плажите од новите места, Не сум бил одамна. А баш би сакал да појдам. Ова лето не можев ми се роди ќеркичката, па затоа не отидовме.
ПОЗДРАВ.:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom