Шо забегавте со лапачки муабети море хеј.
За лапање, за мазење, за со дечко/девојка, за со друштво, чак и за сам, еве ги најдобрите местенца у градот...
ДИСКЛЕЈМЕР: Ако сте љубители на фенсерајата, скупите пијачки, строгоцентарски кафичи шо ги држат „јаките“ скопски фаци, места кај што се оди за да бидеш виден и кај што не те примаат у патика... Ондак не читајте понатаму
Конак (позади Универзална) - моето ол тајм фејврит, мало местенце вечно полно за жал, пријатна атмосфера, убава музика, фини луѓе и ефтини пијачки.
Лезет - створено за романтики, ориентален стил, миризливи стапичи, музика од Истокот... преубаво.
Мала Станица - фино, културно место кај што повремено даваат филмски проекции, као кино, only better пошто можеш да пиеш кафе и да пушиш цигара дур уживаш у филмот

Салун - ова ретко е мирно место, ама за пијачка-две во работен ден е совршено. Стил на Дивиот Запад, пријатна музика, арно место...
Магор - мала и пријатна кафе-книжарница, барем за во деновите кога не се одржуваат промоции и слични дешавки (понеделник и вторник се такви денови).
Чакра - фино за дневна шема.
Њу ејџ - малце го изгнасија во последно време со шатките и со глувците, ама сеуште го прават најдобриот салеп и имаат најопуштена атмосфера во градов. Е таму, испоседнат на перници на земја, си баш као дома

Браво - ако сакаш цел ден да го утепаш негде со едно турско

Бонус препорака:
Винотека „Темов“, Стара Чаршија - место со дух, со најдобри вина и убедливо најскапа, ама највкусна ракија наречена „Питка“

Warning: таму се иде еднаш месечно на денот коа ти е најдебел џебот. Не е препорачливо за социјала луѓе (као мене

). Мало мезе со 5 залчиња сирење у него е 400 денари :jaj:
Ова се така некои поалтернативни местенца со посебна атмосфера, зошто лично сум голем антипатер на Кејската фенсераја и надуеност, како и на народот што кисне на таквите места... Да речеме дека не сум од тие кругови

За прав провод и фино уживање ѕирнете некое од местава што ги набројав, наместо да мрзнете у ќесите на Кеј...
А, и некој го спомна Ориент подоле, своевремено тоа беше многу популарно ориентално место со специфичен дух, ама последниот пат кога случајно се најдов таму, увидов дека прераснало у дувло за тајни геј средби

Еееее, уште пред 5-6 години кога висевме таму ко деца газдата ги плескаше моите другари по газе на влез и на излез...
