Добар кафич за излегување со дечкото/девојката?

  • Креатор на темата Креатор на темата Unknown!
  • Време на започнување Време на започнување
Њу ејџ - малце го изгнасија во последно време со шатките и со глувците, ама сеуште го прават најдобриот салеп и имаат најопуштена атмосфера во градов. Е таму, испоседнат на перници на земја, си баш као дома

Едната гуска умре.
Сега имаат персиска мачка :)
Инаку, Њу Ејџ е место кај што одам скоро секој ден, погодно за она кон кое цели темава. Особено таа собата на крај...
Само што летно време е поубаво. Барем мене ми е, на сепарињата надвор. Седиш врз езерото на перници, музиката одговара на амбиентот... Прекрасно. Зимно време, имајќи во предвид што се се чади внатре е загушливо, губи од убавината на местото која ја има летно време.

Браво - ако сакаш цел ден да го утепаш негде со едно турско

Многу хаце место, но не и интимно.

Аја е најпогодно.
 
Не идете во Аја, еднаш бев со дечко ми таму, и буквално само се бацивме, ништо повеќе и ни дојде келнерот и ни рече дека тоа било забрането со закон:icon_eek: и на секои 5-10 минути доаѓаше да не провери што правиме...:vozbud:
 
..2 збора
Вино вранец у ранец со 2 литри кока кола и степ од шумско овошје.
Идеш на кеј седнуваш на клупа си ја донесуваш 'саканата' седнуете и праиш опасен микс вино со кока кола и степ,и нема цел вечер да ја одлепиш од тебе.Проверено:smir:
 
Аја таму позади завесите...ем ќе ја/го лапаш, ем никој нема да те глеа, а у кафич си - кај го има тоа?
 
Конак иако е препуно сепак атмосферата е толку чил преку ден што мислиш само ти и партнерот/партнерката сте таму. (освен ако нема некои што се пијанчат преку ден па прават навивачки кореографии на партија табла)

New Age само нека затопли па надвор да се исполегне. Само од патката треба да се пази. Агресивна е у последно време. И не идете коа врне во моментот/пред тоа. Прокиснува на неколку места.


Како и да е, ова се места со посмирена атмосфера кои мене ми се допаѓаат и не мора да се само за излез со дечкото/девојката.
 
Не идете во Аја, еднаш бев со дечко ми таму, и буквално само се бацивме, ништо повеќе и ни дојде келнерот и ни рече дека тоа било забрането со закон:icon_eek: и на секои 5-10 минути доаѓаше да не провери што правиме...:vozbud:

аха да сигурно тоа ви го има речено и уште сигурно ви рекол дека полиција ќе ви викне :pos: па шо машки полов орган барате во кафиќ ако сакате да се лапате да се драпате и ред други работи... не се другите луѓе должни да го гледаат вашето лигавење... нормално дека тоа ќе ви го рече келнерот... да не сакате да ви изнајми соба??? божеее...
 
Ли, Љубов, Алка (ама не секогаш), Ла Кафе, дебармаалскиот Круг и во Броз кафе ама ако го фатиш тоа сепаренцето на први што гледа на Партизанска.
 
аха да сигурно тоа ви го има речено и уште сигурно ви рекол дека полиција ќе ви викне :pos: па шо машки полов орган барате во кафиќ ако сакате да се лапате да се драпате и ред други работи... не се другите луѓе должни да го гледаат вашето лигавење... нормално дека тоа ќе ви го рече келнерот... да не сакате да ви изнајми соба??? божеее...

значи ко шо реков, само се бацивме...нормално дека нема да се лапаме да се драпаме и ред други работи во кафич...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom